Среда, 01 Декември 2021   
ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА Георги (ЏОРЏ) Томов - ДЕЛ (8)

1obn1Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, трговскиот, финансискиот, индустрискиот и други делови на градот, а посебно Менхетен со “Волстрит” и “Харлем”. Така Менхетен е најпознатиот и најстариот дел на Њујорк. Таму заедно се наоѓаат најголемите облакодери на светот - вистински вавилонски кули од времето на Александар Македонски, но денес, кули на современиот свет. Георги (Џорџ) Томов неговото дело преку ансамблите “Томов” и “Гоце Делчев” го збогатиле мозаикот на Њујорк, градот кој  од 5 август 2008 година стана и неговото вечно почивалиште 

Со Георги (Џорџ) Томов направивме неколку шеги во врска со цените на имотите во времето на Индијанците кога Европејците го освојуваа новиот континент и со денешните, кои се дури несфатливи во новите услови. Приказната за Њујорк ја продолжи и тој ме информира дека новиот град почнал да се развива на најдобриот дел на американскиот брег.

Имено, од градот, преку реката Хадсон и нејзините притоки се отвора природен пат кон големите езера и внатрешноста. Така, во текот на времето, новодојденците го продлабочиле коритото на реката и прокопале канал до езерото Ири, па така патот до езерото бил отворен. Оттогаш Њујорк е претворен во “врата на ветената земја”. Во пристаниште преку кое, особено преку Елис Исланд, влегле околу 75% од американските доселеници, меѓу кои и од Македонија.

Со тек на времето Њујорк се разви во еден од најголемите градови во светот, со најдолгиот ѕиден брег и со 1630 кејови, во чие пристаниште истовремено можат да се закотват околу 400 бродови. На одредено место се закотвуваат патнички, а на друго, одделно место се закотвуваат товарните бродови, класирани според товарот што го превезуваат, како и според дестинацијата каде се носи или од каде се донесува товарот.

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓународна трговија. Во него има големи складови за стока, развиени се и сите видови индустрија. Така, 20% од сите американски индустриски претпријатија се концентрирани во Њујорк; во неговите банки се наоѓа најголемиот светски финансиски капитал. Затоа, се вели дека Њујорк е најголемиот банкарски центар, а “Волстрит” е најголемата светска берза.

Се шетавме со господинот Томов со автомобилот, а тој постојано ми кажуваше некои нови податоци за градот. Притоа, имавме неколку карти и литература за метрополата и САД, со цел да ги збогатиме сознанијата. Така, во литературата најдовме дека според официјалните податоци, најголем број од американските доселеници влегле преку Њујорк, што значи дека секој ден се доселувале по околу 3.000 луѓе од сите раси и народи.

Меѓу нив најмногу има Ирци, Италијанци, Евреи, Германци, Руси, Полјаци, Кинези и припадници на други народи. Денес во Њујорк живеат околу 200 нации, а и весниците и порталите се печатат на 200 јазици. Бројот на припадниците на некои народи е многу голем. Така, во Њујорк живеат повеќе Ирци отколку во главниот град на Ирска - Даблин. Италијанци има повеќе отколку во Рим, а со околу 500.000 Црнци (Афро-Американци), Њујорк е голем афро-американски град.

Њујорк е граден во европски стил, со збиени улици. Така, според некои податоци, должината на улиците во Њујорк изнесува околу 9.000 км., колку што изнесува растојанието од Струмица, родниот град на Георги Томов во Македонија, до Рио де Женеиро, во Бразил. Улиците, главно се прави и наместо со имиња се означени со броеви.

По улиците и во одделени делови на Њујорк се движат над 5,5 милиони автомобили, 1,5 милиони автобуси и над еден милион такси возила. Освен тоа, во Њујорк од разни правци и градови дневно влегуваат околу 600.000 автомобили. Сите тие автомобили превезуваат патници, претежно по еден. За да се сфати колку е жив сообраќајот, треба да се додаде и тоа дека и подземните железници дневно превезуваат 10 милиони патници. Бројки што навистина пленуваат и збунуваат.

Во текот на мојот престој во Њујорк се интересирав за многу работи, забележував, прашував и читав, се’ со цел да направам подобра слика за местото каде господинот Георги (Џорџ) Томов помина речиси четириесет години. Во тој период, тој живеел и во централниот дел и на периферијата.

Така, во еден водич за Њујорк најдов податок дека во метрополата се градат околу 27.000 згради. Во стариот, централниот дел на градот нема слободен простор за нови згради. Единствено можно е градење во височина.

Се градат облакодери, на кои основата им е од челична конструкција, а останатото се исполнува со бетон и лесни метали, најчесто алуминиум. Слични беа и двете згради близначки, кои за жал, беа срушени во терористичкиот напад на 11 септември 2002 година. Тој простор и денес оддава жална слика за невините жртви. 

До неодамна во Њујорк меѓу облакодерите највисок беше “Емпире Стате Буилдинг”, висок 381 метар, а има 102 ката, но неколку нови згради ја преминале таа височина. Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, трговскиот, финансискиот, индустрискиот и други делови на градот, а посебно Менхетен со “Волстрит” и “Харлем”.

1obn12Центарот на Њујорк

Така Менхетен е најпознатиот и најстариот дел на Њујорк. Таму заедно се наоѓаат најголемите облакодери на светот - вистински вавилонски кули од времето на Александар Македонски, но денес, кули на современиот свет. Во делот на “ Волстрит” се наоѓаат и банки со натрупан огромен капитал, затоа тој е финансиски центар на Њујорк, на САД и на целиот свет. Во северниот дел на Менхетен се наоѓа Харлем, сиромашниот црнечки кварт. Менхетен е стеснет на мала површина, а има најразвиен сообраќај од било каде во светот.

Со господинот Георги (Џорџ) Томов одевме и пешки по улиците, иако тешко се пробивавме низ толпата пешаци, но се возевме и со метрото. Често правевме споредби со корзото во Битола и Охрид, а некогаш тоа беше традиција во Скопје и во други градови во Македонија. За разлика од Македонија, а и во разни градови и држави во светот, животот во Њујорк е на улица, но и под земја, каде се наоѓаат милион дуќани, локали и друго.

Под површината на њујоршките улици и згради се наоѓа густа мрежа на подземни патишта и пруги на подземни железници, водоводни цевки, канали, електрични и телефонски инсталации и други уреди. Затоа често се вели дека по улиците на Њујорк никаде не може ни кол да се забие в земја, а камоли на некоја длабочина, а да не се допре нешто под нив.

Ете, тоа се особеностите на градот во кој живееше и твореше човекот кој имаше богата биографија и за кој се решив да напишам книга - монографија, дело кое е исполнето со голем број податоци и фотографии, кои зборуваат сами за себе. Исто така, во неа е опишан  големиот Њујорк, кој има жители колку Белгија, Австрија и Република Македонија заедно.

Тоа е градот на Статуатана слободата, на универзитети, театри, музеи, галерии, значајни издавачки куќи, економски, трговски, научни и други институции. Во Њујорк е седиштето на Обединетите нации (ОН). Тој е градот на филмот, музиката, љубовта, ноќниот живот...

1obn13Зградата на Обединетите Нации 

Поради сето тоа, Њујорк стана многу привлечен туристички центар. Најпосетена е зградата на Организацијата на ОН, низ која дневно поминуваат над 3.000 луѓе, потоа Емпире стате буилдинг, Статуата на слободата и други светски споменици. Низ Њујорк годишно поминуваат околу 15 милиони туристи.

Њујорк е светска метропола. Пристаништен град, полн со движење и работа, со богатство, сиромаштво и раскош, но и со најголеми контрасти. Затоа често се вели дека патиштата  на северноамериканскиот континент, главно, водат, се вкрстуваат или заминуваат од светските метрополи, токму во Њујорк. 

Затоа, не случајно се рекло дека да се биде дел од Њујорк, значи да се биде во врвот на сознанијата за напредокот на човештвото. А за нас, обичните смртници, да се види Њујорк, значи да се почувствува големината, постигнувањата и развојот на човештвото, односно човекот да се соочи на лице место со вистините кои се видени на филмското платно или на телевизиските екрани, се вели во репортажата

Овој мегалополис по многу нешта е карактеристичен, контроверзен, убав и значаен, ако не и најзначајниот град во светот, чија архитектура, култура, минато и сегашност се еден импозантен и многу впечатлив мозаик кој му дава посебен и уникатен белег. Притоа, треба да се каже дека токму господинот Георги (Џорџ) Томов неговото дело преку ансамблите “Томов” и “Гоце Делчев” го збогатиле мозаикот на Њујорк, градот кој  од 5 август 2008 година стана и неговото вечно почивалиште.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.