Коментари

Меморандумот на ВМРО до Големите сили

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Наскоро по завршувањено на Првата Светска Војна македонија повторно беше поделена помеѓу соседните држави и официјално вардарскиот дел стана дел од кралството СХС, а додека другите два дела според Букурешкиот мировен договор, Егејскиот дел остана во Грција, а Пиринскиот во Бугарија.

Со Нејскиот мировен договор се реши да се изврши размена на население помеѓу Бугарија и Грција, тоа е еден од посовремените егзодуси на македонското населние кога тоа беше истерано од своите огништа со изговор дека се Бугари (луѓе кои се молеле во егзархиски храмови) и мораат да си одат во Бугарија, а од таму пак да дојдат Грците (луѓе кои се молеле во патријаршиски цркви). И така повторно македонското население окарактеризирано според црквата во кое се моли станувало бугарско и грчко и морало да ги напушти своите родни огништа.

Тогаш новоформираната ВМРО се огласила со еден меморандум кој дословно ви го пренесуваме во оваа статија.

Г-н министер-претседателе,

Има веќе триесет години, од кога македонското население, организирано во една тајна револуционерна организација, издигна пред светот свое знаме, на кое што беше напишано – автономија на Македонија. И од тогаш наваму споменатото население, исклучувајќи ги малите интервали, кои свесно ги давало, не престанало да се бори, за да се добере до своето ослободување. Големото масово востание во 1903 г., поради кое беше изработена Мирцштегската реформска програма; потоа борбите за проширувањето на таа реформска програма до полно самоуправување; револуционерните акции по пропаѓањето на младотурскиот режим, коишто беа следени од Балканските војни – војната на сојузниците со Турција и таа меѓу самите сојузници; востанието во Охридско и Дебарско во есента 1913 г., т.е. само 6 недели по несправедливиот Букурешки договор – тоа се најкрупните моменти од стремежите на едно поробено население за правда, национална слобода, законитост и мир. Впрочем сето тоа и многу повеќе, ви е добро познато Вам, затоа што е опишано подробно во соодветните жолти, сини и зелени книги, издадени по 1902 г. од владите на Англија, Франција и Италија.

За голема несреќа на македонското население, тоа и сега, по светската голема војна, којашто големите сојузни и здружени сили ја водеа меѓу другото за ослободувањето на малите народи, страда под туѓо владеење. А сигурно Македонците не ја оросија својата света татковинска земја со крвта на најдоблесните од нив, за да заменат еден господар со други такви, коишто, макар и христијански, се покажаа полоши. Затоа што реално, денешниот режим во Македонија е понеподнослив. Грција и Србија, во својот стремеж да ги асимилираат со насилство народностите во неа, им ги одзедоа и културнате слободи, нивното право да се молат на Бога и да ги учат своите деца на својот јазик, нешто, кое што беше дозволено во Турција. Резултатот на таа денационализаторска политика се секојдневните насилства на големи и мали властодршци во нашата земја. Затворите се преполнети, малтретираните, ограбените, измачуваните, обесчестените и убиените се бројат со илјадници. По промовирањето на договорите за заштита на малцинствата Македонците ја имаа надежта, дека општеството на народите ќе ги принуди Грција и Србија да ги применат предвидените права и слободи во овие договори, затоа што споменатите две држави доброволно тоа никогаш нема да го сторат: тие не признаваат да има Бугари, Власи и Албанци во Македонија. Но и таа надеж е на исчезнување. За доказ на тоа може да послужи околноста, што многумина мажи се видоа принудени да избегаат со оружје в рака по планините. Регистрирани се веќе неколку крвави судири меѓу избеглиците и жандармеријата. Процесите во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Тетово исто така сведочат, дека населението во својот очај, по своја иницијатива ги прифаќа познатите револуционерни методи за борба.

Г-н претседателе,

Македонија во своите природни географски граници – на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море – има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Бугари – 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци – 541 615 или 23 %, Грци – 253 366 или 11 %, Албанци – 184 315 или 8 %, Власи – 77 365 или 3.4 %, Цигани – 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ – 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење. Поради тоа е и економското назадување на градовите крај морето и на тие во задгрбнината. Кога ќе се додаде и несигурноста како резултат на непријателствата меѓу владетелите и победените, мизеријата меѓу населението се зголемува постојано, 90% од жителите на Македонија, имено Бугарите, Турците, Албанците, Власите, Евреите се против тоа распарчување и поради изложените погоре причини, тие се држат на својот стар идеал – од Македонија да се формира независна држава, под протекцијата на општеството на народите или на ополномоштена сила од него.

Г-н претседателе,

Кога сега пак е поставено за решавање Источното прашање, од кое суштински дел составува и Македонското прашање, од името на населението во Македонија ние Ве молиме да ги земете во обѕир нивните справедливи барања, за да се воведе правда и мир во нашата несреќна татковина и да се спречат идни неминовни крвопролевања како во Македонија, така и воопшто на Балканскиот полуостров.

Примете, г-н претседателе, уверенија во нашата длабока почит.

Македонија, октомври 1922 г.

Централен комитет на тајната револуционерна организација: 
Т. Александар 
А. Протогеров
П. Чаулев

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top