Иселеници и Регион
Среда, 10 Февруари 2021 02:00   
ЖЕНСКИТЕ СЕКЦИИ – ЗНАЧАЈНИ ПРОДОЛЖУВАЧИ НА МАКЕДОНСКОТО ЦРКОВНО И НАЦИОНАЛНО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ I (23)

1bogor131

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на Женската секција.

Повеќе...
 
Среда, 03 Февруари 2021 02:00   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (4)

1sad1

СЕМЕЈНОТО СТЕБЛО НА ФАМИЛИЈАТА СТАМЕВЦИ 

Повеќе...
 
Среда, 03 Февруари 2021 02:00   
СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ – ДЕЛ ОД ЦРКОВНОТО, ДУХОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ II (22)

1crk

Во продолжение ги даваме и другите свештенослужители кои во триесетгодишниот период, од 1962 до 1992 година, нивниот период  беше исполнет со се’ поголеми услеси и постигнувања во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, а тоа беа следните свештеници:

Повеќе...
 
Среда, 27 Јануари 2021 02:00   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (3)

1zubovc

ОДРИ - СЕЛО УБАВО – СЕЛО ГОЛЕМО

Повеќе...
 
Среда, 27 Јануари 2021 02:00   
СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ – ДЕЛ ОД ЦРКОВНОТО, ДУХОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ I (21)

1pravos

 

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на свештенослужителите

Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2021 02:00   
ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

1Vasington 1

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2021 02:00   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (2)

ПОЛОШКА РАЗГЛЕДНИЦА

Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2021 02:00   
ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ III (20)

1vozn

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2021 02:00   
ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ II (19)

1fil1

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на црковните управи.

Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2021 02:00   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (1)

1svet1

МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ


Монографијата за Светозар - Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство чии корени      се во селото Одри, Тетовско, а втората татковина им се Соединетите Американски Државо  во метрополата Детроит, ја подготви за печат  авторот на овие продолженија, Славе  Николовски - Катин, а делото го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик 

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив.

Монографијата за Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство од авторот на овие редови, Славе Катин,го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик. Таа во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Делото е темелено и исцрпно кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина.

Делото е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква "Света Богородица" во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

Со оваа Монографија верувам уште еднаш успеав да оттргнам од заборавот и да овековечам дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле - Стив Стамевски

Во мојата биографија е забележано декa како публицист сум познат само како Славе Катини дека како аналитичар на Македонците во светот сум познат на македонската и на меѓународната јавност по моите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

1svet2

Исто така, моето творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Јас сум aвтор на шеесет публикации, од кои 22 со името Македонија, 19 монографии за познати личноси од дијаспората и Македонија, 7 лексикогравски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број од текстовите и делата можат да се видат и прочитаат на мојата веб страницата:  www.slavekatin.com

Ва оваа пригода сакам да нагласам дека мојот повекегодишен ангажман во проучувањето на македонското иселеништво, доведе до публикување на бројни трудови од оваа област. Последниве години, меѓутоа, моето внимание се повеќе го преокупираат успеш-ните Македонци во дијаспората, чиј број не е мал, а кои му даваат своевиден белег на овој стар иселенички феномен. И не само заради спецификата на миграционите движења во светот, особено во минатиот век, туку поради фактот што Македонците, независно на кои светски меридијани ќе се најдат, посебен белег им даваат на општествата во кои се интегрираат.

Типичен пример  за тоа е почитуваното семејство на Светле (Стив) Стамевски од село Одри, од Полог. Тој е македонски иселеник во САД, во државата Мичиген, истакнат бизнисмен, познат и признат донатор, хуманист и верен патриот на Македонија и Соединетите Американски Држави (САД). Неговото семејство минало низ сите фази на македонското распетие, исполнувајќи го целиот дваесетти и овој век со настани типични за вековната борба на македонскиот опстанок, не само во старата татковина, Македонија, туку и на сите светски иселенички простори.

Toa e семејство за почит и пример од кое можат и треба да се огледаат и другите македонски семејства во двете татковини, САД и Македонија. Затоа што делото што го направиле Стамевски претставува убав пример и патоказ на едно честито и благородно македонско-американско семејство.

190123

Анализата на нивниот бурен иселенички пат, токму од изнесените причини, ни го открива светот на Македонецот во планетарни размери, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните роднокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги разнесуваат на сите делови на нашата галаксија, no кои светот и не’ препознава. Поради тоа историјата на кое било македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на македонското вековно битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти.

Затоа, обидот да напишам монографија за семејството Стамевски, во мојата истражувачка работа за македонското исе-леништво, претставува круна на тој слободен проект. Монографијава се потпира на фактографија која извира од животниот опус на тие наши луѓе, со кои се гордее нивната стара татковина, Република Македонија, која, и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно зачекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциони процеси.

Една од значајните личности која дала голем придонес во афирмирањето на самостојноста на Република Македонија и нејзино признавање од страна на САД, секако е Светле (Стив) Стамевски, политичар, сопартиец и пријател на американскиот претседател Џорџ Буш – Јуниор.

Книгава е монографија за семејството Стамевски, од село Одри, Полог, Македонија, кое од втората деценија на минатиот век живее и работи во Соединетите Американски Држави, во Детроит, во државата Мичи-ген. Целосна претстава за нив може да се добие само под еден услов: ако за проекцијата на Стамевци се прекрши родното огниште Одри, Тетовско како негов атар и Македонија како Татковина.

Така историјата за нив ќе биде комплетна, особено за оние во чии раце ќе се најде ова книга, за американските пријатели на Светле (Стив) и неговите нови генерации, но и на оние во татковината кои се’ уште немаат  целосна  претстава за неа. А не знаат како да и’ помогнат. Таа лекција ќе ја научат од Светле (Стив) Стамевски, кој не кренал раце од неговото родно место Одри во Полог и Македонија.

Продолжува 

 6slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Сандански во Скопје

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Санданс...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА Георги (ЏОРЏ) Томов - ДЕЛ (8)

Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, тргов...

Фељтон

News image

ОПИС НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМАТА БИТКА КАЈ ГАВГАМЕЛА (11)

  Во ова продолжение за читателите ќе  претставиме дел од седмата глава &...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.