Среда, 08 Август 2012   
Камерниот хор на Еврејската заедница во Македонија „Моис Хасон“

kameren-hor-evrejska-zaednica-1

Камерниот хор при Еврејската заедница на Република Македонија „Моис Хасон“, кој својата активност ја започна во февруари 2004 година, под дирегентската палка на маестро Томислав Шопов повеќе од осум години успешно настапува во земјата и странство. Хорот составен од аматерски и професионални пејачи, првенствено ги негува изворните сефардски романси на архаичен јудео-шпански (ладино) јазик. Со тоа се остварува долгогодишната желба за продолжување на старата хорска и музичка традиција на Евреите од овие простори, прекината со почетокот на Втората светска војна во 1941 година.

Камерниот хор на Еврејската заедница ја продолжува музичката традиција на хорскиот ансамбл на Евреите во Скопје основан 1928 година. Тогашниот хор на скопските Евреи, под диригентската палка на композиторот Стеван Мил Шијачки (1885 – 1957), активно дејствува се до 1941 година. Хорот на Евреите поседувал високи квалитети и одиграл посебно важна улога во културниот живот на Скопје и пошироко. Својот широк репертоар го презентирал на поважните празници или прослави, како и во синагогата исполнувајќи религиозни состави од познати Еврејски композитори.

Историографијата говори дека Евреите во Македонија се староседелци, дојдени од Шпанија уште во 1492 година, по нивното прогонување од шпанската инквизиција (1480). Прифатени од населението на Македонија,  во текот на наредните векови тие активно се вклучиле во новата средина во сите пори на животот истовремено презентирајќи својата култура. Во периодот меѓу двете светски војни, во тогашната држава на Србите, Хрватите и Словенците, преку еврејските културни друштва особено до израз доаѓа еврејската музичката традиција, во која преовладуваат романсите со шпанско потекло, плод на музичкиот гениј на сафардските Евреи. Вљубени во музиката, Евреите во Македонија покрај својата омилена музика, шпанските и мексиканските романси, често ги пееле и македонските песни.

Во овој период, придонесот на Евреите во музичкиот живот на Македонија е мошне значаен. Македонската публика имала можност да се запознае со делата на најславните композитори од светската музичка историја, а покрај тоа имала можност да се воодушевува на првите обиди на српските композитори да ја внесат македонската народна песна во уметничката музика. Во 1932 година, диригентот Шијачки во репертоарот на хорот ги става делата компонирани според Давидовите псалми, како и дела настанати според македонската народна песна. Тоа се најнапред „Осма руковет“ од Стеван Мокрањац и Тракала Тинка од Пера Ж.Илиќ (извор: М.Е.М од Ј.Т., ФХЕМ).

kameren-hor-evrejska-zaednica-2

Она што се истакнува во тогашните рецензии е дека „хорот имал голема професионална дисциплина, што е предуслов за повисоки интерпретативни дострели“.

Покрај еврејскиот хор активен бил и хорот на учениците „Bijalik“, со кој диригирал особено талентираниот младинец Моис Хасон. Младиот еврејски диригент и композитор Моис Хасон (1913 – 1943), кој раководел со неколку хорови и бил активен во зачувувањето и негувањето на сефардската музика во Скопје, ја доживеал истата судбина како и најголемиот дел од Евреите во Македонија. Во март  1943 година бил однесен во концентрациониот логор Треблинка.

Денес камерниот хор на Еврејската заедница на Република Македонија кој е формиран во 2004 година по иницијатива на Морис Романо, еден од преживеаните на холокаустот, го носи името на младиот талентиран диригент Моис Хасон. Со хорот раководи ќерката на Морис Романо, Берта Романо Николиќ, а членовите се главно аматери, вљубеници во музиката и членови на Заедницата. Изворните романси кои се на репертоарот на хорот, прв ги запишал Морис Романо, додека автор на првите хорски обработки е маестро Томислав Шопов.

Првиот официјален настап хорот го имаше на 1 јануари 2005 година во МАНУ. Уште истата година, во студиото на МРТВ, хорот сними DVD на кое се наоѓаат многу сефардски романси и други еврејски песни. Покрај нив, хорот „Моис Хасон“ во својот репертоар има музика од македонски и странски автори, како и оперски и оперетски репертора со кој настапува на бројни концерти, гостувања и хорски натпревари. Од своето појавување на музичката сцена хорот настапуваше многу пати во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, на фестивалот Скопско лето, Битолско лето, а гостуваше и на различни фестивали во странство.

Од самиот почеток со хорот диригира маестро Томислав Шопов, кој е долгогодишен диригент на Македонската опера и балет. Под раководство на искусниот Шопов кој има диригирано со над 1000 оперски и балетски претстави, концерти со филхармониски оркестри на бившите југословенски простори и во Европа (диригент на оперските куќи во Истанбул, Анкара и Измир, потоа со хорот на РТВ - Скопје, академскиот хор Мирче Ацев и камерниот хор на словенечкото друштво Франц Прешерн), хорот на Еврејската заедница по нецело децениско постоење високо ќе се етаблира. Камерниот хор при Еврејската заедница во Македонија „Моис Хасон“, како преставници на Македонија има повеќе гостувања и хорски натпревари во Белград, Ниш, Сибиу (Романија), како и на хорскиот фестивал ТЕХО.

Хорот „Моис Хасон“ често пати настапаува на заеднички проекти по повод европскиот ден на еврејската култура кој се одржува во септември. Од ваквата соработка со слични балкански ансамбли кои ја негуваат сафардската традиција се произлезени неколку аудио-видео изданија. Ваквата тенденција продолжува и се очекува и во иднина од хорот на Заедницата да произлезат нови извонредни презентации на традиционалната и друга музика која се негува со љубов.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.