Среда, 27 Февруари 2013   
МАКЕДОНСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ НИЗ КАНАДСКИ ФОКУС

Econ_Forum1-001Канадската влада се вклучи во презентирањето на Македонија

 

Македонските економски и бизнис потенцијали влегуваат во фокусот на канадските инвеститори. Канадската влада, како одговор на засилената активност на Македонија и партнерите од регионот, се реши финансиски да го помогне економскиот форум на кој ќе се презентираат потенцијалите за инвестирање и водење бизнис во Македонија. Во рамките на новиот циклус активности за информирање и привлекување на канадските инвеститори Македонија ќе организира повеќе презентации и тркалезни маси во Отава, Монтреал, Торонто и Виндзор.

Econ_Forum2

На првата презентација на македонските бизнис и инвестициски потенцијали на 26ти февруари во Отава, македонскиот Амбасадорот Тевдовски пред заинтересираните бизнисмени и Македонски иселеници во Канада потсети дека инвестирањето во Македонија значи директен пристап кон слободен пазар од 660 милиони жители.

„Македонската амбасада е посебно задоволна што и канадската влада го дели ставот дека нашиот регион е од значаен интерес за канадските бизнисмени и инвеститори. Подолг период, заедно со турските пријатели и други партнери од регионот, ја нагласуваме оваа реалност, но по успешното Роуд шоу на македонскиот владин тим, одлуката на канадската влада да инвестира внимание и ресурси во нашите инвестициски потенцијали представува нов квалитет во економските релации.“- нагласи Амбасадорот.

Значајниот интерес на повеќе канадски компании од областа на рударството, инфраструктурата и градежништвото за потенцијалите на Република Македонија беше и главна тема на средбата на македонскиот тим со Питер Хејл, главниот економски аналитичар и заменик директор на престижната Агенција за Промоција на Извозот на Канада (ЕДЦ). Од 3ти до 6ти април, потенцијалите на македонското рударство ќе бидат презентирани од страна на амбасадорот Тевдовски и економскиот промотор Георгиевска на една од најголемите светски конференции за инвестиции во индустријата со минерали во Торонто, а презентација на можностите за инвестирање и водење бизнис во Македонија ќе биде организирана и пред Комората на Виндзор, најголемиот центар на автоиндустријата во Канада.

На досега најголемиот економски форум за можностите за инвестирање и развивање бизнис во Југо-источна Европа, финансиски поддржан од Канадското министерство за надворешни работи и меѓународна трговија своја презентација ќе има и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.

Форумот за промоција на инвестициските потенцијали во нашиот регион е во организација на Атлантскиот совет на Канада, во соработка со Македонската амбасада во Отава, а овојпат доби и директна финансиска поддршка од Канадската влада. Во август минатата 2012 година Атлантскиот совет на Канада беше и локален партнер во организацијата на големото економско претставување на Македонија во Канада во Рамките на Економското Роуд Шоу на владиниот тим предводен лично од Премиерот Никола Груевски.

Econ_Forum7

MACEDONIAN UNITED PRESS

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.