Среда, 05 Ноември 2014   
Збор-два за христијанството - 2 дел

Зборувајќи за христијанството ние се обидуваме да стигнеме до изворот на тоа христијанство. Се обидуваме да го најдеме тој вруток кога се создавало и човештвото и знаењето и верата во знаењето. Врутокот е најчистата вода и преку неа можеме да ја покажуваме вистинската историја на создавањето. Тука е вгнездено семето преку кое се рти почетокот во сите подоцнежни епохи,во сите новосоздадени ери и периоди.

Oce nas 23.11.2011 23

Во денешно време доаѓаме до повторно приближување на религиските содржини со науката,до подигање на свесноста за неминовна заедничка врска на се што постои во природата одредена како Божествена Мудрост на Природата. Се погласни се настојувањата да се спои верата со науката,се посилни се научните експерименти преку кои се докажува ведското знаење.

Еве еден пример: Додека го истражувале постоењето на функциите на ДНК записи и сенквенции во човечкиот геном, познат како ,,ѓубре ДНК,, (така е наречен поради недостаток на познати функции на тој дел од ДНК),научниците од Институтот за технологија на Вајоминг (ОДП) дошле до сознание поради кое научниот свет е наполно шокиран: јазичните експерти идентификувале информации во форма на староарамејски јазик кои содржеле порака,,со првите зраци на утрото Бог создал се на земјата и на небото,, (http://media.mk/article/46755/sok-za-naucnicite-najden-fizicki-dokaz-dek-bog-postoi)

Ако чинот на создавањето е запишан во нашата ДНК,тогаш тоа е код кој го носиме со создавањето на светот. Малку е необично што се поврзуваме со создавањето на светот. Но тоа е до авторот на текстот кој сака да биде барем некаде во близина на почетокот.

Во својата книга ,,Зета Македонија,, нашиот истражувач Бранко Сотировски објаснува на кој начин се се раѓа и оплодува,односно како се поврзани Небото и Земјата во чинот на создавањето.

Пораката на оваа лигатура гласи: по љубовниот допир помеѓу сонцето и земјата, помеѓу таткото и мајката со помош на духот божји Македон и пролетта Дон или ЦУТ ќе се родат сите плодови на земјата. Сонцето со небескиот свод, преку буквата „А“ или пирамидата, се спушта на земјата како сончев зрак или дух божји Македон. А божјата земја МА во молитвен став на раширени раце, го прима сончевиот зрак преку буквата „У“ и буквата С“ што значи УС или ВО УСНИТЕ, за да ја оплоди со „оплод“, „орос“, „роса“.---Богородица, од црквата Пресвета Богородица Привлептос, Охрид, Република Македонија изградена во 1295г.(стр.11)

Богот ИЛ синоним за сончев зрак е синоним за молњата на божји Ѕеус. Зборот „ЅЕ-УС“ не е божество, тоа е божја карактеристика. Тоа е манифестација на силата на оплодувачката божја моќ. Богот ИЛИ се огласува, со силен блесок и тресок влегувајќи во усните на земјата. По чинот на спојување, настапува оплодувањето преку виножитото со ситна роса, орос оплод или сперматозоиди на духот божји Македон. Според напишаниот текст божјата молња „ЅЕ“ мора со специјални обреди да се предизвика. Обредот за предизвикување на почеток од оплодувањето е стар со стотици и илјадници години а сè уште е жив на Македонскиот Полуостров под името „Додолски обредни песни

Овој текст ни зборува токму за тој почеток на оплодување,на спојот меѓу небото и земјата преку првиот сончев зрак. Мајката земја МА со раширени раце го прима тој сончев зрак и на тој начин се оплодува. Многу египетски божици исто така се претставени во став на раширени раце. Иако овој текст не потсетува на некакви пагански обреди,на додолски обредни песни, тој само ни ја покажува древноста на создавањето за кое нашите предци Македонци знаеле, а што било насилно прекинато со догматското христијанство.

(https://www.youtube.com/watch?v=at-wXaHQ21Q -македонски фолкор,везови на носии).

Наизглед необично толкување за спојот меѓу небото и земјата како чин на создавањето. Многу поразличен од она што е запишано во Библијата. Но,сето ова подоцна станува дел од таканаречената апокрифна литература,скриена и забранета илјадници години. Во Египет Библијата е канонизирана во четвртиот и петтиот век,а апокрифната литература останала и понатаму популарна меѓу египетските христијани,посебно кај свештениците.

Римската империја, поточно римската црква, ги превзела учењата кои биле зачувани во гностичките Евангелија,по своја желба ги преправила. Поточно не се работи буквално за желба туку за интерес и намера. Римјаните ги изгореле првите записи и ги протерале приврзаниците на првичното христијанство со цел да продолжат да владеат со нив преку свои репресивни мерки. Всушност, ги убивале оние кои сакале да ја зачуваат милениумската традиција на вера и славење на Бога. Ги изгореле,но секако дека останале многу скриени докази кои укажуваат на тезата на првичноста на македонското наследство во вид на јазик и симболи.

Тука да го споменеме времето кога за време на Римска империја се пресоздавало христијанството. Зошто велиме дека се пресоздавало? Затоа што повторно се создавало, но сега со други атрибути од оние првичните.

Да се потсетиме на симболот кој го вовел Константин кој божем бил означен на небото како визија непосредно пред одлучувачката битка кај Милвинскиот мост пред Рим. На него е насликан крст,во вид на Х чиј врв завршува со нам познатата буква Р. Токму тој и таков знак Х(Р)ристос нам ни го објаснуваат како негова визија и токму со тој знак секогаш ќе се победува. Но древните записи ни зборуваат за една поинаква интерпретација на овој знак. Буквите Х и Р се аналогни на ,,Кхи,, и ,,Рхо,, при што ,,Кхи,,е ,,Ки,, или ,,Чи,, познати како животна енергија, а Рхо не потсетува на род или раѓање или повторување. И бидејќи буквата ,,х,, не постоела во тие древни времиња, христијанството се нарекувало кр(е)стијанство (за буквата ,,х,, може да се види  во ,,Знаци на Македонизмот,, -О.Н.стр.173).

Тоа ни објаснува како една животна сила створена на Почетокот се пресоздава,се преродува во сите димензии и во сите епохи на постоење. При тоа крстот е симбол на вечен препород во движење или во вечно вртење. Тоа е коловрт,често насликан на македонските артефакти. Она што го нарекуваат паганизам или мистицизам во себе ја носи формулата на пресоздавање на животната енергија.

Од антиката или древната македонска митологија, која всушност претставува реален свет, многу митови се преправени и прилагодени за новиот начин на презентирање и верување. Основните белези на Исусовото учење се настанати многу пред времето кое официјалната литература ни го прикажува. Исусовите параболи се само пренос на древното или почетното христијанство.

Многу стари легенди кои биле поврзани со паганските богови едноставно биле пренесени на светците. Католичката енциклопедија дури отворено кажува дека тие легенди ја повторуваат концепцијата која се наоѓа во предхристијанските религиски приказни...Тие легенди не се христијански туку се само христијанизирани...Било лесно да се пренесат концепциите кои луѓето на антиката ги имале за своите херои на христијанските маченици. Тој трансфер бил спроведен во бројни случаеви кога тогаш христијанските светци станале наследници на локалните божества,а христијанското богослужење го потиснало старото локално богослужење. Тоа нам ни ги објаснува голем број сличности меѓу боговите и светците.

Ralf Vudrou—VAVILONSKA MISTERIJSKA RELIGIJA Ideologija otpalog hrišćanstva –Metaphysica)

http://www.mediafire.com/view/?lrpboli8p2vn0p0

Денес од црквата е забрането да се зборува за медитација зашто таа претствува директен контакт со Бога. Денес не смее да се зборува за реинкарнација зашто таа претставува круг на овоплотување на душата која се чисти преку земското опстојување и на овој начин се случува самоспознавање и чистење на гревовите. Самиот чин на самоспознавање е одлика на гностицизмот и генерално тоа е знаење од изворните Веди. Од изворните Веди води потекло почетното или раното христијанство. А Ведите се македонски со етимолошко значење на вид, вид-елина,вид-ување преку блесок, про-вид-ување со светлина. Во нив е запечатен гностичкиот лингвистички код.

Како можело полесно да се совлада и запре милениумската традиција на Македонците, нивното верување, нивната поврзаност со древните божества,а истовремено да се наметне нов вид вера означена како христијанство? Требало да се создаде нова религија која ќе ги направи луѓето зависни од црквата т.е. од оние кои владеат со неа.

Некогашната вера како знаење станала прилагодена религија. Поимот религија е превземен од латинскиот јазик. Римските писатели го извеле од глаголот релегере што значи повторно да се чита,повторно да се размислува. Римјаните овој поим најпрво го сметале за свој со значење исполнување на должноста За разлика од него словенскиот израз вера има значење на верување или ја носи пораката ,,да се држиш до вистината,,. Да се држиш до вистината е аманет од нашите пра-пра-предци. Тоа е кодирана порака која не се губи туку е втисната во ДНК, во нашата генетска меморија. Славните визионери и умови се пример за тоа.

Големиот руски писател Лав Толстој како одговор на Синодот го потврдил својот прекин со црквата со следните зборови: Тоа што се одреков од црквата, која се нарекува себеси православна, е сосема справедливо. Но се одреков од неа не затоа што јас сум против Господа, туку напротив токму затоа што со сите сили на душата сакам да Му служам Нему.

А до еромонахот Арсение има запишано: Душата живе само тогаш кога живее во Бог и со Бог. Но кога таа се оддалечува од Него со помош на секакви гревови,тогаш таа умира, станува мрачна и тажна, затоа се случуваат убиства и самоубиства. Бог е љубов и душата наша е Негово пројавување. Патот на нашиот живот станува јасен и радосен и преминот кон другиот живот т.е. враќање кон Богот на љубовта не може за нас да биде страшно. Освен тоа верувајќи во ова ние се совпаѓаме со верата на најдобрите луѓе на целиот свет, со мудреците на Кина, Индија Древна Грција?, Рим и др. Верувајќи во догмите на својата црква во тајни, икони,мошти и чудеса ние се разијдуваме не само со целото човештво туку и со многу христијански вероисповеди.  http://az.lib.ru/t/tolstoj_lew_nikolaewich/text_1370.shtml

Секако дека древна Грција во текстот на Толстој е Македонија што безброј пати е докажано.

Веруваќи во догмите ние се разијдуваме со она што го носиме во себе како код,како потсетник на она што сме. Верувајќи во она што ни го проповедува догматското христијанство ние се отклонуваме од патеката на просветлување,од искрата на светлината која ја носиме  и преку која треба да се разоткриваме и да се самоспознаваме.

Олга Новачева

продолжува

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.