Среда, 19 Мај 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (19)

1cr1СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МПЦ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ДЕТРОИТ

Во ова продолжение ќе  го претставам бизнисменот Светле (Стив) Стамевски како претседател и донатор на МПЦ „Света Богородицата“ во Детроит, која е една од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД . Таа е собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината и организатор на бројни акативности, меѓу кои и на црковно-народните собири 

Детроит, метрополата во која живеат Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство е велеград и пристаниште на излезот на реката Детроит во Мичиген. По големина е петти град во САД и претставува светско средиште на автомобилското производство Тој е центар и седиште на компаниите „Форд", „Крајслер" и „Генерал Моторс", потоа на индустријата за авиони, тенкови, електрични машини и е еден од најразвиените трговски центри.

Детроит го формирале Французите, а во состав на САД е од 1796 година. Детроит, исто така, е еден од центрите на афроамериканското  население, а претставува и значаен културен и спортски центар на САД.

Уште во 19 век во Детроит почнале да се доселуваат Македонци од сите краишта на Македонија, а според некои податоци нив ги има повеќе од неколку десетици илјади и тоа од Прилепско, од Леринско, од Охридско, од Гостиварско, но најбројни се од Тетовско, од Преспанско и од Битолско. Велат дека Вратница - Тетовско и Љубојно - Преспанско небаре се преселиле во Детроит. Во овој повеќемилионски град, особено во Хемтремик и Стерлинг Хаитц,

Македонците во Детроит отвориле многу фирми, ресторани, агенции, фабрички погони. Еден од нив во Детроит е познатиот и признат бизнисмен Светле (Стив) Стамевски. Таму ечат неколку македонски радиочасови, а има и македонска телевизиска програма, има фолклорни групи, спортски клубови. Затоа обично се вели дека Македонците во Детроит се чувствуваат како дома, бидејќи целосно ги зачувале обичаите и традиции, како во „стариот крај" - во Македонија.

Активностите за организирано опфаќање на Македонците во Детроит и од околните места почнаа уште пред Втората светска војна со формирањето на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС). Меѓутоа, како резултат на големосрпската и големобугарската пропаганда, вистинското македонско црковно живеење за Македонците почна дури во седумдесеттите години од минатиот век.

1cr12Поглаварот г.г.Стефан, митрополитот Кирил и Стамевски

Имено, во 1974 година се формира Иницијативен одбор за организација на македонска православна црква под јурисдикција на Македонската православна црква (МПЦ), што значеше еден нов општествен живот.

Иницијативата за формирање и изградба на своја македонска црква меѓу Македонците од Детроит постоеше уште од поодамна. Меѓутоа, таа желба се исполни дури кога на 14 јануари 1975 година се конституира Иницијативен одбор за формирање на МПЦ „Раѓање на Пресвета Богородица" во Ворен - Детроит, која беше примена во закрила на Светиклиментовата црква и потпадна   под   нејзина  јурисдикција.  

Првата архијерејска литургија во оваа колонија ја отслужи надлежниот архијереј, митрополитот Кирил, во сослужение на тогашниот повардарски митрополит Михаил, подоцна поглавар на МПЦ во една римокатоличка црква во август 1975 година, а потоа беше организиран пикник на кој присуствуваа повеќе илјади иселеници.

Како резултат на бројните активности, собраните средства и силната желба на Македонците да имаат свој македонски духовен и културнопросветен дом, во периодот кога се одбележуваше 75-годишнината од Илинденското востание, на 13 август 1978 година, митрополитот Кирил, во сослужение на бројни свештеници, а пред многубројни посетители е извршено осветување на местото, а на 24 декември 1978 години беше купена зградата во Ворен, која беше осветена на 20 јули 1980 година. Осветување го изврши митрополитот Кирил.

1cr13Црковната управа на МПЦ „Св. Богородица“ и претседателот Стамевски

Денес стариот објект на црквата е продаден, а изградена е нова црква која претставува соборен храм и најголем објект на МПЦ во САД. До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото беше осветено на 25 септември 1995 година, а на 21 септември 1998 година е поставен камен-темелникот. Новиот објект на „Св. Богородица“, поточно салата, е осветен од архиепископот Стефан и митрополитот Кирил на 21 септември 2000 година, а црквата беше осветена на 21 септември 2002 година.

Црквата „Света Богородица" е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината и организатор на бројни активности, меѓу кои и на црковно-народните собири.

Во изминатиот период, ден од претседателите на Црковната управа на Света Богородица беше Светозар-Светле (Стив) Стамевски, кој заедно со своето семејство и со голем број членови на црковната општина посвети огромно време за прогресот на црквата. Црквата „Света Богородица“ беше домаќин на 31-от црковно-народен собир на Американско-канадската македонска православна епапрхија во 2005 godina.

Инаку, Светозар-Светле Стамевски е истакнат Македонец кој, покрај бизнисот се занимава и со политика. Тој е афирмирана личност во македонската дијаспора во САД, угледен бизнисмен и верник, како и голем дарител и хуманитарна личност, со околу 60.000 долари на „Света Богородица". Светле (Стив) Стамевски заедно со сопругата Светлана беше кум на црквата „Света Богородица" во 2001 година, кога и подари 21.000 долари.

Меѓутоа, посебна чест на семејството беше кога Светозар и Светлана беа кумови на чинот на осветувањето на новата црква „Св. Богородица" на 21 септември 2002 година.

Продолжува 

1slav1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.