Среда, 03 Септември 2014   
Погромите на верата за време на Константин Велики (1 дел)

Олга Новачева

konstantin-veliki

Во македонската историја од антиката па се до денес има низа недоследности кои ќе мораат да се чистат и преправаат. Нашите сознанија за пишаните  и официјално примени историски случувања се менуваат благодарејќи на низа новооткриени докази кои со векови и милениуми биле вешто прикривани.

Треба да се поврзе македонската древна историја (антика) со средниот век за да го разбереме континуитетот на македонските династии. Треба да ја разбереме суштината на продолжување на македонското владеење во таканаречениот среден век. Многу е битно времето на Диоклецијан,а особено на Константин Први Велики кога настапува нова ера на македонските династии.

Многу неразгатнати и погрешно интерпретирани записи наоѓаме во време на таканаречена Византија во периодот на Констанин Први Велики. Константин Велики - блескав стратег,умен и издржлив,го поврати сјајот на македонското царство, го востанови единството на Империјата.Неговото дело е огромно. Неговата слава во денешното православие е поврзана со востановување на христијанството.

Константин Први Велики Flavius Valerius Constantinus роден на 27 февруари меѓу 275 и 280г. или 271-273г во Ниш. Во официјалните историски записи тој е римски и византиски император. До денес трае енигмата за Константин и неговата мисија, со многу скриени информации за неговото потекло и  неговата поврзаност со Македонизмот.

Првите двеста до триста години од нашата ера на територија на тогашното Римско царство се случувале нереди,погроми,прогонувања на христијаните. Тоа било бурно време со илјадници поклоници на исконското христијанство. Време на прогони на гностиците и сите видови еретици,на христијани и ариевци,на недефинирани верски содржини, пропаднати култови,укинати Школи на Мистериите. Време кога на народот на сила му се одзема архетипскиот модел на верување.Тоа е еден мошне значаен период кога од македонска вера се создавала религија,поинаква,некому угодна.

Тешко било тоа време, злокобно и несигурно. Тешко било да се отстапи местото на Зевс и Херакле, на Атина и на Дионис. Уште не стивнале Орфизмот и Зороастризмот,аријанството и ведското знаење.По испустената Атина, по опожарена Александриска библиотека се уште постоел голем простор со античко културно наследство. Жив доказ за милениумска традиција на постоење,живи траги на македонското владеење.

За да ја разбереме улогата на Константин нужно е да се доближиме до неговиот предок царот Диоклецијан. Диоклецијан-Гај Аврелиј Валериј, 284-305г. македонски (римски) император, роден 245(236/7) умрел во 311г.(316) успеал да го поврати мирот,да ги смири страстите за да направи место, можеби и без да сака, на новосоздадената вера.

Во книгата на Ристо Поповски ,,Теофанија- македонската принцеза,, тој е македонски цар.

Приложуваме и еден друг показ за Диоклецијан дека е Македонец (цитат од еден линк) -- Завртена влево стоечка фигура на  императорот во тога,на главата венец,во десната рака држиглобус--Грек  (http://goodhobby.ru/item/view/65). Со Грек (Грк) се обзнанува неговата припадност. Да напоменеме дека под Греки се подразбираат Македонци бидејќи Грци воопшто не постоеле во тоа време.

За Диоклецијан се зборува дека е контроверзна личност,дека е и Месија и Антихрист истовремено. Како да се сфати ова?  Интересно видување за блиските личности на Диоклецијан ни дава Домагој Николиќ.:Во Диоклецијаново потесно семејство сите за кои се знае се светци:неговата сопруга Приска и ќерка Галерија наречени во матриологијата како Света Александра и Валерија. Диоклецијанов посинок (веројатно син) Константин,неговата љубовница Елена која живеела со него во царскиот двор во Никомедија исто така се канонизирани. http://nexus-svjetlost.com/kolumne/domagoj-nikolic/item/976-domagoj-nikolic-netko-je-oklevetao-arijhttp://www.youtube.com/watch?v=MyCoqkyEqYY

Се прашуваме како е тоа можно и дали воопшто историјата што ја знаеме за нив била таква? Ако е Месија подлежи на христијански принцип,што значи дека е подржувач на христијаните. Но се знае дека и ги прогонувал христијаните и затоа бил Антихрист. Каде е вистината?

Сите прашања и заблуди околу ова можеме да ги решиме ако ја знаеме СОДРЖИНАТА на христијанството во тоа време. Тоа ќе значи треба да ги познаваме кои се основните принципи на тоа верување. Затоа што христијанството постоело и како гностичко или првопочетно,со поинакви постулати, со поинакви одлики од оние кои денес ги знаеме. Првото христијанство носело во себе елементи на античката филозофија со потполна воодушевеност за античката митологија која носела алегориска форма на политеизмот.

Христијанството од тоа време било поврзано со одредени ритуали кои не ги отфрлаат ритуалите на македонските Мистерии,каде во тројството е застапена и машката и женската компонента како еден универзален принцип на опстојување и повторување. И култот кон сонцето односно чествувањето на сончевите зраци - било најприродна работа.

Кога Диоклецијан абдицирал во 308 година тоа значи дека веќе не можел да се справи со новите со сила наметнати верувања и обреди. Не можел да се помири македонските свети ритуали да бидат прогласени како пагански или варварски. Тој создал релативно стабилна империја,но не можел да ги издржи римските, читај јудејско-семитски дејствувања и насилија врз животот на населението на новосоздаениот Рим.

Во такви услови по низа битки околу превземање на престолот,него го наследува Константин. Енергичен,образуван,воспитуван да добива. Константин Први Велики се водел по одредена цел и по своја девиза --,,Јас  ќе одам толку далеку колку што ќе ми дозволи Оној што ме води,,-Се наоѓал меѓу моќта и верата,меѓу црквата и државата, меѓу Западот и Истокот.

Што да прави Константин Велики со силните нереди внатре,со напади на дивите орди однадвор? Требаше да го смири царството,да ја смири хетерогената толпа со нова заедничка вера. Требаше со Нов Завет да се продолжи македонската традиција. Требаше,ама...

Едно е да се сака нов поредок,друго е да се оствари тоа. Затоа морал да бега на исток,далеку од Рим,да гради ново царство. Настапиле нови услови,прераспределба на нови сили. Започна нов циклус,нова милениумска ера. Се менува знаењето,се менува духовната структура на човештвото. Европа сака да заживее,да биде своја, поинаква.

Константин бил избран за цар од војската,како што се бирале наследните македонски владетели од древнина.Константин во меѓусебните судири за доминација ги поразил совладетелите и по примерот на Александар Македонски ја обновил империјата,проширувајќи ја од Египет до Шпанија и Англија.

За Константин први Велики се поврзуват многу легенди и преданија кои го прават секогаш интересен за одгатнување на неговата моќ инеговата слава.Едната е поврзана со појавување на крст на небото кај Милвинскиот мост на Тибaр недалеку од Рим пред  величествениот успех над Максенциј во 312 година. Тој видел ЗНАК и према него се водел. Според записот на неговиот биограф Еусебиус од Кесарија,  Константин Великиден пред борбата на сончевото небо го видел светлосниот крст на победата. Бил возбуден и неспокоен се додека навечер не се појавил Исус Христос и му рекол ,,Со него ќе победуваш,, (друга верзија за знакот е ,,Со овој знак, ќе освојуваш!“)Поради овој знак за една вечер наредил да се сменат ознаките на штитовите. Наредниот ден го победил Максенциј и го освоил Рим.

Друга легенда која е малку позната е дека во тоа време  во Пророчиштето во Делфи пристигнува богојазлив човек да дознае за понатамошната судбина на Царството. После познатиот ритуал пророчицата му кажала дека веќе нема пророци и дека е крај. Тоа било исто така знак за Константин како да го продолжи царствувањето,што да прави со прогонувањето на христијаните.Знак дека целата историја на верата ќе се менува.

За да го надмине насилството и сакатењето на оние кои пострадале токму поради исконската вера наследена од древната македонска традиција,Константин се сложил на извесни отстапки. За да обезбеди мир,да запрат прогоните и да се намалат жртвите, Константин морал да ги сублимира античките или древно македонските симболи со новороденото христијанство кое морало дасе појави под присила. Да го намири старото со новото,да ја поврзе старата со новата вера. Да го возобнови македонското царство.

Оватребадасеразбере и дасепримикакофактдекавеќедвеилјадигодинисеслучуваголемапрелага.Најсилна е во верата и затоа се изменети симболите и основните тези на македонската доктрина.Христијанството не настанало веднаш туку требало преку изменување на суштинските насоки во верувањето да се промени.Се прави Нов Завет со нови конструкции.После епохата на Константин Први Велики се се извртува на штета на македонската исконска вера.

продолжува

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.