Среда, 07 Јули 2021   
Во неврзан муабет



Во врска со мојот престој во З.Берлин кај Јаковлески Маноил роден од с.3убовце, а во З.Берллн работи во сопствена кафана "Ново - Скопје", ја давам следната:

И З Ј А В А


Поради тоа што уште од детството јас бев добар другар со Јаковлески Гојко, после негово замнување во 3.Берлин - СР Германија, јас неколку пати престојував кај него на гости, каде се сретнав и со неговиот брат Јаковлески Маноил.

За Маноил можам слободно да речам дека непријателски е расположен спрема СФР Југославија, а имено неговата неприлјателска активност се состои во следното:

Маноил под влијание на неговиот брат Гојко, постанал член на македонската емигрантска организација "ДООМ" (Движење за ослободување и обединнуање на Македонија), која организација парично ја потпомага, а платформа му е обединуање и осамосталување на Егејска, Вардарска и Пиринска Македонија, со прозападно капиталистичко уредување. Во 1976 годмна во месец август јас бев во посета на Јаковлески Гојко. Во еден разговор што го водев со Маноил, тој се искажа дека имал дадено 5.000 ДМ на еден негов пријател со цел да обезбеди да раководители на ограноци на ДООМ во Австралија и други земји да дојдат во З.Берлин и земат учество во прославата организирана во чест на 2 август, денот на илинденското востание.

Маноил во разговорите што јас сум ги имал со него, не ја признава Југославија и јавно омаловажува се што е југословенско. Поседува книги со вицеви искажани на рачун на СФРЈ и највисоките функционери на федерацијата, како и за другарот Тито. Овие вицеви пред мене ги има кажувано, а јас еден од нив и ќе го цитирам дословно како Мане мене ми го кажуваше: “Кога другарот Тито во Загорје каде се сретнал со една жена, кога ја прашал мајко знаеш кој сум јас? Таа одговорила дека не го познава. На ова другарот Тито му рекол јас сум тој што ги истера од Југославија фашистите, таа на ова му одговорила, добро синко, но да ги истераш и комунистите ќе свршиш голема работа“.

Јас лично имам видено дека Маноил поседува една брошура на македонски јазик под насдов: „Крволочниот Тито и неговиот квинслинг Ангел Чемерски“.

Во присаство на Маноил ако се спомне нешто добро за Југославија, веднаш реагира, негирајки го со вулгарни зборови и псовки. Притоа искажувајќи се дека треба да гледаме како да ја ослободиме Македонија која се наоѓа под јарем на Југославија и нема своја независност.

Маноил во ресторантот држи јеловници на кои е нацртана картата на „Голема Македонија“ а на последната страна има пишано текст на гернански јазик со содржина ... дури и многу помалечки нации од Македонија во светот имаат своја независност ... Во еден текст што Маноил го има напишано во еден пампвлет стои: "Македонци, браќа, сестри, дедовци, татковци", доста е овој јарек што го носиме, ред е да ги дигнеме главите па да се ослободиме.

На леваата рака Маноил има тетовирано амлблем на "Голема Македонија" со три факели со иницијали Е.В.П, што значи Егејска, Вардарска и Пиринска Македонија.

Маноил има порачано специјални ќибрити на кои стои нацрт, на "Голема Македонија", а кои ги растура сред нашите работници кои се на времена работа во Германија.

Изјавата ја давам доброволно со цел да послужи како доказен материјал во случај да се води постапка против Јаковлескл Маноил.

Гостивар, 25.2.1981 год

dosie-1981-02-25 dosie-1981-02-25_2

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.