Среда, 17 Август 2022   
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

2gert1ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Македонците во Унгарија полни 40 години немаат свое здружение или некоја слична асоцијација. Не поради тоа што не сакаа, туку поради приликите што владееја во Унгарија до 1990 година, како и поради агресивната и негаторска политика на грчкото лоби во оваа земја. Имено, Грците во Унгарија се далеку од помногубројни од Македонците и редовно материјално помагани од матичната земја.

Тие долго време воделе и ќе водат многу агресивна политика, чија основна цел е да ги претопат и да докажат дека во Унгарија (како и во Грција) нема Македонци. За да ја остварат оваа цел,  тие не избираат средства и често се служат со нечесни игри и измами. Но, досегашната практика покажа дека и Македонците се цврст орев, дека не постои сила што ќе ги скрши. Тие се и ќе останат Македонци. Друга алтернатива за нив не постои.

Македонците од Егејска Македонија во поранешна Чехословачка започнаа масовно да доаѓаат по Граѓанската војна во Грција. Така, во тој период бројот на политичките емигранти во Чехословачка беше околу 12.000 од кои над 2.000 Македонци, претежно од Леринско-костурскиот регион. Македонците живееја, главно, во градоите: Јесеник, Прага, Острава и заедно со грчките политички емигранти дејствуваа во сите организирани форми конституирани од Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Покрај политичкото собирање, Македонците во поранешна Чехословачка се организираа и групираа преку информативно гласило. Имено, информирањето на Македонците и Грците се вршеше преку заеднички весник со име “Агонистис” (“Борец”). Ова гласило започна да излегува во почетокот на 1950 година на четири страници, од кои една, а понекогаш и две беа на македонски јазик. Во 1953 година Управата на политичките емигранти во Чехословачка се пресели од Јесеник во Прага, а со тоа и Редакцијата на весникот, а 1966 година од Прага во Острава.

Следејќи ја содржината на македонските страници може да се констатира дека тие во основа ја изразуваа позитивната политика на КПГ спрема македонското национално прашање и општо нејзината политика спрема Грција и светот. Според тоа, страниците нудат драгоцени материјали од историјата, литературните остварувања, фолклорот и воопшто од целокупниот живот на македонските политички емигранти во Чехословачка.

Поголемиот број Македонци од Егејска Македонија, меѓу кои беа бројни деца-бегалци, при крајот на шеесетите години се преселија, претежно во Република Македонија, а многу мал број заминаа во прекуморските и други земји. Меѓу нив, а и меѓу Македонците кои денес живеат во Чешка и Словачка, има бројни интелектуалци. Со своите постигнувања на бројни научни полиња и во културата, Македонците таму оставаат значајни траги во севкупното живеење во нивните средини.

Исто така и во седумдесетите години се забележува бран на Македонци кои времено живееја во тогашна Чехословачка. Тие претежно беа градежни работници и стручњаци од неколку македонски градежни фирми, особено од “Трудбеник” од Охрид. И денес има помал број Македонци, пред се’, од Егејска Македонија, како и од Република Македонија, кои претежно се занимаваат со трговија, и со други бизнниси. Веројатно поради малиот број во Чешка и Словачка немаат свои македонски организации.

Врските меѓу Полска и Република Македонија допираат од повоениот период и тие, главно, се базираат на културна, научна, економска и друга основа. Еден од првите лекторати на македонски јазик е отворен токму во пријателска Полска. Но, првата поголема група Македонци што дојде во Полска беше од егејска Македонија.

Имено, први меѓу емигрантите од Грција во Полска беа децата-бегалци, а со нив по некоја жена или мома кои имаа улога на воспитувачки. Тие во почетокот се населија во Солице Здруј, Лондек Здруј, во Згожелец, а од таму беа префрлени во Вроцлав, Легница, Свидница, Шчечин и други места. И на тие нови простори Македонците се бореа да го афирмираат својот јазик, култура, литература, традиции и да го зајакнат националниот дух.     

Меѓутоа, кон крајог па шеесеттите години, голем број Македонци, претежно високо образовани, се преселија од Полска во Република Македонија и во прекуокеанските земји, особено во Канада. Како резултат на тоа 1974 година се укинаа страниците на македонски јазик во “Демократ”, а кратко време потоа згасна и весникот.

Голем број Македонци од Тетовско, Битолско, Струшко, Прилепско, Кичевско и од други региони на Западна Македонија доаѓале на печалба уште во минатиот век, за тој број да се зголеми меѓу двете светски војни, особено по Втората светска војна, кога во Белград немало само фурнаџии, кафеанџии, семкари, слаткари и други занаетчии, туку дошла и плејада познати и признати културолози, политичари и граѓани на светот. Во тие мигови пред хотелот „Балкан“ со мислите отпатувавме во времето кога Македонците живееле од градот на белината, како често нашите го нарекувале.

2gert12

Меѓу двете светски војни голем број Македонци оделе да се школуваат во Бугарија, Русија и бројни европски метрополи. Меѓутоа, по Втората светска војна Белград станал центар за голем број македонски студенти кои се стекнале со високо образование, за потоа да работат во својата татковина како професори, лекари, инженери, уметници, новинари, правници итн

Во овој период, покрај македонските институции, во Војводина, кои работеле со успех во период од седумдесетина години, Македонците како малцинство во Србија имаат свои нови македонски организации, друштва, клубови, училишта, фолклорни групи и друг вид асоцијации, кои влеваат надеж дека состојбата ќе се подобри и дека ќе имаат посреќно утре.

Меѓу другите, треба да се споменат следните: Националниот совет на Македонците во Република Србија, Списанието „Македонска виделина“, Здружението „Гоце Делчев“ - Врање, Пејачката женска група „Тоше Проески“ во Качарево, Клубот „Илинден“ во Јабука, Здружението „Бели мугри“ во Пирот, Домот на културата „Кочо Рацин“ и Основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука, Здружението „Македониум“ од Белград, Здружението „Гоце Делчев“ од Врање, Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов“ во Јабука  и други.

Се чини дека најголем успех е воведувањето на македонскиот јазик да биде во јавна (службена) употреба во локалната управа на Општината Пландиште кај Вршац и избор на пратеник од македонската заедница во Собранието на Србија.

Република Хрватска, пак,  е земја кадешто  на Македонците им се гарантирани сите права како национално малцинство. Таа е земја кадешто Владата, преку материјална и финансиска помош, го помага развојот на малцинствата за афирмација на нивните национални, културни и јазични вредности. Со тоа Македонците служат како мост за развивање на пријателство помеѓу Хрватска и Македонија афирмирајќи ја, на тој начин, Република Хрватска како демократска и граѓанска земја.

Тука Македонците се организирале во Хрватско-македонската заедница, заедничка организација на културно - уметнички душтва во поголемите градови во Хрватска. Потоа има црковни општини на МПЦ и тоа во: Загреб, Сплит и Пула, а од 1993 година, Заедницата го издава и списанието “Македонски глас”. Преку сите тие асоцијации, Македонците во Хрватска остваруваат богат културно, просветен, спортски и духовно – верски живот, настојувајќи да го задржат и да го развиваат својот македонски идентитет. Притоа конечно Македонците се наоѓаат на најразлични врвни места во науката, високото образование, културата, судството, стопанството и во други подрачја на општественото живење во Хрватска.

Судбината на Македонците во Словенија е слична, ако не и идентична со онаа на Македонците во Хрватска. Словенија е втората поренешна Ју република во која Македонската православна црква опште е регистрирана во државниот регистер, како посебна верска заедница. А, Македонците, како што се вели, како духовни роднини на Словенците, се организираат и во културно-уметнички друштва и други асоцијации. Денес постојат или се во формирање културно- уметнички друштва во Љубљана, Крањ, Марибор и Копар, со тенденција тој број да се зголемува.

Исто така, Македонците во Словенија се организирани на духовно национално поле преку Македонските православни црковни општини за Крањ и Љубљана кои претставуваат идно собиралиште на Македонците.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден) 27/14.IX

Празник на Чесниот Господов Крст

Историја

News image

Црквата во Филипи е Првата Црква на европскиот континент

Апостол Павле, чиј спомен го чествува Македонската Православна Црква е една од најзначајните личност...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЛИТИЧКИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО НЕЈПЛС, ФЛОРИДА (35)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН Н...

Култура и туризам

News image

Простонароден расказ кон житието на св. Никола

Стар ет свети Никола. немат место рисјанско кај да се не знајт негоото име и да не се празнуат негој...

Фељтон

News image

РАЗЛИЧНИ МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (36)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.