Среда, 03 Мај 2017   
Ѓорге Иванов идеен творец на макетите МИГ 29

mig29

Во 1999 год. НАТО изврши бомбардирање врз СР Југославија (Операција „Сојузничка сила“) без согласност од ОН и американскиот конгрес. Воената операција на НАТО траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Предводени од САД, чиј претседател Бил Клинтон реагирал неуставно според американските закони, членките на НАТО алијансата извршија напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите кои се одвиваа без прекин 78 дена, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Точниот број на жртвите нијогаш не утврден. Бројот на цивилни жртви се смета на околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

На нападот на надмоќната НАТО алијанаса се спротистави бројно помалата и послабо вооружена армија на СР Југославија, во чии редови сеуште имаше останато Македонци уште од времето на ЈНА. Во неможност соодветно да се спротивстави на технички посупериорната алијанса, припадниците на армијата на СРЈ се служеа со разни итрини. Меѓудругото тие прават и макети на авионите МИГ 29, со што го надмудруваат НАТО.

Идеен творец на макетите на МИГ 29 е пилотот на 204 авијациски полк на армијата на СР Југославија Ѓорге Иванов, роден во Струмица. Неговите макети на МИГ 29 преставуваат цел на нападите на Алијансата, со што се намалуваат загубите на военото воздухопловство на армијата на СР Југославија.

Иванов кој идејата ја добил за време на бомбардирањето додека се наоѓал во засолниште ќе изјави: „Од детонациите практично, бидејќи бевме близу до аеродромот, се поместувавме сите кои бевме во засолниште. Тоа беа поместувања од 15 до 20 сантиметри, како во некој земјотрес. Во тој момент на секој од нас му поминуваше животот како на филмска лента. Пред мене тогаш ми се појави слика кога како дете со некои 9 години колку што имав правев за карневалот во Струмица, макета на тројански коњ. Се сетив на филмот Троја и реков дека тројанскиот коњ би било убаво да го применам и во оваа војна. На сите им беше чудно, а мајорот помисли да не збудалев од детонациите и друго - Какви сега црни макети, кога на големо започна војната, кога треба да се лета, а не сега да правиме македти!?

Старешините биле скептични према идејата. Тие сметале дека во тој момент не е можно со постоечките луѓе од аеродромот да се реализира таа идеја. Сепак дозволиле и набрзо Иванов почнал да работи да ја спроведе замислата во пракса. 

Некаде на почетокот на април макетата на авионот беше готова За првата макета било потребно околу 23 дена. Ова време било потребно да се направи шема, скица, а потоа да се надминат проблемите за свиткување, хептање, заварување на материјалот, мала врата низ кој не можеа да поминат крилата на авионот и т.н.

Сепак по месец дена од на нападот на НАТО, макетата била однесена на просторот на 127 ловачка ескадрила, каде иначе биле стационирани МИГ 29. При посетата на командантот и Иванов на останатите авиони, кога дошол до макетата на 20 метри  застанал и му рекол на Иванов зошто ова 29 – ка не е вооружана. На тоа Иванов му одговорил дека нема потреба, бидејќи тоа е макетата.

Како што бил измамен командантот, така биле измамени и пилотите на НАТО алијансата, кои набрзо со ракета ја погодиле макетата.  Таа прва пилот макета беше уништена брзо, речиси експресно. За следните макети било потребно време од 7 до 3 дена. Со секоја нова макетата рокот за изработка се намалувал  бидејќи ги имале потребните мерки, а екипата стаала ходана. За време на војната биле изградени шест макети, а со усовршувањето можело да се направат 60 или сто.

Заради илустрација колку овие макети значеле за зачувување на преостанатите  МИГ 29, говори фактот дека се сочувани толку авиони колку што биле направени макети, односно колку што беле уништени макети. Сето тоа укажува дека НАТО алијансата точно знаела колку авиони има СР Југославија и дека ги броела сите уништени авиони, без разлика дали се уништени во воздух или на земја. И кога дошле до бројот 16, МИГ 29 повеќе била примарна  цел.

Војната на Косово заврши со Резолуцијата 1244 по која СР Југославија привремено го предала суверенитетот над Косово и Метохија на Мисијата на ОН на Косово. Од тогаш измина многу време и многумина кои учествувале во војната за Косово се повлекле од армијата на СР Југославија. Многумина од нив најдоа ново хоби или занимања, а пилотот Ѓорѓе Иванов се посвети на семејството и сликарството. Реализирал повеќе изложби.

(извор: https://www.youtube.com/watch?v=knyBiaR4zVc)

 

На прво место

News image

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција- СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што...

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.