Среда, 07 Јули 2021   
ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (6)

1bin1

ЏИМ НИКОЛОВ – ДУШАТА НА ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА „СЕЛАНИ“ ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА 

Работата на фол­клорната група „Селјани“ овозможуваше да се зачуваат македон­­ските традиции, да ги презентира из­ворните ора и песни преку жи­во­писните мариовски, сми­­левски и носии од егејскиот дел на Маке­до­нија, како и  го шири и раз­­вива македонското фолклорно бо­гатство.

Џим Николов, кореографот на Фолклорната група „Селјани”  е познат во македонската колонија во Торонто не само со својот ведар д ух и интелектуални способности, туку е и одличен познавач и вљубеник во македонскиот из­вор­ен фолклор; одличен играорец, свири на кавал, ги пее старите изворни македонски песни и живее со народното богатство од Македонија, особено од егејскиот дел на Македонија. Џим е економист по професија, со високо образование, честит Канаѓанец од македонско по­тек­ло,  роден во Торонто.

Татко му Ташко е од селото Трсје, Леринско, а мај­­ка му Анастасија од градот Лерин. Неговите родители со себе го понеле ма­ке­дон­ското изворно фолклорно богатство и му го пре­неле на Џим, кој се гордее со своето македонско по­тек­ло. Џим Николов е добитник на значајни награди, приз­нанија и пофалби за постигнатите резултати во фолк­лори­сти­ката. Но, голем успех и заслуги за тоа има неговата со­пруга Дина која, исто така, е родена во Торонто, а по по­текло е од Беломорска Македонија; која е гимназиски професор, а во групата игра и свири на тамбура и често била домаќинка на заедничките другарувања.

Џим се гордее со своите македонски корени. Инаку родното татково село Трсје кое се наоѓа на 15 километри југозападно од градот Лерин. Според царска наредба до 1918 година, Трсје претставувало самостојна општина во Леринската околина со атар кој опфаќал површина од триесетина квадратни километри. За жал, ова чисто македонско село во 2011 година е забележано без ниеден траен жител, но не е отпишано.

1bin12 Дел од семејството на Џим Николов (1959)

Во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Трсје дава многу опширен и детален опис за географијата, местоположбата и природните одлики на околината. Тој запишал дека селото Трсје се наоѓа 4 часа на југозапад од Лерин.

Тоа е расположено под високиот врв Рунѕел во аголот на една долина којашто има правец од север кон југ и којашто се образува од големата планинска верига кај Вич и од еден разгранок од таа верига којшто се одделува од нејзината западна страна и се протега во јужен правец. Трсје граничи со селата Псодери, Арменско (од север), Неред, Турје (од исток), Статица (од југ и запад). Атарот му е многу голем и во него влегува и широкиот синор на старото раселено село Калуѓерица коешто се наоѓало на североисток од селото и на еден час на запад од Лерин, запишал Ѓорќе Петров.

Фолклорната група „Селјани“,беше формирана при крајот на 1969 година во Торонто. Нејзиното формирање беше со цел да учествува и да презентира дел од богатите македонските изворни ора, песни и обичаи на Првиот интернационален караван на нациите, што се одржал истата година во То­ронто, а на кој се претставиле македонските иселеници коишто живеат и работат на тие простори.

Таа постигнала забележителен успех на Караванот, што бил добра основа и поттик за натамошна макотрпна ра­бота на сите членови со цел да постигнат забележителни резултатите пред канадската публика, особено пред македонските иселеници од сите делови на Македонија.

Првиот учител, кореограф и инструктор на младите фолклорни ентузијасти од групата „Селјани”   била Олга Сандоловиќ, родена Велов, специјалист за бал­кан­ски игри и многу познат учител за фолклор во Се­вер­на Америка, а големи заслуги имал и д-р Тимо Рајс про­фесор на Музичкиот факултет на Универзитетот во То­ронто, кој им ја пренел вештината за инструментите гајда, кавал, тамбура и тапан. Од 1975 година директор и кореограф на Фолклорната група „Селјани” станал Џим (Митре) Николов, кој заедно со својот животен сопатник сопругата Дина биле матицата и душата на оваа многу значајна фолклорна група.

1bin13

Групата „Селани“

Инаку, покрај најстарата Фолклорна група „Македонка”, којашто е фор­мирана во 1959 година, од група енту­зи­ја­сти и вљубеници во македонското оро и песна, во состав на МПЦО „Свети Климент Охридски”, постоеле и КУД „Го­це Дел­­чев” во рамките  на организацијата „Обеди­­нети Македонци”, Играорната група „Илинден” од МПЦО „Свети Илија” во Мисисага, Играорната група „Танец” и КУД „Трсје”; во Торонто е формирана и македонската Фолк­лорна група „Селјани”

Членовите на македонската Фолклорна група „Сел­­јани”, главно, биле интелектуалци од македонско по­текло од егејскиот дел на Македонија, но родени во Ка­нада, кои со голема љубов и ентузијазам го негуваат маке­дон­скиот изворен фолклор. Меѓутоа, меѓу нив имало и членови од други народи, како Кинези, Мексиканци и тн. Треба да се каже дека сите од гру­пата истовремено биле и играорци и дел од музичката секција, сви­реј­ќи на из­вор­ни инструменти.

Поголемиот број од песните и ората што биле на нивниот ре­пер­тоар се сни­мени на албум под наслов „Селска му­зика од Ма­ке­донија”, што е единствен проект од ваков вид реализиран во То­ронто, а и пошироко. Содр­жи 14 изворни македонски песни.

Фолклорната група „Селјани”  на англиски јазик ја има издадено книшката „Македонија - збир на текстови за историјата и културата на Македонија”, со следните наслови: Етнокултурален профил на Онтарио, Кратка историја на античкиот период, Формирањето на слав­јан­ската алфа-бета, Историја на македонската поезија, Ма­кедонски народни прикаски, Македонски собир, Ве­лиг­ден во Македонија, Божик во Маке­до­нија, Ма­ке­дон­скиот народен вез, Македонските фол­клорни ин­стру­менти, песната „Т'га за југ” и други мате­ри­јали.

Уред­ни­ците на оваа книшка се Дина и Џим Николови, а уред­ник е Мери Димитриу, кои се заблаго­да­руваат на Ми­нис­терството за култура и рекреација на Онтарио, за по­мошта што им ја дало за изда­ва­њето на книшката.

 1bin14

Групата „Селани“

Македонската Фолклорна група „Селјани”, исто така, има пре­пе­ча­тено книга за Македонија од 1903 го­дина, која е на француски јазик, со стандардна го­лемина, а покрај изворните ора и песни при­кажува и народни обичаи, носии, везови, инструменти и друго.

Членовите на оваа  позната група со свои­те фолклорни вредности се прет­ставиле на многу­број­ни етнички фестивали во Ка­нада, а гостувале во САД, Велика Британија и Република Македонија.

Тие наста­пиле и на фолк-фестивалот „Марипоса”, на Универ­зи­тетот во  То­рон­то, Универзитетот во Јорк, на фестивалот во Стратфорд, на фести­ва­лот за жената и уметноста, на Хар­борфронт и други. Фолклорната група „Селјани” била ед­на од де­сетте групи што ед­на не­де­ла ја претставувала провинцијата Онтарио на Општинските игри во Монтреал во 1976 година.

Тоа биле не­за­бо­­равни моменти за чле­но­вите на играорната група која оставила силен впе­­чаток на милионскиот аудиториум, а по­стигнала за­бележителен успех и на Меѓународниот музички фестивал во Ланголен, во Велс во 1977 година, на кој настапиле ансамбли од разни земји. На овој фестивал групата се претставила со тради­цио­нал­ни извор­ни фолк-нумери од Македонија и го зазела второто место на на­родни песни, третото за инстру­мен­ти, а петтото место во народни игри  во конку­рен­ци­ја од четириесетина фолклорни ансамбли.

Во 1980 година групата гостуваше во Република Ма­ке­донија и, по­крај другото, настапи на фестивалот „Илинденски денови” во Битола. Фолклорната група „Селјани” беше прогласена како голем зачувувач на традиционалниот стил на ма­ке­донските игри. Фолклорната група „Селјани” во последните го­ди­ни имала настапи на поголем број фестивали, собири и друг вид манифестации во Канада и САД и постигнала забе­ле­жителни резултати.

Така, во мај 1991 година, по по­­­вод 125-годишнината на Канада, а во организација на Канадско-ма­ке­дон­ската федерација се одржала ма­нифестацијата „Оро ма­кедонско, наша Ка­нада”, на ко­ја Фолклорната група „Селјани” се претставила со изворни песни и ора и оставила силен впечаток. Во ноември 1994 година, го славела своето две и пол де­це­нис­ко постоење.

Главната цел на групата беше да го негува и развива тради­цио­­­налниот ма­ке­донски изворен фолклор и што е можно повеќе да го прет­стави на ори­гинален изворен начин. За таа цел, покрај ората и песните, тука се и народните инструменти, традициите, стилот на пеењето, из­вед­бата на песните, како и обичаите и носиите од сите делови на Македонија.

Продолжува

1slave 1  Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.