Среда, 04 Ноември 2020   
ДУХОВНО - НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО ВЕЛУШИНА. БИТОЛСКО (7)

11veluВелушина, несомнено, е единственото село во регионот со четири цркви и еден манастир, што претставува своевидна духовна галаксија, со каква не можат да се пофалат не сзмо поголемите села, туку и градови. Овој ексклузивен факт покажува дека во овој регион е концентриран исклучителен човечки потенцијал, со способности и визија, какви што ретко каде можат да се сретнат во таков обем.

Сето тоа потврдува дека на еден релативно мал простор со векови се остварувала една духовна и културна ренесанса, чии носители денес како граѓани на богати и големи демократски држави, даваат значаен придонес за нивниот натамошен развој, Таков е случајот со семејстаото Јаноѕци, кое како канадски државјани и жители на Торонто се почитувани и ценети граѓани на оваа земјаг нивната втора татковина - Канада.

И не случајног речиси, на сите Македонци во иселеништвото, независно дали станува збор за Канада, Америка, Австралија или Еврола, нивните спомени се неразделно поврзани со нивниот живот во родното место, носен од динамиката на комуникацијата со светите места.

Така, на јужниот дел од Велушина, непосредно покрај Старата Река, се наоѓа најстарата велушинска црква Успение на Пресвета Богородица,или попозната како Света Богородица.Црквата ја посетив заедно со Алексо Јановски, а пишаните документи се неисцрпен извор за историската вистина на црквите во селото Велушина.

Црквата Света Богородица е трикорабна, со нартекс на западната страна. Денес таванот и е рамен и дрвен, направен пред неколку години, со цел да се сочува од непогодности што можат да ѝ наштетат. Токму таквата грижа помогна многу од фреските да се сочуваат со извонредните бои, Од дворното плато. кое е широко и обградено, во црквата се влегува со неколку скали.

Подот е со камени плочи во целиот комплекс, Има два трема, на јужната и западната страна. Јужниот е снабден со клупи и маси кои најмногу се употребуваат кога се слави денот на црквата и кога доаѓа маса народ од селото, но и од околината и градот Битола. Во дворот има и чешма и место за подготвување јадење Денешната порта е железна, додека старата, дрвената, како музејски експонат го пречекува посетителот пред влезот со текстуално појаснување.

12veluЦрквата Свети Атанасиј

Сите написи во црквата се на грчки јазик. Едниот од нив ја истакнува годината кога црквата е зографирана (1836). а вториот подигањето на амвонот како доброволен лрилог од поединец (1879). Притоа. фрескописот на црквата го заслужува вниманието зашто е направен од добри мајстори.

Староста на црквата не е дефинирана, но таа, во секој случај е древна. Така, во еден извештај се тврди дека црквата е подигната 1727 год., дека е осветена две години подоцна (1729). Ваквото тврдење се базира врз месните преданија, Тоа, пак, значи дека црквата е зографисана еден век no нејзиното подигање и дека таа е стара речиси три века.

Црквата во нашите дни служела исклучиво за богослужба, за венчавки, најмногу за крштевки. Тоа е причина околу неа да нема гробишта. Таа имала богат имот кој се состоел од ливади, ниви, лозја, а во минатото и жива стока.

Црквата Успение ив пресве-та Багородица, веројатно, ќе се вброи меѓу врвните бисери во ма-кедонската ризница на културата, тоа го тврдат стручњаците no истражувањето на овој средновековен објект.

Трагајќи по сломенмци од средниот век, Заводот за заштита на спомениците, Музејот

и Галерија од Битола, почнале неколку истражувачки проекти, Меѓу нив бил и оваа црква, за која се претпоставува дека е стара едеи милениум.

Bo велушката Горна Маала, од левата страна на патот што доаѓа од Острец, на мало возвишение е лоцирана црквата Свети Атанасиј. Таа е мала, еднокорабна градба со низок влез што се наоѓа од западната страна, а преку кого се влегуаа со голем наклон и со една скала подолу од околното плато. Црквата има правоаголна форма која на источниот дел завршува со полукружна апсида која се наоѓа од надворешната страна. На западната страна додадена е припрата.

Обете. црквата и припратата, подигнати се од кршен камен со везивно ткиво - кал, Олтарот има дрвен таван со два мали прозорци. Над влезната врата има мала ниша на чиј горен дел е претставен патронот на црквата, Околу цркватз се наоѓаат гробишта и,всушност таа и до ден денес служела исклучиво за последно упокение на мртеите од Велушина.

Според едно тврдење, црквата потекнува од XVI век. била и зографирана, а според друго, подигањето треба да се лоцира во 1747 год.

13veluЦрквата Свети Илија

Гробната црква Св. Илија, пак, која се наоѓа на јужната страна од селото, скоро на највисоката точка на Ридот. е, исто така мала еднокорабна градба со правоаголна осноеа, Вкопана е во земјата околу 0,80 м. Влезот ѝ е од јужната страна и се влегува со голем поклон на посетителот заради ниската порта.

На источната страна има тристрана anсида. Градена е од кршен камен, поврзан со кал има трем. кој е на јужната страна, отворен и на еден кров, со вода, Внатре таванот e рамен иод дрво. Во олтарот има мал отвор и еден квадратен прозорец на јужниот зид,

Според едно тврдење, црквата потекнува од XVII век, a според друго од XVIII век. Значи. таа е само две години понова од црквата Свети Атанасиј, односно дека е подигната 1749 година.

Околу црквата, посебно на нејзината јужна страна. се наоѓаат селските гробишта, во кои, главно, се закопувале жителите од Долна Маала.

Продолжува

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.