Среда, 14 Јули 2021   
ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (7)

1rof12

ПРОФ. ПИТ (ПАНДО) КОНДОВ – ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ ВО КАНАДА ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Проф. Пит Кондов беше еден од видните Македонци во Торонто, член на повеќе македонски и канадски асоцијации, интелектуалец, професор по занимање, а Македонец по определба. Мери, неговата сопруга, пак, била секретар во неколку поголеми фирми, на Комитетот за помош на настраданите во скопскиот земјотрес од 1963 година, сопственик, уредник и водител на македонскиот радио - час „Македонски глас“, и член на делегацијата на Либералната женска асоцијација

Меѓу големиот број активисти од македонско потекло во Торонто беше, секако, брачната двојка Мери (Марија) и Пит (Пандо) Кондови. Мери е родена во 1923 година во Торонто, каде што нејзините родители Крис и Тина Василеви уште во времето на Првата светска војна се доселиле од селото Жупаниште – Костурско. Пит Кондов, пак, е роден во 1925 година во Детроит, САД, а неговите родители кои, исто така, потекнуваат од Костурско се едни од првите македонски доселеници во „ветената земја“ - Америка.

И покрај тоа што беа родени на северно - американскиот континент, Мери и Пит постојано се бореа за докажување на македонската вистина пред канадското општество и граѓаните на таа демократска земја. Тоа особено го правеа со својата активност во ПМЦО „Св. Климент Охридски“ и националната организација „Обединети Македонци“, афирмирајќи ја македонската вистина, култура, традиција, обичаи и друго. Меѓу бројните активности на тие простори насочени кон зачувување на македонското национално битие, Мери и Пит Кондови заземаат значајно место и бае едни од поактивните Македонци во најголемата колонија – Торонто, во еден долг период.

Врската на овие Канаѓани од македонско потекло со дедовската земја – Македонија беше долготрајна и цврста и значи продлабочување и проширување на сознанијата за Македонија и за македонскиот народ и вистината за нив. Тие врски со Македонија Мери и Пит особено ги прошируваа по Втората светска војна и по конституирањето на Република Македонија, еден од ослободените делови на распарчена Македонија.

1rof123Детроит

Така, во 1947 година, Мери Кондов, како член на Клубот на македонската народна лига, беше испратена како делегат да присуствува на Првиот светски младински фестивал што во организација на Светската студентска унија се одржа во Чехословачка. Тоа беше нејзино прво доаѓање на стариот континент, каде што со група студенти од целиот свет, а во рамките на канадската студентка организација „Дабари“, работеше на изградба на градот Лидице во Чехословачка.

Оттаму отиде во Белград и како гостинка на Густав Влахов остана две недели и се запозна со активностите на Македонците во Беломорска Македонија, а потоа замина на едномесечна ударничка работа на пругата Брчко - Бановиќ. По враќањето на дел од канадските студенти во нивната родна земја Канада, Мери се упатува кон Македонија, земјата на нејзините предци, каде што остана девет месеци.

- На радоста ù немаше крај, - ни рече Мери при нашата средба во нивниот дом во Торонто. – Првпат згазнав на македонска земја, а знаете Македонија постојано беше присутна во нашиот дом во Канада, зашто мајка ми и татко ми никогаш не го заборавија своето родно место, туку често се сеќаваа и ни влеаја љубов кон нивната родна земја. Од Канада донесов радиостаница, - вели Мери, - која беше наменета за борците во Граѓанската војна во Грција. Радиостаницата беше купена со доброволен прилог и беше подарок од Македонците во Канада, со цел да им се помогне на тие наши луѓе кои се бореа за социјални и национални права. 

Најпрвин пристигнав во Скопје, каде што се задржав подолго време, а потоа бев испратена во селото Перово на брегот на Преспанското Езеро за да се запознам со животот на Македонците во Македонија. Таму првпат вкусив леб од фурна и јадев грав од грне, турен во една тепсија од која јадевме сите заеднички. Од Перово заминав и посетив многу места ширум Македонија. Ги видов Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Попова Шапка и други места. Сето тоа што го видов и доживеав беше многу интересно, незаборавно и неповторливо. Затоа посакав, уште на два наврати, пред десетина години да ги посетам тие места, - ни рече Мери, во нивниот убав и топол дом во северниот дел на Торонто

По десетмесечниот престој во Македонија, Мери се вратила во Канада, а потоа отишла во САД, каде што се запознала со Пит Кондов, за потоа во 1949 година да стапат во брак во Детроит. Во почетокот Пит и Мери живееле во Детроит, потоа во Виндзор, а по 1955 година засекогаш се доселиле во Торонто. Мери и Пит Кондов  живеја во убавиот дел Виловдеил и беа среќни со својата ќерка Голаба (Дов), зетот и најмногу со внукот Кристи.

1rof124

Прослава на „Обединети Македонци“

Тие беа едно среќно македонско семејство. Посебно Пит беше активен во организацијата „Обединети Македонци“, а Мери долги години беше активен член на организацијата на Женската секција и нејзин прв претседател, како и долгогодишен активен член на управата на МПЦ „Св. Климент Охридски“.

Исто така, таа беше секретар во неколку поголеми фирми, потоа секретар на Комитетот за помош на настраданите во скопскиот земјотрес од 1963 година, сопственик, уредник и водител на македонскиот радио - час „Македонски глас“, член на делегацијата на Либералната женска асоцијација, претседател на Женската секција на наставниците и др.

Професорот Пит Кондов, пак, сопругот на Мери, беше еден од видните Македонци во Торонто, активен член на повеќе македонски и канадски асоцијации, интелектуалец, професор по занимање, а Македонец по определба. Тој беше еден од најактивните членови на „Обединети Македонци“ во Северна Америка и на Канадско –македонското друштво за наука. Тој беше човекот кој ги презентираше Македонците и нивните асоцијации пред канадските и американските власти и пред бројни институции, пред кои ја презентираше и вистината за Македонија и за македонскиот народ, а настапуваше на бројни манифестации и собири во одбрана на Македонија.

Тој беше факултетски образован човек, искусен професор, педагог и основоположник на многу технички достигнувања во неколку канадски технички училишта и колеџи. Како инженер, во неговиот долгогодишен стаж се докажал и покажал, за што беше добитник на бројни пофалби, награди и признанија.

1rof125

Св. Климент Охридски

 - Многу ми е мило што сум Македонец - велеше Пит, - зашто Македонците се горд народ со своја историја, култура, традиција, сегашност и иднина. Кога ја читам историјата од античко време до денес што ја напишале анgлосаксонци, се наоѓам себе си како дел од тој измачен, разделен, но горд народ. Тоа сум го потврдил кај Македонците овде во Торонто, но и при мојата посета на Македонија кога го посетив крајот на моите предци во Костурско.

За жал, таму се запознав и со судбината на Македонците од егејскиот крај на Македонија кои, поради бројни причини од политички и економски карактер, морале да го напуштат родното огниште и да бараат леб по светот. Но, за голема среќа, тие се нашле место под сонцето и тука претставуваат значаен дел во севкупниот живот на мултикултурно Торонто и значаен дел во мозаикот на демократска Канада, - ни рече на крајот од разговорот познатиот и признат Македонец во дијаспората – проф. Пит Кондов.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.