Среда, 13 Октомври 2021   
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

1 ale109

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да ја скрши тенденцијата на непријателот да му дава отпор. Идејата била да се премине Дунав незабележано и да се присилат Гатејците /Getae/, кои живееле на спротивниот брег, во панично бегство и, со таквата демонстрација, да се изненади и исплаши кралот за тој сам да се предаде.

Еден навистина нерационален план! Откако ја стекнал лојалноста и довербата на своите Македонци, тие направиле како што им било наредено и почнале тивко да се подготвуваат да ја преминат реката. Земале колку што можеле локални рибарски бротчиња, ги наполниле нивните едра од шаторско платно со сено и, под превезот на темнината, со бротчињата во кои се качиле колку што можело војници, ја преминале реката.

Пред зори, 1.500 коњаници и 4.000 пешадинци биле на спротивната страна од брегот. Пред да може да бидат видени, војниците се скриле во полињата со пченка, со што си го маскирале приближувањето. Потоа, како диви животни, коњаниците наеднаш и жестоко се појавиле и почнале да јуришаат на Гатејците, кои биле улогорени пред нивниот град. Сосема изненадени, тие, кои биле многу побројни, брзо трчале, бегајќи во внатрешноста на градот, ги грабнале своите жени и деца и со трчање бегале на север да бараат сигурност во степите. Градот бил заземен, а ниту еден војник не загинал.

Блефот на Александар не само што успеал кај трибалискиот крал кој му се предал на Александар, туку, кога тоа се дознало надалеку, соседните племиња испратиле свои претставници да му оддадат почит на Александар. Дури и Келтите /Celts/, кои преземале ризични потфати источно од Јадранското Море, го замолиле Александар за неговото пријателство.

Кога неговиот поход на север завршил и Александар се подготвил да се врати дома, добил вести за револт на Илирите. Александар ја повел својата војска со голема брзина кон западна Македонија и, токму пред нејзината граница, видел дека наишол на голема дарданска војска која се собрала и го чекала. Започнала битка и Илирите биле натерани да се вратат назад во еден утврден град.

Александар поставил камп за да ноќеваат, со намера да го опседне градот наредниот ден. За несреќа, до утрото наишла уште една непријателска војска. Голема таулантиска /Taulantian/ војска им се придружила на Дарданците и на Александар му ги пресекла повлекувањето и снабдувачкиот ред. Македонската армија, која броела околу 25.000 војници и 5.000 коњи, брзо ги потрошила своите резерви. Александар морал да направи нешто и тоа многу бргу. Но, што?

1 ale1091

Остатоци на островот Голем Град

Бил опколен од сите страни. Оставен сам да реши, Александар смислил уште еден извонреден план. Им наредил на своите луѓе да приредат претстава. Игнорирајќи го непријателот, и наредил на својата фаланга да направи формација и тивко да маршира напред и назад, додека тој им давал знак со својата рака да маневрираат. Претставата ги привлекла гледачите околу неговиот камп, кои не само што биле изненадени, туку биле и хипнотизирани од сето тоа.

Во вистинскиот момент, Александар дал знак и војниците, истовремено, почнале силно да удираат по своите штитови со копјата. Ненадејниот громогласен рик, по хипнотизирачката тишина, го преплашил непријателот, што довело до тоа коњите да се оттргнат од страв. Со брзина на молња, најдобрите коњаници на Александар, поддржани од неговите стрелци, брзо се стрчале низ преминот правејќи отвор за да може војската да се пробие низ истиот.

Тогаш војската, потпомогната со катапулти, стрелци и коњаници, направила еден процеп токму низ средината на  непријателските сили и се нашла на домашна територија, во ливадите околу малото Преспанско Езеро. Ниту еден војник не загинал.

По три дена, со ненадеен ноќен напад, Александар повел јуришна војска низ преминот и му задал решавачки пораз на непријателот. Како што непријателот бегал, така македонската коњица ги гонела, терајќи ги во бегство дури стотина километри, всадувајќи им страв и нанесувајќи им големи штети. Двајцата кралеви и се покориле на волјата на Александар и, наместо да бидат казнети за нивните злодела, станале клиенти-кралеви (односно, кралеви зависни од помошта и заштитата на помоќен крал, односно од Александар, заб) со круна на своите глави.

Штом буните на Илирите биле задушени, Александар добил вести за едно сериозно востание на југ кое изискувало негова итна интервенција. Изгледа дека Тебанците се побуниле и имале убиено македонски офицери стационирани во локалниот гарнизон. Александар брзо ја собрал својата војска и ја повел во брз марш кон југ, низ планинскиот терен.

Откако го преминал Термопилскиот Премин, се упатил кон Теба. Александар стигнал токму навреме за да спречи неговиот гарнизон да биде нападнат, па така не била направена сериозна штета. Но, на негово изненадување, не била само Теба која правела проблеми. Атина, исто така, се вклучила во отпорот кога стапила во сојуз со Теба, па испратила оружје и нејзина цивилна војска за да даде поддршка на тебанскиот bунт.

Охрабрени од Демостен и потпомогнати од персиското злато, други градови-држави, исто така, му се придружиле на востанието. Целата работа започнала со гласини, без сомнение од страна на Демостен лично, кои тврделе дека Александар е убиен, а неговата војска поразена во Илирија. Но, кога Александар пристигнал жив и здрав со целата своја војска, веројатно, морници поминале низ нивните тела.

Бидејќи бил законски хегемон на Лигата на градовите-држави, Александар ги бранел своите права и побарал побунетите да се распуштат. Во присуство на Александар, војските на неколку градови-држави послушале и си заминале. Некои, како Атина, останале стационирани, но не се обидувале да го вовлечат во борба. Тебанците решиле да го прекинат договорот и да се борат, надевајќи се дека со едно такво вовлекување на Александар во борба ќе ги привлечат и другите. Тие најмногу се потпирале на своите сили и на силните утврдувања на нивните градови.

Откако ги слушнал гласините за неговата наводна смрт, Александар настојувал на востаниците да им даде можност да стават крај на безизлезната ситуација на мирен начин, па им дал три дена за да се предадат. За жал, неместо мирно да се предадат, нивните коњици извршиле јуриш на неговите претстражи, односно воени бази.

1 ale1092

Битка на Александар Македонски Велики)

Наредниот ден, Александар со марш ја повел својата војска околу градот и застанал пред јужната врата. Налутен поради одговорот од претходниот ден, Александар наредил напад. Штом тебанската одбрана била пробиена, војската на Македонија и на Лигата влегла во градот.

Тебанците храбро се бореле, но не биле дораснати на добро обучената, од битки искусната македонска војска. Битката се претворила во трагедија кога војниците на Лигата се свртеле кон обичното население, масакрирајќи ги сите што им биле пред очи.

Откако го опљачкал градот, Александар и оставил на Лигата да реши за крајната судбина на Теба. Оние во Лигата кои страдале со генерации под власта на Теба, конечно нашле начин да си дадат оддишка за својот гнев. Без двоумење ги прогласиле Тебанците виновни за предавство, за нивните тековни злосторства, како и за злосторствата починати во минатото. Со една резолуција што ја поддржала целата Лига, Александар наредил градот да биде срамнет со земја. Жените и децата биле продадени како робови.

Александар одобрил резолуцијата да биде усвоена за да служи како пример на останатите дека такво однесување нема повеќе да биде толерирано. Што се однесува до Атињаните, вистинските подбуцнувачи на побуните, Александар ги оставил неказнети. Александар внимавал да не ги насочи уште повеќе кон рацете на персискиот крал. Но, како што сакала судбината, оние кои не биле задоволни од резолуцијата на Лигата, сепак заминале во Персија.

По обновувањето на мирот во градовите-држави, Александар и неговата војска се вратиле во Македонија. Кога се вратиле, веќе било октомври 335 година пред Христа и  биле потребни уште многу подготовки пред да може да замине во пролетната офанзива во Азија. На Александар му било потребно време да ја обезбеди маршрутата до Азија и да ја зацврсти одбраната на Македонија.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.