Среда, 04 Август 2021   
ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (10)

1v12БЛАГИЦА ДАФОВСКА – ПРОСВЕТИТЕЛ ВО МАКЕДОНСКАТА КОМУНА ВО ТОРОНТО 

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО КАНАДА 

Во Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" во Торонто, благодарение на  Благица Дафовска, во Дополнителното училиште на македонски јазик се продолжуваат традициите за негување на мајчиниот јазик. Затоа грижата за најмладите македонски генерации, за милите деца, е дел од работата на управите на црковната општина.

Македонскиот јазик има своја долга историја. Уште во IX век, врз основа на еден од македонските дијалекти, на оној што се зборувал околу Солун, е создаден првиот литературен словенски јазик. Тоа е старословенскиот литературен јазик на кој темелите му ги поставиле браќата Свети Кирил и Методиј. Тој јазик го употребувале со векови и други народи (бутарскиот, српскиот рускиот и др ), внесувајќи во него елементи од своите народни јазици.

Процесот на употребата на македонскиот јазик во литературата бил многу побавен и потежок отколку кај другите јужнословенски јазици, поради специфичните услови во кои се развивал македонскиот народ до своето конечно ослободување, во својата историја бил најдолго време под ропство.

Македонскиот јазик не само што се употребува во Македонија, туку тој претставува средство за комуницирање и среде македонското иселеништво. Во црквата "Св. Климент Охридски"

во Торонто, особено во дополнителното училиште на македонски јазик се продолжуваат традициите за негување на мајчиниот јазик. Затоа грижата за најмладата генерација, за милите деца, е дел од работата на управите на црковната општина.

1bab123Селото Бабино

Посебно не се штедат силите и времето кога е во прашање долгот што го имаат сите, а тоа е македонската младост да го учи, да го научи и да зборува, да пишува и да чита на мајчиниот македонски јазик. Тие навистина го научуваат и го паметат јазикот на своите татковци, мајки и дедовци, донесен од Македонија во новата демократска канадска средина.

На тој начин, дечињата ги паметат и се гордеат со своето потекло со своите корени и секогаш се блиску и најблиску до татковата Македонија, учејќи ја историјата, учејќи ја географијата, дознавајќи што повеќе за македонските револуционери, востанија, борби, за македонските реки, езера, планини, села и градови.

Така, ќе научат, ќе дознаат и ќе запаметат многу повеќе за својот род. Ќе знаат колку е скапа слободата, колку беше исчекувана и со каква радост дочекана денешната самостојна држава Република Македонија.

Еден од просветителите во македонската комуна во Торонто е, секако, Благица Дафовска. Таа е родена во убавото и познато македонско село Бабино, Демир – Хисар, во областа Железник, неколку километри северозападно од Демир Хисар, во југозападниот дел на Македонија.

Бабино е најпознато по најголемата приватна библиотека во Македонија, приватната библиотека „Ал-Би“ сопственост на Стево Степановски, која брои над 20.000 книги, поради која го посетуваат многубројни туристи.

Библиотеката „Ал-Би“ во Бабино е куќа со традиционален изглед, со етно-соба и амфитеатар, основана во 1882 година. Резултат на тривековна колекционерска работа, и поседува значителен фонд на ретки и уникатни книги, од кои најстарата е Арапски речник од 1307 година. Првите книги биле донесени во далечната 1882 година и тоа од Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, а се печатени на персиски, старотурски, арапски јазик.

Во Библиотеката „АЛ-БИ“, вгнездена под дабовата шума на демирхисарското село Бабино, се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“.

Во овој дом на илјадници книги се одвива вистинска космичка драма на духот. Овде зборот живее со сета сила и магија, а клуч за влез во овој културен топос е благиот збор, вели Стево Степановски, сопственик на библиотеката. Тој е пријател на авторот на овие редови, Славе Катин, кој на библиотеката има подарено дваесеттина дела од неговата публицистичка дејност, за да бидат заедно  со Зборникот на народни песни на браќата Миладиновци, печатен во 1891г.

1crkva13Црквата “Свети Климент Охридски”

Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа, Бабино спаѓа во категоријата ридско-планински села. Тоа е сместено во средишниот дел на поранешната Општина Сопотница, а се наоѓа на двете страни на Бабинска Река, притока во изворишното сливно подрачје на Црна Река, на источниот дел од Плакенска Планина. Лежи на 2 километри од патот Кичево - Демир Хисар. Оддалечено е 45 км од Битола, а 35 км од Кичево, со кои е поврзано со асфалтен пат. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 750 метри.

Во Бабино е родена Благица Дафовска, која го завршила своето осумгодишно образование во Демир Хисар. Потоа, во Битола завршила средно образование и Педагошка академија, група македонски јазик и литература. Меќутоа во далечната 1970 година со своето семејство  се преселува во  Торонто, Канада.

Речиси триесет години Благица работи како наставник во македонското црковно училиште „Св. Климент Охридски“, а воедно работи и како преведувач. Во 1994 година Дафовска е еден од иницијаторите за формирање на македонско одделение во училиштата во кои македонскиот јазик е застапен во „Интернационален јазичен програм“ каде и денес работи во училиштето Дифенбакер.


Дафовска е автор на поетската збирка „Ноќ во Канада“, а од која е извадена песната: „Болештина во Бабино“ и под истиот наслов секоја година се отвараат Бабинските средби во нејзиното родно село. Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од Обединети Македонци“ од Торонто.

Таа ги учи учениците да го сакаат македонскиот јазик, бидејќи елементи од македонскиот народен говор почнуваат да влегуваат пошироко во делата со црковна содржина (дамаскини) во XVII век. Во XIX век, во времето на македонската национална преродба, се појавуваат писатели кои пишуваат на македонски јазик (Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и др).

Подоцна, а посебно меѓу двете светски војни, се појавуваат писатели кои пишуваат на чист македонски јазик, земајќи го за основа на литературниот јазик, централното македонско наречје: прилепскиот, велешкиот и битолскиот говор, во што извршил големо влијание Крсте Петков Мисирков.

Особено со своите драми од народниот живот се истакнале Војдан Чернодрински со "Македонска крвава свадба", Антон Панов со "Печалбари", Васил Иљоски со "Чорбаџи Теодос" и Ристо Крле со "Парите се отепувачка", a co својата поезија Кочо Рацин со "Бели мугри", Коле Неделковски со "Молскавици" и др.

Децата се големата радост, гордост, надеж, постоење и иднина. И сите досегашни учители со огромен жар и љубов работеа и ги учеа, ги воспитуваа и ги образуваа најмладите. Повеќето од тие што работеа во училиштето навистина направија речиси пионерски, восхитувачки резултати, меѓу кои посебно место има наставникот Блага Дафовска, која од почетокот до денас е со децата.

Кога излегуваат од училишните клупи дечињата знаат за македонското име, постоење, култура, обичаи. За се’ она што е Македонија како заедничка татковина. Пресреќни и презадоволни дечињата велат дека Македонија во срцата свои ја носат, неизмерно ја љубат и најубавите песни  ги пејат за дедовската земја Македонија.

Благица Дафовска е еден од првите членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Друштвото е формирано на 6 март 1987 година, кога се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада.

1bls14Благица Дафовска со учениците

Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Вржовкса-Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски.

Минаа само десетина дена и на 16 март 1987 година беше избран првиот управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник, и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Во 1989 година избран е нов управен одбор, во состав: Драгица Димовска, претседател, Алексо Лозановски потпретседател, Рада Видиновска, секретар, Вера Петревска, благајник и Весна Карапетрова, координатор.

Тоа е време кога членството на друштвото значително се зголемува, па според податоците во списанието "Литературна мисла", год. 2, 6р. 3, септември 1990 година, неговиот број изнесува 46 редовни и 10 почесни членови на црквата и на други асоцијации во Македонската комуна во Торонто.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.