Среда, 21 Април 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ –МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (15)

1pat

ПАТОТ Е ЖИВОТ – ЖИВОТОТ Е ПАТ 

Во петнаесеттото продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  ја претставам репортажата на Радио – Скопје за пуштање на патот до родното село на Светле (Стив) Стамевски, при што неговиот татко Тврдомир Стамевски подарил 15 илјади долари и со средства од селаните од Одр и Општината Тетово го асфалтира патот за Одри

Потшарпланинското село Одри, кон кое се и упативме еден сончев октомвриски понеделник, вели Лазе Билбиловски, новинар на македонското радио - Радио-Скопје во својата репортажа за пуштањето на патот во родното село на Светле (Стив) Стамевски и продолжува:

„Може ли перото на новинарот, може ли репортерскиот микрофон да ја измери силата на копнежот кон сгариот крај? Можат ли да се доловат мислите и чувствата таму далеку зад океанот, за една ваква есен под Шар Планина? За нас одовде од оваа наша и нивна македонска земја, тешко е тоа. Па сепак, должносг и чесна обврска на новинарот е да се обиде тоа да го почувствува и да го пренесе барем во ретките средби со тие наши современи гурбетчии.

 А нив од Тетовско во Америка, во Детроит ги има многу. Нивните очи ако ги сретнете, велат, секогаш сме тука, макар со душата. Сакаме да помогнеме. Можеби во тоа има извесна гордост заради парите спечалени во новата татковина. Па и за инает. Кој знае. Надевајќи се на една таква средба, велам, појдовме во Одри. За жал не го сретнавме домаќинот Тврдомир Сгамевски. Неколку дена порано заминал за Америка. Но тука беше неговиот брат, и потече приказната.

- Јас се викам Тодор Ѓуровски од село Одри, Тетовско сега живеам во истото село. Ние сме пет браќа јас сум најстариот брат та се наоѓам тука во село Одри. А од моите браќа дојде еден брат, тој се вика Тврдомир-Тврде Сгамевски. Осум години не бил, а се’ на се’ 18 години е во Америка во Детроит. Кога дојде, тој решил оттаму, бидејќи овде немаше негова кола, да дојде со кола. Колата ја донел оо авион. 

1pat2Патот кон селото Одри

Кога стигна, ние како браќа се дружимо идемо таму-вамо колава ја упропасти, немамо пут, немамо влез во селото. И од тиа муке јас му спомнав на брат ми, брат бре некако да учинимо со овиа пут да се тури крај. Доста било. Па стари смо више, па да видимо и ние нешто малко убаво. Па како да напрајмо бре брат. Ми даде одговор. Како. Дај некако допрашај се со другарите тамо наши луди што има у Дегроит нека приберев некоја пара па нешто и ние од овде да га напрајмо. А, рече, тоа многу работа има млого ќе се продолжи тоа. Немам време толку да се продолжува тоа, него некако набрзина да се направи. Набрзина, ако имаш паре, реков, све бидува.

И како што решиле така и направиле.

Се помисли он малко па рече. Ќе напраим. Ќе идемо рече у општина ќе прашамо која е цена по квадрат на киломегар све тоа  како може и дали ќе се нафати да ни напраи одма. Да не чекамо мие. Одма набрзина да биде тоа. Напраено асвалт. И отидовмо у Општина при претседателот. Тој не прати на Управата за патишта испитавмо се’, бидна работава.

Кога решивмо со братот и ни обеќа Општината све да се направи и брат ми обезбеди средства у девизе. Све платил у девизе, доларе. А од сељаните од свака куќа собравмо по десет милиона, братот мој захтеваше, тие не беа некои големи паре, него да речев сељаните и ние смо учествовале во путот. И ние смо дале паре. Да не може да се рече утре дека само еден го направил. Тоа брат ми не сакаше да чуе. Сите ќе си дадете по малку и да бидеге учесници у путот за да бидемо сите учесници не само јас да речат, а Тврдомир го напраил пу-от. Тоа не сакам.

И така се изразуваше он. И све тоа бидна, собравмо пари од сељаните и одредивмо неколко дена акција да се прошири путот, да се очисти. Тој беше ураснат од двете страни лево десно од гранке од разни дрвја. Све смо тоа искастриле, отвориле, смо наместиле и кога беше готово за да дојде Управа за патишта да ни работи тоа беше све готово. И одма моментално почнаа путот да го прават. И го направија.

Така беше со асвалтот наш во селото Одри. He било таков настан во селото да не се одбележи. Решивмо една свеченосг да напрајмо. Тоа за нас, за нашето село беше најголем празник. Најголемо нешто за нас беше што добивме асвалт. И ни дојдоа од соседните села, смо ги поканиле како госги на пуштање на путот, лента смо секле, лента значи, како доликува. Путот го благослови митрополитот Кирил, а имаше и многу други видни гости. Голема радост смо имале. И така го пуштивме путот на употреба."

1pat3Куќа во Одри

Гласот на добродетелта надалеку се слуша рекол народот одамна. Впрочем и ние поттикнати од тој глас тргнавме да направиме запис за делото што не ќе осгане незабележано како што вели претседателот на тетовското друштво на Матицата на иселениците од Македонија, Живко Видоевски.

Еден таков пример е нашиот предлог до Собранието на Општина Тетово за наградата 19 ноември на Тврдомир Сгамевски од село Одри кој со 60 отсто од вкупниот износ учесгвуваше во изградбата на асфалтниот пат до своето село. Би било тоа признание од неговиот роден крај за Тврдомира таму далеку зад големата вода во Детроит во Америка.

Но верувам лично за него тоа подарување на 15-ина илјади долари за нов асфалтен пат од Одри до патот кон Тетово сега веќе има и нешто поинаква димензија. Една идеја родена првин како личен инает со шарпланинските беспаќа се преточи во незгаслива жед. Црната асфалтна лента по која ита автомобилот кон Тетово за Тврдомир и за неговите браќа но и за многумина како нив го отвори патотза враќање на старите огништа.

Брат ми Тврдомир 18 години живее во Америка, воДетроит, додаде Тодор и рече дека брат му Тврдко со тело е во Детроит, а со духот е во Одри. Сгално мисли за родниот крај. Еве сега прави куќа. Мајстори му работат, а тој мораше да се врати назад зашто има работа и таму, да не трпи таа.

Напролет пак ќе дојде, да се доработи куќата во негово присуство и има намера да дојде за посгојано да живее овде. А исто и од другите браќа Владо Стамевски и тој ќе доаѓа си има куќа тука, си има се’, за да живее тука. Сгароста да ја проведе во село Одри", се вели на крајот од оваа репортажа за Одри и за Тврдомир Стамевски.

Продолжува

1slav1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.