Среда, 06 Февруари 2013   
ОМД се прошири со отварањето на органоци во Германија и Холандија

omkВодечката организација на Македонците во светот, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавува проширувањето на своите операции со назначувањето на Филип Алтипармаковски како преставник на ОМД во Холандија, Игор Данајловски како преставник на ОМД во Дизелдорф (Германија), и Гоце Пероски како преставник на ОМД во Штутгарт (Германија). Привремено, Алтипармаковски исто така ќе ја преставува ОМД и во Брисел, се додека ОМД не назначи директен преставник за Брисел.

"Во Германија и Холандија живеат над 130.000 Македонци. Македонските заедници во овие земји одиграа клучна улога во зачувување на македонскиот идентитет и во вековната борба за независност на Македонија", изјави претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов по едногласното одобрување на преставниците од страна на Одборот на директори на ОМД.

"Стратешка цел на Македонија е да влезе во Европската унија (ЕУ) и Македонија го заслужува своето вистинско место во Европа. Секако, цел на ОМД е да и помогне на Македонија на патот кон ЕУ интеграцијата", рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. "Именувањето на овие млади, ентузијастички, и посветени Македонци е првиот чекор кон официјалното отварање на канцеларија на ОМД во Европа. Убеден сум дека Филип, Игор и Гоце ќе бидат одлични претставници на македонската заедница пред јавноста и пред креаторите на политиките во Холандија, Германија и Европската Унија."

Новите преставници на ОМД ќе се приклучат на веќе постоечките европски претставници на ОМД во Австрија, Франција, Грција, Русија и Велика Британија. Од 18-21 февруари, претседателот на ОМД ќе предводи делегација составена од европските преставници на ОМД во Брисел. Планирани се средби со креаторите на политиката на ЕУ, како и властите кои ракуваат со човекови права, правата на малцинствата, како и со прашањата за меѓународните верски слободи.

Филип Алтипармаковски е роден и пораснат во Битола. Си заминал од Македонија на 18 годишна возраст да студира меѓународни односи на Универзитетот Утрехт во Холандија. Своите дипломски студии ги завршил на Правниот факултет на Универзитетот Лајден. Вторите дипломски студии ги има завршено во сферата на конфликт резолуција на Универзитетот во Брадфорд.

Во моментот е со седиште во Амстердам. Филип е млад адвокат со мултидисциплинско искуство и посебен интерес за Македонија и меѓународни работи. Претходно има работено во меѓународниот јавен сектор во Хаг и моментално се фокусира на неколку проекти, вклучувајќи истражување на правните пречки за влезот на Македонија во меѓународни организации како што се ОН и НАТО, валидноста на доделувањето на амнестија за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во конфликтот од 2001 година во Македонија, како и малцинските права на Македонците во Грција пред судот во Стразбург.

Во Холандија Филип основал македонска студентска организација како и информална онлајн заедница за млади професионалци од Македонија кои живеат во Холандија. За време на летниот период Филил ужива да пешачи на Пелистер и да ужива во Охрид и Преспа.

Игор Данајловски е роден во 1987 година во Тетово но е пораснат во Дизелдорф, Германија. По обуката во Ситибанк, тој повеќе од шест години работи во Комерцбанк како банкарски консултант, во одделот за менаџмент и меѓународен бизнис одговорен за големи, мултинационални корпорации.

Данајловски има диплома во меѓународен менаџмент а во моментот ги завршува своите мастер студии во Бизнис администрација и економија. Тој истотака е и професионален музички продуцент и поседува студио за снимање. За првпат им го привлече вниманието на многумина со своите добро познати фотографии на кои се претставени убавините на неговата татковина. Признат како долгодишен поддржувач на македонските интереси, тој со нетрпение ја започнува својата работа како регионален претставник на ОМД во Дизелдорф, каде што ќе лобира Германија да ја признае Македонија под уставно име и поддршка за Македонија во своите Евро-атлантски интегративни процеси.


Гоце Пероски е Германец со македонско потекло, и служи како регионален претставник на ОМД за Штутгарт во Сојузна Република Германија. Гоце е дипломиран филолог по англиски и германски јазик на Еберхард Karls универзитетот. Гоце има пишувано на теми поврзани со интеграцијата на Македонија во ЕУ, како и за факторите на влијание врз нивото на успехот на децата со имигрантско потекло. Од јануари 2010 година, Гоце предава во средно училиште во Штутгарт. Во неговото слободни време, Гоце е активен во организирањето на македонската заедница во Германија. Гоце е ко-основач на Германско-македонскиот културен форум "Корзо" во Штутгарт, и служел како претседател на форумот од 2006 до2009 година. Во своето слободно време, Гоце ужива во пливање, играње тенис и читање на литературата и историски книги.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.