Среда, 10 Март 2021   
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (9)

1209

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ СО ПОСВЕТА НА НЕГОВИТЕ ПРЕТТЦИ

Во деветтото продолжение ќе ја претставам монографијата за Светозар - Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство чии корени се во селото Одри, Тетовско, а втората татковина им се Соединетите Американски Државо  во метрополата Детроит. Делото го подготви за печат  авторот на  овие продолженија, Славе  Николовски - Катин, а делото го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик 

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив.

Монографијата за Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство од авторот на овие редови, Славе Катин,го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик. Таа во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Делото е темелено и исцрпно кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина.

Делото е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква "Света Богородица" во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

Со оваа Монографија верувам уште еднаш успеав да оттргнам од заборавот и да овековечам дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле - Стив Стамевски

Во продолжение ќе ги претставиме личните мислења и тврдења на бизнисменот Светле (Стив) Стамевски. Така, во разговорите што го водевме во неговиот дом во Детроит, меѓу другото тој ми го исјави следното:

1210Во црквата „Св, Богородица“ во Детроит

„Дедо ми имаше една филозофија според која, како што ни велеше: ако дојде некој да бара нешто, дајте му. Услужете го. He враќајте го. Друга филозофи-мудрост му беше дека иако бевме околу петнаесеттина деца и толкумина постари, ете, толку народ на едно место, во една куќа и на  една софра, тој ќе ре-чеше дека прво мора да се нахранат децата, а потоа  останатите, повозрасните.

Мислам дека и наопаку да засадеше нешто тоа ќе изникнеше како што треба. Мераклија, таков беше. He го биваше книги да пишува или администрација да брка, ама затоа пак, каков мераклија беше за нивјето, за бавчите, за земјоделството. Се сеќавам дека дури и некои сорти тикви носеше од Америка. A носеше те бостани, те разни калеми, па дури и машини. Ние први в поле машина за жнеење внесовме. Низ сиот тетовски вилает вршевме, а имавме воденица со три камења. Над 37 села носеа жито кај нас да мелат. He можевме да престасаме. Значи три камења имавме на вода и еден на струја. Тоа, всушност, беше млин.

Сега од сето тоа  има по нешто останато ама поделено низ фамилиите, воденицата стои како магацин. Инаку, садевме и ориз во Јегуновце и Раотинце. Многу ориз садевме во Полог. Имавме и машина за чистење, за лупење ориз. Пред да дојдеме во Америка, што се немавме. Дедо ми, и ние како фамилија сме биле прочуени во целиот крај за овошје, за лозја, за зеленчук. Никој немал повеќе костени од нас, ниту плантажи под јаболка. Доаѓале од Шведска, од Швајцарија, за да земат ореви од нас. Сме имале по 35 момчиња аргати секој ден од Ѓурѓовден до Митровден кои кај нас спиеле и работеле.

He’ познаваа луѓето од Кичево, Гостивар, Скопје, дури и на Косово. Од сите тетовски села од Јегуновце, Јанчиште, Отуње, Раотинце, Љубиште, Сириќино, Жилче, Шемшево, како и од другите села, нема да не дошол човек кај нас да работи по полињата. Човек ако сакал да јаде лебец, доаѓал во нашата фамилија, ќе подзавршел нешто и дома заминувал најаден. Еднакво било за сите и за нашите Македонци и за Албанците. Тогаш беше друго време.

Имавме направено куќа, вели Светозар-Светле (Стив) Стамевски со дваесеттина соби, имавме фурна, па кујна. Имавме специјално жени готвачки и специјално човек кој само вода им носеше на аргатите по нивјето, лозјата и бавчите. Таа цела војска народ требаше да се нахрани и нагости. 

1211Гробовите на Стамевци во Одри

Еве да набројам дека во тоа време имавме илјада овци, шеесет крави, осум рала волови, илјади кокошки, мазги, магариња. Се сеќавам на коњот, еден расен, светнат коњ, го викавме Сокол. Влечеше чеза како трактор да е. Дедо ми кога одел на свадба, по сведени, по визити или на пазар во Скопје во вторник, четврток и недела, а бре коњот чиниш сам одел. Го знаел патот без да му кажеш - ајде. И тоа, му ставале во чезата над илјада килограми јаболка. Co Сокола немаше проблем. Леташе по патот. Така беше.

Но, кога зборувам за дедото Крсте, како да зборувам едновремено и за баба ми Наца. Силна и милна жена. Таа била најмлада. Се омажила и останала во Македонија век да векуваат со дедо Крсте. И баба Наца вистина го извекува. Од неа почиста жена немам видено. Навистина немам. Струја беше за се’. Дури и бабица беше. Пораѓаше млади невести, повозрасни, ама кого не. Кума мислам дека беше на цело село. Дедо ми не сакаше да е кум, ама таа, гајле немаше. Беше како матичар.

Да беше жива сега, не требаше друг некого да прашуваш за кој било детаљ, за која било случка, за години или за кој било човек. Таа беше како жива енциклопедија. Компјутер не и беше рамен. Иако бабичка во години, таа имаше бистар ум и беше многу памтелив човек. И сиве овие работи кои јас денес ти ги раскажувам за да влезат во оваа книга од животот на нашата фамилија, тоа сето го знам од неа, од нејзините кажувања, од тоа што сакаше секогаш уште и уште да ми раскажува“, со гордост вели Светозар-Светле и додава:

„И во Америка ја донесовме. Тука живееше со стрико ми Ѓорѓија. Бог ја прости на 99 години. За малку не ја фати стотката. Почина во Детроит ама остави аманет да ја однесеме дома во Македонија. И ја исполнивме последната желба. Во мир почива до дедо Крсте, до нејзиниот, до нашиот Крсте. Тој кој го изникна и воздигна семејното стебло Стамевско.

Секогаш кога ќе застанам молкум и простум пред нивниот вечен дом на гробиштата во Одри, јас му благодарам на Бога што сум нивниот потомок и што не научија тие мои мили предци, моите дедо и баба Крсте и Наца на многу умни, на многу важни, немерливо корисни и толку важни животни мудрости", вели со многу смисла Светозар-Светле Стамевски.

Продолжува 

1slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.