Среда, 17 Мај 2017   
Писмо од Методија Шаторов, секретар на ПК на КПЈ за Македонија, до „Стојана“

sharlo

Македонискиот национален деец и комунист Методија Шаторов - Шарло (10 I 1897 – 4 IX 1944) непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија. На 25 март 1941 г. владата на Драгиша Цветковиќ и д-р Владимир Мачек го потпиша протоколот за пристапувањето на Југославија во Тројниот пакт на нацифашистичките сили Германија, Италија и Јапан. На 26/27 март 1941 г. е извршен пуч и соборена владата Цветковиќ-Мачек и формирана нова влада на чело со генерал Душан Симовиќ. На 6 април 1941 г. започна воената агресија врз Југославија и Грција од страна на Германија и Италнја, почната. Југославија беше окупирана за 12 дена, а со германските војски во Македонија влезе и бугарската војска.

Методија Шаторов - Шарло nеполн месец по окупацијата на Македонија го упатува своето „Писмо до Стојана“  во кое го истакнува ставот дека Македонија не е ослободена од страна на бугарските војски, туку дека една туѓа власт е заменета со друга туѓа власт и дека народот всушност не ја добил својата слобода.

Ова писмо од мај 1941 година е прв документ на КПЈ во Македонија по окупацијата. Во него секретарот на Покраинскиот комитет Методија Шаторов ги изнесува своите ставови и погледи за априлската војна и за положбата на Македонија во првите денови по окупацијата. Документов има форма на обично писмо во кое Методија под псевдонимот Митре се обраќа до измислено лице „Стојан". Во него тој пишува:

„Драги Стојане, Оваја пролет на полуострово се развија големи собитија, који од корен променија политичкото и военото положение на балканите, та претставља голем интерес за нас како Македонци, па реков со тебе да разменам мисли.

Првото нешто које треба да се кажи, е да втората империјалистичка војна се раширува и ќе продолжава, како што рече Молотов (Вјачеслав Молотов, министер на надворешни работи во владата на СССР) летоска. Последниве недели, две големи империјалистички држави: Германија и Италија нападнаја две балкански држави (Југославија и Грција) со млненосни удари разбија им армиите и ги окупираја.

Мнозина се прашаат како така една држава како Југославија, која броеше 15 милиона, капитулира за 10-12 дена. На това се дава отговор, оти Немците биле многу спремни, со голема техника и дисциплина. Това е истина, али несет само тија причините. Има многу по главни причини, а тие сет: прво, безразличието на широките народни маси по одношение на југословенската држава и правителства, који 23 години плјачкаја и потискаја народите на Југославија; второ: предателството на петоколонашите и трето полната анархија во организацијата на воениот апарат. Војниците на фронто и во тило по 4-5 дена не добиваја леп, нито пак муниција и то не само на еден сектор, а како правило во цела Југославија макар да имаше брашно и фурните колку да [сакаш]. Недостаточната спрема на Југославјанската армија се објаснува со па[ролата] оти правителството на Цветковиќ-Мачек уште во м. октомври ланската [година]тргна по линијата на капитулација пред оската Берлин-Рим, новото правителство на Симович зеде само политички полумерки који не се осетија од народните маси, а апарато државен не го пречисти од петоколонашите.

Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овај факт нас не интересуе како Македонци, који половина век сме се бореле како Македонци за национално и политичко ослобождение, како последователи на водачите и основателите на македонската натрешна организација на чело до Гоце Делчев, Јане Сандански, Гјорче Петров, Пере Тошев и Димо X. Димов.

Во чл. 1 од Уставо на Натрешната револуционерна организација е речено, оти организацијата се бори за политическа и национална слобода - за автономија на Македонија. Во чл. втори на истио Устав се вели, оти за осушестјаване на таја цел се бори против шовинизма за збиране на сите македонски сили во едно цело. Знае се од македонската историја, оти во натрешната организација влегјале лугје не само македонски Славјани, ами и Цинцари, Турци и др. који се бореле против турското господство и потисничество. На пример, славнио герој и војвода од Крушевското востание беше цинцарино Питу Гулев. Многу бедни Турци биле четници и се бореле против турскио апсолутизам за слобода и равноправие.

Јасно е како бел ден, оти македонците не се борат само за да имат свој попови и даскали и биле тие бугарски, арнаутски или влашки. Македонците се борат за своја национална и политичка слобода. Некој македонци-врховистите сакајат да кажат оти борбата на македонците е свршена со окупацијата на Македонија од страна на германски, италијански и бугарски војски. Дали това е истина. Не е ни не може да биде, зато што Македонија не доби национална и политическа слобода. Денеска не само Македонија, ами целио Балкански Полуостров (без турска Тракија) е окупиран од армиите на две големи империјалистички држави: Германија и Италија, со прилепените бугарски војски. Голем дел од Македонија има веќе бугарска администрација. Полицески чиновници, джандари, кметови, секретар-бирници, писари, даночни чиновици - сет назначени и требе да се кажи, оти сите тија сет од Бугарија. На Македонците не се дава чиновничка служба, дури немат право да бидат селски кметови. Со право се праша секој честен Македонец: „Каква ли е оваја слобода, штом Шумадинците се заместени со Бугарија, а Македонците се држат под карантина". Во најдобрио случај на македонската интелегенција се таксуваат служби по селата на Бугарија, но по никаков начин служба во Македонија. Аргументите за това сет истите, кој употреблјава и србите: „Не знаете официално државен јазик".

Како што до сега врват работите, може да се заклјучи, оти Македонија пак ќе биде разделена, како што беше до сега таква.

Германците истргаја војските од Дебар, Гостивар, Кичево и Тетово и тија четири македонски градови беја окупирани од Италијанците. Бугарски војски таму не сет допуштени како што не сет допуштени и во цела грцка Македонија. Окупацијата од страна на Италијанците на северозападна Македонија со право возбуди во македонските среди големо незадоволство од политиката на Хитлер и Мусолини. За мнозина стана јасно, оти характеро на оваја војна не е ослободителна а е војна завојевателна. Горните четири градове со околиите им сет осудени на сигурна смрт, зато што економически беја тие врзани за Битола и Скопје, без да говориме, оти исторически и географически секогаш биле дел од Македонија.

Едно време беф ти пишал, оти Македонците нема ништо да спечелат од една империјалистичка војна, а ти во тија моји зборови се сомневаше. Ти велеше, оти нека да има војна само и само да им видиме грбовите на Србите, да се ослободиме. Како што слушам не си бил задоволен од „слободата". Ти си во право, зато што во Македонија се променија само управниците, а не и системот. Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, нито пак за македонската култура. Се што е наше ни се представуе како да е било бугарско. Од горе на сето това настана голема скапотија и немаштија. Работа нема, пари малку, а со тија пари ништо не можи да се купи. Шекерот стана 60-70 динара, маст, масло, кафе и др. продукти - исаф - само ако имаш едно кесе пари можиш да купиш. Пред да дојдат Германците и Бугарите се говореше, оти таму тија што праеле спекулација бивале стрелјани, пракјани да кршат камене. Сето това излезе лага со опашка, затоа што гледаме како трговците пладнешки обирајат народо, а власта си гледа сеир. Голема спекулација се врши, а народо умира за леб во пасивните околии, а власта се грижи само за пречекуване на разни големци и владици.

Како во нашио град, така туку речи во сите градови на Македонија се создадоа македонски комитети. Во тија комитети влегоја испечени врховисти, а негде и искрено мислешти и веровашти Македонци. Во некој градови како што е скопскиот, беја од Бугарија испратени претседатели и секретари за да раководеле дејноста им. Со други зборови беја испратени тутори, за да не би Македонците нешто да згрешат. „Много честни членови од комитетите избегаја, зато што видеја, да комитетите се исползуват за спроведување на чисто бугарска политика, а не на македонска за викане само ура и да живее Хитлер, Мусолини и цар Борис; за вршене на нечести дела и грабене на имоти, земане потписи, меници и пр. Некаде влегоја во тија комитети и отворени македонски предатели, који во продолжение на 23 години беја десната рака на великосрпските шовинисти. Тија комитети ногу брзо си изиграја ролјата, зато што не се јавија заштитници на македонските интереси и изгубија секакво доверие во народо. Комитетите беја и сет база на окупаторите.

Од досегашните речи и изјавленија на одговорните министри и лица, ништо не е речено за македонското село. Како мисли правителството да разреши аграрнио вопрос изгледа и на министрите не им е јасно. Тие немат определена аграрна програма. Това се изгледа да положението на македонскио селјак од промената нема да се измени. Извесно е, оти натрешната организација на Гоце Делчев имаше како земледелска програма раздаване земјата од чифлик-сајбите на сиромашните сељаци. Таја програма на натрешната револуцирна организација е длабоко зараснала во сознанието на македонскио селјак. Тој есапи, промена во политическото положение на Македонија и слободата, без друго треба да врви ср промена и во стопанисване на земјата. Ке треба сета земја на чифлик сајбите (Турци и Македонци), на српските великаши и национални герои, како и земјата на^Македонците, вакафите и црквите да се раздај на сиромашните селјаци^Наместо државата и македонските комитети да сторат това - они гледајат зграбената земја на српските великаши да ја дадат на старите некогашни стопани-чифликсајби или на некој бугарофили да станат чифликчии.

Нај-опасното е во овај момент пројавата на оделни шовинистически настроенија во средата на Македонците и Бугарите, који можат да имат многу тежки последици за македонскио народ. Над турци и арнаути се врши насилие. Над нифните религиозни и традиционални предрасуди се посега. Фесовите и фереџината насилно - им се фрлат. Това нешто, од друга страна, особено во средата на Арнаутите, разбужда омраза по отношение на Бугари и Македонци. Во Тетово дошло до бој и има убиени и ранени Македонци, а италијанските војски гледат си сеир и распалват шовинистички бес мегју народите во Македонија, за да можат по лесно да ја владејат, кога не сет зговорни мегу себе народите. Создава се едно положение на нетрпимост. Албанците во Македонија сакајат да влезат во албанска држава тие да станат, со други зборови, робови на италјанскио империјализам. Тоја нифни национализам е поткрепен, сознателно од италијанските власти који сакајат дури гр. Скопје да влези во Албанија т.е. господари да сет Италјанците. Соштествува голема опасност Македонија да биде пак раскината, а незините народи да страдат од искуствената граница, која ќесе создај од империјалистите. То се знае, да италјанската политика е подкрепена од Хитлера.

Праша се што да се чини. Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ. За таја своја слобода и равноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците на балканскио полуостров, затоа што судбината денеска им е еднаква. Целиот Балкански п-в е окупиран од големите империјалистички држави Германија и Италија. Создаване на држава по подобие на Хрватска (Анте Павелич) е една комедија. Анте Павелич еорудие на Немците који одделија од Хрватско и дадоја Далмација на Италија. Тоа не е независимо Хрватско, не е слобода. Балканските народи денеска изгубија своја слобода и независимост и сите сет окупирани од тугји војски, затова и борбата за слободата треба да биде општа.

По горе беф ти пишал оти оваја империјалистическа војна продолжава и крајо не и се знае каков ќе биде. Америка се готви да влези во војна против оската Берлин-Рим-Токио. Ништо не се знае што ќе биде утре. Советскио Сојуз е неутрален и не зема страна во оваја империјалистическа војна, али не еднаж е зајавено от советските државници, оти имајат интереси во Дарданелите и на Бал(канскиот) П(олуостров). Со таја своја мирна политика Сов(етскио) Сојуз ќе остане последователен. Било во процесо на самата војна, било след војната на мирната конференција. Сов(етскио) Сојуз ќе држи на својето и ќе добие што сака. Нема друга држава на свето која да штити слободата и независимоста на малите народи од импер(ијалистите) освен Сов(етскиот) Сојуз. Во самио Сов(етски) Сојуз живејат стотина народности во мир, братско разбирателство и полно равноправие. Со поздрав Митре“

(Извор: „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Скопје, 1981, стр.349-353)

Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Меѓутоа, на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија, Методија Шаторов Шарло ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија. Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство, а тој е исклучен од КПЈ. По ослободувањето македонска историографија долго време ќе го третира Шарло негативно.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.