Среда, 04 Август 2021   
Нова Книга:ТАЛКАЊЕ НИЗ ЖИВОТНИОТ ЛАВИРИНТ

1nove12

Нова Книга:ТАЛКАЊЕ НИЗ ЖИВОТНИОТ ЛАВИРИНТ

Неодамна во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат најновото прозно дело „Лавиринт на вистината“ на поетесата и писателка Оливера Јовановска од Мелбурн, Австралија. Рецензент на романот е писателот Александар Донски.      

Резенцентот Донски ќе забележи дека романот првенец на Оливера Јовановска „Лавиринт на вистината“ „претставува интересно четиво во кое дефилираат различни карактери кои во различни животни периоди се составен дел од околината на централниот лик на романот Ели. Авторката на овој роман успешно ги обработила и претставила карактерните особини и психолошкиот профил на најважните експоненти во делото преку убедливо обработените меѓусебни сложени интеракции. Користи шеги, интриги, стари, поучни поуки, создава и оживува сцени, измислува места на дејства кои пластично ги елаборира за да биде романот интересен и занимлив за читателот“.

Целото дејствие на романот се врти околу ликот на главниот јунак, Ели, кој се следи уште од најраното детство, па сѐ до возраста кога постанала мајка на три сина, и до моментот кога ја запознава висинската љубов од нејзиниот живот. Ели е дете на разведени родители. Кога бракот се распаднува, двајцата парнери патат секој на свој начин, но децата патат повеќе – не добиваат подеднаква љубов од двајцата родители и поради тоа чувствуваат празнина не само во својата душевна наградба туку и од празнината која ја носат секојдневно со себе: на училиште, кога играат со другарчината, кога играат спорт, ја доживуваат првата љубов... Ели пати за мајчина нежност, иако до некаде ја добива од својата маќеа, но секако за неа тоа не е доволно и затоа се создава емотивна празнина што ја прави ранлива, што ја следи низ нејзиниот живот. Таа празнина се пополнува, во случајот со Ели, од нејзината баба Косана, која постојано ја учи на вредностите од христијанската вера и ја советува со старински мудрост,  кои подоцна ќе и помогнат како возрасна личност. Но и соседите имаат улога да ја заштитуваат како и нејзините другарки емоцијално да бидат со неа.

По долгата и мачна судска бракоразводна расправа нејзиниот татко го добива старателството, и Ели се наоѓа во лавиринти на  искушенија: детство без своја мајка, доживување и разочарување од првата љубов, преселба во австралија, склучување брак, постанување мајка, развод, менаџирање на успешен бизнис и повторно заљубување... Тоа е тркалото на животот на Ели...македонската „Пепелашка“ која конечно го наоѓа својот „принц“ со кого (како во приказните) до денес живее во среќен брак.

Авторката Оливера Јовановска често користи архаизми, спомнува стари адети, народни мудрости и поуки најчесто искажани од устата на бабата Косана, па така како традиција низ генерации останале да се пренесуваат. Истовремено авторката успешно го доловува духот на моралните вредности (почит кон постарите и сл.). Авторката од неколку аспекти ја опсервира и разбира (како педијатар) состојбата на децата кои израснале во брак на разведени родители.

Пред нас се наоѓа  дело кое освен занимливиот и возбудлив наратив нуди и сериозни психолошки опсервации на опишаните ликови, кои можат да бидат од корист за секој читател. Ако сакате да се потсетите на некои стари македонски зборови и адети, тогаш токму поради тоа вреди да се прочита овој роман и да се тргне по овој лавиринт кој со една или повеќе случки ќе допре до вас и ќе ве потсети на дел од вашиот живот.

Инаку Оливера е родена во Битола и живее во Мелбурн од 1986 година. Таа е автор на збирките поезија „Неостварена љубов“ (2020) и ,,Магични Љубовни Зборови“ (2021). Повеќе пати била наградувана за поезија и проза на конкурсот за Прличева награда од МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј. Некои од нејзините песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори.

Честитки за Оливера за нејзиното најново дело „Лавиринт на вистината“ кое набргу ќе се објави и на англиски јазик. Доколку некој има желба да го добие ова дело и да стапи во контакт со писателката Оливера, јавете се на следниот емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

1Dusan Ristevski Душан Ристевски-Македон

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.