Среда, 26 Мај 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (20)

1stiv145

СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ - МОСТ МЕЌУ САД И МАКЕДОНИЈА

Во дваесеттото продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ја претставамулогата на  Светозар - Светле (Стив) Стамевски како мост на пријателството меѓу САД и Република Македонија, како и неговото монгравско дрло подготви за печат  од авторот на овие продолженија, Славе  Николовски - Катин, а отпечатено од  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик 

 Светле (Стив) Стамевски е немирен дух кога станува збор за афирмација на националните достоинства, и кога станува збор за афирмација на името македонско, на црквата македонска, на својот народ и на своите две татковини-македонската во која се роди и американската во која со своето семејство, век векува.

Тој одамна е дел од сиот тој колаж на себеорганизирање на Македонците во најголемата наша доселеничка колонија во САД, во најголемиот светски центар на автомобилската индустрија, a тоа е Детроит. Така и се иницираа, така и се организираа многу друштва, здруженија, асоцијации, организации и секако, црковните општини во овој значаен политичко-економски и бизнис центар на државата Мичиген - Детроит.

Среќен е што повеќе млади Македонци способни генерации родени и образовани во САД, навлегуваат во сите сфери од животот од индустријата од правото, економијата, универзитети-те и каде се не.

Уште од првите денови на неговото доаѓање во Америка, Светозар-Светле Стамевски доаѓа во духовните светилишта. Така е и до ден - денешен. Co гордост зборува за најголемиот и најубавиот високо издигнат македонски храм на една од најпрометните патни артерии на Детроит, за црковната општина „Раѓање на Пресвета Богородица".

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив. 

1stiv1456

Монографијата за Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство од авторот на овие редови, Славе Катин,го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик. Таа во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Делото е темелено и исцрпно кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина.

Делото е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква "Света Богородица" во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

Со оваа Монографија верувам уште еднаш успеав да оттргнам од заборавот и да овековечам дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле - Стив Стамевски

Во мојата биографија е забележано декa како публицист сум познат само како Славе Катини дека како аналитичар на Македонците во светот сум познат на македонската и на меѓународната јавност по моите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Исто така, моето творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Јас сум aвтор на шеесет публикации, од кои 22 со името Македонија, 19 монографии за познати личноси од дијаспората и Македонија, 7 лексикогравски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број од текстовите и делата можат да се видат и прочитаат на мојата веб страницата:  www.slavekatin.com

Ва оваа пригода сакам да нагласам дека мојот повекегодишен ангажман во проучувањето на македонското иселеништво, доведе до публикување на бројни трудови од оваа област. Последниве години, меѓутоа, моето внимание се повеќе го преокупираат успеш-ните Македонци во дијаспората, чиј број не е мал, а кои му даваат своевиден белег на овој стар иселенички феномен. И не само заради спецификата на миграционите движења во светот, особено во минатиот век, туку поради фактот што Македонците, независно на кои светски меридијани ќе се најдат, посебен белег им даваат на општествата во кои се интегрираат.

Типичен пример  за тоа е почитуваното семејство на Светле (Стив) Стамевски од село Одри, од Полог. Тој е македонски иселеник во САД, во државата Мичиген, истакнат бизнисмен, познат и признат донатор, хуманист и верен патриот на Македонија и Соединетите Американски Држави (САД). Неговото семејство минало низ сите фази на македонското распетие, исполнувајќи го целиот дваесетти и овој век со настани типични за вековната борба на македонскиот опстанок, не само во старата татковина, Македонија, туку и на сите светски иселенички простори.

Toa e семејство за почит и пример од кое можат и треба да се огледаат и другите македонски семејства во двете татковини, САД и Македонија. Затоа што делото што го направиле Стамевски претставува убав пример и патоказ на едно честито и благородно македонско-американско семејство.

Анализата на нивниот бурен иселенички пат, токму од изнесените причини, ни го открива светот на Македонецот во планетарни размери, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните роднокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги разнесуваат на сите делови на нашата галаксија, no кои светот и не’ препознава. Поради тоа историјата на кое било македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на македонското вековно битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти.

Затоа, обидот да напишам монографија за семејството Стамевски, во мојата истражувачка работа за македонското исе-леништво, претставува круна на тој слободен проект. Монографијава се потпира на фактографија која извира од животниот опус на тие наши луѓе, со кои се гордее нивната стара татковина, Република Македонија, која, и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно зачекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциони процеси. 

1stiv1457

Една од значајните личности која дала голем придонес во афирмирањето на самостојноста на Република Македонија и нејзино признавање од страна на САД, секако е Светле (Стив) Стамевски, политичар, сопартиец и пријател на американскиот претседател Џорџ Буш – Јуниор.

Книгава е монографија за семејството Стамевски, од село Одри, Полог, Македонија, кое од втората деценија на минатиот век живее и работи во Соединетите Американски Држави, во Детроит, во државата Мичи-ген. Целосна претстава за нив може да се добие само под еден услов: ако за проекцијата на Стамевци се прекрши родното огниште Одри, Тетовско како негов атар и Македонија како Татковина.

Така историјата за нив ќе биде комплетна, особено за оние во чии раце ќе се најде ова книга, за американските пријатели на Светле (Стив) и неговите нови генерации, но и на оние во татковината кои се’ уште немаат  целосна  претстава за неа. А не знаат како да и’ помогнат. Таа лекција ќе ја научат од Светле (Стив) Стамевски, кој не само што не кренал раце од Одри, Полог и Македонија, туку ефективно влијае и врз тековите на американската политика.

Затоа, за изборот на првиот човек на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш - Јуниор, меѓу другите има заслуга и Светле (Стив) Стамевски, со што и тој и Македонија се гордеат. Зашто неговиот влог на тој план е прилог во иднината на најмоќната нација во светот, но индиректно и во иднината на Македонија.

Инаку, Светозар и Светлана Стамевски живеат во Америка но, секогаш со мислите се со родната Македонија. He само низ бизнисот, туку газда Светозар е многу активен и во афирмирањето на македонското име, култура, традици-и, на македонскиот црковен живот, особено како претседател на најголемата македонска црква во Америка, Света Богородица во Детроит.

Светле (Стив) Стамевски е иницијатор за формирањето на Американско-македонската асоцијација во Детроктт, која направи неколку исклучително ефектни акции, вклучена е активно во собирањето на хуманитарна и друга помош за Република Македонија, ги организираше протестите на Македонците пред ООН. Тука се и постојаните лоби-активности со водечките американски институции и личности и со медиумите за пробивање и за обнародување на македонската вистина во оваа пријателска земја, вистината и фактите за етничка  Македонија.

Крај

1slav1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.