Среда, 19 Јануари 2022   
Кога си на туѓо место, ќе слушаш и ќе почитуваш, и немој да заборавиш, да внимаваш да се вклопиш во средината

19033

Не поминува ден а да не се спомне дијаспората во последниве денови во нашиве медиуми и социјални мрежи и тоа ме радува. Но, бидејќи сум директно спомнат во случувањата на одбележувањето на десетгодишнината на македонското здружение „Камен Мост„ од Канели, Италија ( на 4. декември 2021 г.) моја должност е да појаснам неколку работи во интерес на автентично информирање на јавноста и, пред сѐ во интерес на македонската дијаспора.

Како прво, упатувам искрена благодарност до раководството и членовите на здружението „Камен мост„ од Канели, Италија, кои нè поканија, а со тоа и ние, Македонците од Швајцарија и Франција да бидеме дел од програмата.

Ние решивме да одговориме позитивно и и со нашето присуство да ги поддржиме нашите сонародници да продолжат да творат и активно да ја афирмираат Македонија во Република Италија.

Бевме навистина многу срдечно пречекани и почестени како браќа од нашите сонародници во Италија.

Што се однесува на Агенцијата за иселеништво и нашето гостување во Италија, работите со нашата посета се сосема поинакви, односно стојат вака:

кога разбравме за отсуството на претставниците на Агенцијата за иселеништво на настанот, не само што бевме изненадени туку се почуствувавме непријатно и засрамено кон италијанските градски власти на Канели, кои се потрудиле не само да ги пречекаат државните претставници од Македонија туку спремиле и благодарница за директорот на Агенцијата како релевантна државна институција која се грижи за македонските иселеници.Тоа значи дека италијанските институции, иако локални, умееле професионално да си ја одиграат улогата како држава домаќин со цел да го олеснат процесот на интегрирање на македонските државјани во нивната држава. За разлика од нив, “нашиве институции„ очигледно немаат поим како достоинствено да возвратат.

Старите нè учеа вака: „Кога си на туѓо место, ќе слушаш и ќе почитуваш, и немој да заборавиш, да внимаваш да се вклопиш во средината. Очигледно некој не добил ниту домашно воспитување.

Ние, иселениците од Франција и Швајцарија, познавајќи ја г-ѓа Билјана Костова повеќе од две децении во кои години сме имале соработка со Агенцијата, решивме да се сретнеме приватно со неа и да поразговараме за теми кои се важни за иселениците.

Тука морам да појаснам дека нашите македонски здруженија кои ги застапуваме овде ја прекинаа соработката со Агенцијата од самиот ден на промената на името на институцијата во Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија. Исто така никогаш не сме имале директен контакт со новоназначениот директор г. Близнаков(ски) до моментот кога се видовме во присуство на г-ѓа Костова. Со други зборови кажано, средбата имаше неофицијален карактер односно беше приватна, бидејќи ниту содржеше претходно утврден план, ниту дневен ред или протокол, туку истата беше чисто спонтана.

Спонтаноста на оваа средба беше до таа мера што нашето доаѓање во хотелот каде престојуваа службеници од Агенцијата се поклопи со нивниот појадок во хотелскиот ресторан и со наше извинување се понудивме да причекаме додека завршат со појадокот, но тие инсистираа да се придружиме, што го прифативме од куртоазија. Нѝ претставуваше задоволство што се видовме со нашите сонародници од Агенцијата, посебно со г-ѓа Костова, но нашиот мирен разговор беше нарушен со вклучувањето на г. Близнаков(ски) со што беспотребно се заостри тонот, иако внимававме да бидеме крајно коректни спрема него, пак ќе повторам „од куртоазија„. Средбата, ќе повторам, беше спонтана, без никаков записник ниту било каков заклучок.

По нивното враќање во татковината, оваа неофицијална и спонтана средба е поставена на веб-страницата на Агенцијата како официјален настан и како повод за која тричлената делегација дошла во Италија да направи официјален разговор со нас како претставници на иселеничките здруженија. Дополнителен коментар не е потребен.

Со ова известување до средствата за јавно информирање и до самата Агенција  даваме на знаење дека македонската дијаспора не дозволува злоупотреба на единството кое го градиме со децении меѓу македонските иселеници.Не дозволуваме да се спомнува дијаспората во било кој контекст освен во оној за кој сме дале согласност за соработка. Такво нешто нема со оваа институција ниту гледаме некој оптимизам за да имаме.

Анализирајќи го разговорот со директорот на Агенцијата г. Близнаков(ски), се потврди немањето на моќ и капацитет на тој државен орган да одговори на потребите на македонските иселеници. Од сите несогласувања кои ги имавме во тој неформален разговор, утврдивме дека Агенцијата за иселеништво нема кредибилитет и ингеренции да ги застапува правата и потребите на македонските иселеници пред државните институции на Републиката. И со тоа сметаме дека Агенцијата нема потреба да ја продолжи својата работа која воопшто не е од корист за иселениците.

Од друга страна, ова „шетање„ низ Европа на службеници од Агенцијата предводени од г. Близнаков(ски) како директор без да се појави на настан за кој тргнале да бидат присутни не само што е непочитување на иселениците, туку е непочитување и на државните институции на Република Италија.

Благодарницата која локалната градска власт на Канели сакаше да му ја додели на г. Близнаков(ски) е благодарност со која се потврдува значителниот придонес на македонските иселеници во нивниот град. Но дали г. Близнаков(ски) (Агенцијата) е вистинската дестинација за едно вакво признание? Тоа го потврди самиот г. Близнаков(ски) со неговото однесување.

Ако некогаш, вакви и слични сценарија ви „поминуваа„ без македонската јавност да биде во тек, денес е сосема друго. 

Македонската дијаспора има потреби и обврски на кои вие не можете да одговорите и да ги решите нашите проблеми инстуционално. И следствено на тоа, ја информираме јавноста дека соработката е прекината од поодамна и ќентрае до разрешување на сите оние вработени во Агенцијата кои немаат капацитет да одговорат на потребите на нивните функции за кои се платени од граѓаните на Република Македонија и преливот на девизи од иселениците.

Крајно време е да се затвори овој орган создаден од времето на транзицијата и со наша претпоставка за сосема други цели. Крајно време е на местото на Агенцијата за иселеништво да се создаде една модерна институција која ќе биде и ќе може значително да се зголеми преливот на девизи и инвестиции во Републиката. Таа идна институција треба да биде партнер и носител на заеднички проекти со иселеничките асоцијации, да биде „надарена„ со способност и умешност да ги привлече иселениците (па и странците) и едноставно да ги “натера„ доброволно да се преселат и вратат дома во сопствената земја.

Далеку сме од сето она за кое копнее и сонува македонската дијаспора.

Описот на погоре споменатиот скандал ја дава вистинската слика на Агенцијата и нејзините поранешни и актуелни предводници и службеници кои оваа институција наместо во развој ја довеле до уназадување.

И за крај ставаме уште еднаш еден огромен минус за државните институции кои не нудат прогрес на македонската држава и нејзините граѓани. 

Златко Николовски

Македонска Диаспора

Лозана, Швајцарија

14. јануари 2022

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.