Среда, 03 Февруари 2021   
СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ – ДЕЛ ОД ЦРКОВНОТО, ДУХОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ II (22)

1crk

Во продолжение ги даваме и другите свештенослужители кои во триесетгодишниот период, од 1962 до 1992 година, нивниот период  беше исполнет со се’ поголеми услеси и постигнувања во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, а тоа беа следните свештеници:

ПРОТОЈЕРЕЈ ДРАГИ КОСТАДИНОВСКИ

Свештеникот м-р Драги Костадиновски е роден на 31 август 1950 година во с. Дренок (Кумановско), Република Македонија. Завршил Богословско училиште во 1970 година во Скопје, a Богословски факултет исто така во Скопје во 1985 година Магистериум по историски науки на тема: "Вардарскиот дел на Македонија под јурисдикција иа Српската правосппвна цркрл (1919-1941)", на Филозофскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, заврши во 1993 година и стана магистер по историски науки,

Свештеник е на Македонската православна црква од 1972 година. Во свештенички чин е произведен во месец јули 1972 година од Негово високопреосвештенство митрополит Полошко-кумановски г, Кирил Во протоjepejски чин е унапреден од блажено починатиот Архиепископ Охридски и Македонски г Доситеј на 14 јануари 1978 година.

Ha парохиска служба бил во Кратово, во Скопје и во Торонто. Во Македонската цркоена општина "Свети Климент Охридски" во Торонто - Канада престојувал од 30 април 1978 до 30 септември 1982 година Во тој период, во 1989 година, отплатен е комплексот на МПЦО "Св. Климент Охридски"во Торонто и е купено земјиште за изградба на МПЦО "Св. Илија" во Мисисага.

Во тој период се формирани повеќе селски и околиски македонски друштва, како и Организацијата на канадско-македонските ветерани. За време на престојот во Торонто се издадени 12 броја од весникот "Духовна искра", потоа беше формиран црковниот хор "Свети Климент Охридски" од Торонто и се преземени други активности во целокупното живеење на Македонците од сите делови иа Македонија кои живеат во Торонто и во околината.

Инаку, протоерејот Драги Костадиновски е парохиски свештеник во Соборниот храм "Свети Климент Охридски" во Скопје и е старешина при истиот храм, и е еден од поактивните свештеници во Македонската православна црква.

ПРОТОЈЕРЕЈ ИЛИЈА ДИМИТРИЕВСКИ

Свештеиикот Илија Димитриевски е роден во 1953 година во с. Стровија, Прилепско. Во родното место завршува основно образование кое го продолжува во селото Костинци, Прилепско Тој потекнува од македонско православно семејство, затоа и се запишува на Богословското училиште во Скопје, кое го завршува во учебната 1971/1972 година. Потоа се запишува на факултет.

Во 1972 година станува свештеник најпрво служи три години во Сопишката парохија (Скопско), потоа две години е свештеник во црквата "Св. Ѓорѓи" во Кисела Вода и во „Св. Димитрија" во Скопје. Во 1981 година доаѓа во црквата "Св. Климент Охридски" во Торонто каде останува четири години 

Потоа заминува во "Св. Богородица" во Детроит, па пак се враќа во Македонија во "Св. Богородица" во Скопје, а во 1988 година доаѓа во "Св. Климент Охридски" во Лореин..

ПРОТОЈЕРЕЈ ИЛЧЕ МИОВСКИ

Прота Илче Миовски е роден на 5 јули 1943 година во с. Новаци, Битолско, од татко Темелко и мајка Анка и по осумгодишното училиште во с. Новаци во 1964 година се запишува во Богословско училиште каде во 1969 година дипломира. Истата година стапува во брак со Гица Босилковска од с. Новаци.

На 27 октомври 1969 година е ракоположен за ѓакон, а на 8 ноември на ден Митровден го прима свештеничкиот чин од, сега покојниот митрополит Преспанско-битолски Климент, во соборниот храм "Св. Димитрија" во Битола. Во истата година е поставен за парохиски свештеник во црквата "Св. Богородица" во Демир Капија, каде останува до 1975 година.

По молбено барање од 1 јуни 1975 година е поставен за парохиски свештеник во црквата "Св. Димитрија" во Кавадарци, a потоа во 1977 година станува архиерејски намесник на Кавадарското намесништво. Во 1977 година е поставен за парохиски свештеник во соборниот храм "Св Димитрија" во Битола, каде беше ракоположен во свештенички чин.

На 19 декември на празникот Свети Никола е одликуван со протојерејски чин и поставен за архиерејски намесник на Битолското намесништво, a потоа за старешина на соборниот храм "Св. Димитрија" во Битола, на која должност останува се до септември 1982 година.

Од 1 септември 1982 година од тогашниот надлежен архиереј на Американско-канадско-македонската православна епархија митрополитот Кирил беше назначен за парохиски свештеник во црквата "Св Климент Охридски" во Торонто, а на 22 март 1988 година од страна на Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г г Гаврил и за архиерејски заменик на Американско-канадско-македонската православна enapxиja. Тој беше еден од истакнатите свештеници на Северноамериканскиот континент.

ПРОТОЈЕРЕЈ ЈОВАН БОСЕОВСКИ

Прота Јован Босеовски е роден на 5 јуни 1951 година во с. Градешница, Битолско, од православни родители Марија и Стево Босеовски. Своето детство го помина во своето родно село каде го заврши и основното училиште, а осмолетката ја заврши во соседното село Старавина.

По завршувањето на осмолетката во 1966 година, со благослов на Преспанско-битолскиот митрополит Климент се запишува на Призренската Богословија, каде ја завршува првата година. Co отворањето на Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Драчево, во 1967 година, се запишува во втора година за во 1971 година да го заврши своето богословско образование, Истата година започна да студира на Богословскиот факултет. меѓутоа со неговото доаѓање во Торонто ги прекинува студиите.

Во октомври 1972 година пристигна во Торонто, каде и се запознава со неговата сопруга Мила Талевска, професор за англиска литература и активна членка на Македонската православна црква "Св Климент Охридски", со која имаат два сина Стефан и Спиро и ќерка Марија.

На 28 август 1974 година во манастирот "Св. Атанасие" во Лешок (Гостиварско). беше ракоположен во ѓаконски чин, а истата година во "Св. Јоаким Осоговски" во Крива Паланка, од страна на надлежниот епархискки архиереј митрополитот Американско канадски г. Кирил беше ракоположен во свештенички чин.

До ноември 1974 година служи во МПЦ "Св. Климент Охридски" во Торонто, а потоа во МПЦ "Св. Кирил и Методиј" во Њу Џерси,  каде организира црковен хор,  неделно училиште  и други активности. Од август 1977 година, по негово барање беше преместен во МПЦ "Св. Наум Охридски" во Хамилтон, Канада, a потоа од 15 септември 1985 година беше парохиски свештеник во МПЦ "Св   Климент Охридски" во Торонто.

Протојерејот Јован Босеовски има долги години пастирска света должност меѓу македонските верници, со кои во сите прилики се покажал како вистински духовник на Северноамериканскиот континент и македонски народен свештеник. Тој активно учествува и на црковните, народните, културните семакедонски манифестации

Продолжува  

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.