Актуелно
Вторник, 16 Јануари 2018 14:18    PDF Печати Е-пошта
Започна Движењето “Ние Сме Македонија” со Протест во Вашингтон

Започна Движењето “Ние Сме Македонија” со Протест во Вашингтон

1

Денес, 14 Јануари 2018 година, започна движењето “Ние сме Македонија” организирано од повеќе Македонски организации од дијаспората.

Македонски граѓани од Вашингтон, Мериленд, Вирџинија и Њу Џерси, одржаа едночасовен мирен протест пред Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон.

Протестот започна со интонирање на Македонската химна, по што со пароли и слогани Македонците ја искажаа својата загриженост за политичките настани во матичната татковина, Република Македонија. Посебен акцент се стави на тековните разговори околу спорот за името со Грција, изгласаниот противуставен и крајно загрижувачки закон за јазици и разнебитувањето на унитарноста и сувереноста на Република Македонија.

3

На Амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена Декларација во која се наведени 5 барања до Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија.

Движењето “Ние сме Македонија,” ги повикува сите Македонци во светот и матичната држава, организирани преку македонски здруженија и организации во светот, да се приклучат на ова движење и да дадат подршка за декларацијата.

Следниот протест ќе биде во среда, 17ти јануари, пред Обединетите Нации во

Њу Јорк.

Повик до Македонската Дијаспора

Македонци,

Ве повикуваме да се вклучите и присуствувате на мирните протести што ги организира движењето Ние Сме Македонија заради

1.Одоворност на секој од нас да го брани и негува вековното име, идентитет, јазик и култура

2.Одговорност на секој од нас да им помогне и ги поттикне нашите сонародници во Македонија заедно со нас во дијаспората, да не се плашиме и да ја креираме иднината на Македонската нација каде и да живее, да ја штитиме и промовираме унитарноста на државата, и преку организирање мирни и достоинствени протести да го изразиме своето несогласување со политиката на актуелната влада околу

-Разговорите за името на Македонија и непочитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата

-Двојазичност и федерализација на Македонија

-Редефинирање на историјата на Македонија и договорот за добрососедство

-Кршење на Уставот на Република Македонија

Да го афирмираме нашиот став за горенаведениве точки пред инситуциите на државите, во кои живееме, и пред Обединетите Нации затоа што знаеме дека вистината и правдата се на наша страна. Можеме да се разликуваме по политички определби, по размислувања, но горенаведениве точки се, и треба да бидат над се,

Само обединети, со личен ангажман и масовно присуство можеме да успееме да се одбраниме пред еден од најсериозните напади и навреди на Македонизмот октако постои,

Затоа приклучете се и дојдете на нашите протести

СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ЊУ ЈОРК НА 17 ЈАНУАРИ ВО 10 ЧАСОТ ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ.

Ве очекуваме и поздравуваме

Движење Ние Сме Македонија

Декларација на Македонските организации во дијаспората

Ние, Македонците од Дијаспората, го известуваме Македонскиот народ во матичната татковина, Република Македонија, дека денес, недела, 14ти Јануари, 2018 година, пред Амбасадата на Република Македонија во САД, протестираме против Владата на Република Македонија и пратениците на Собранието на Република Македонија, и ги известуваме дека дијаспората започнува масовно движење на Македонците во светот, Ние Сме Македонија, со единствена цел зачувување на засебноста на Македонецот како рамноправен и почитуван член во светското семејство, без нарушување на македонскиот иденитет, јазик и култура, и унитарноста на државата.

Ние Македонците во светот,

1.најостро ги осудуваме тековните разговори со Грција околу името на Република Македонија,

2.најостро го осудуваме неодговорниот и незаконски чин на пратениците во Собранието со изгласувањето на неуставниот закон за јазици

3.најостро го осудуваме разнебитувањето на унитарноста и суверенитетот на матичната држава.

Декларативно, користејќи ги сите алатки кои ни се на располагање, како и уставно загарантираното право на глас како Македонски граѓани и горди Македонци, јавно изјавуваме дека дијаспората цврсто стои во одбрана на вековното македонско битие што ни е оставено во наследство од минатите генерации Македонци. Нашата цел e одбрана на идеалот за кој низ историјата го положија својот живот многу патриоти и бранители на Македонија - суверена и независна Македонска држава на Македонците и сите малцинства што живеат во државата, а не федерализација или бинационализација на единствената држава сирум светот што Македонците ја нарекуваат своја татковина.

Притоа бараме

1.Итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровитество на ОН, и неменување на уставното име – Република Македонија, и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото,

2.Ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на Република Македонија,

3.Oрганизирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација,

4.Неменување на историјата на Македонија, статусот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.

5.Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност.

Движењето "Ние Сме Македонија" под кое се застанати Македонски организации и здруженија од светот, АКТИВНО и ЈАСНО ја изразува својата декларативна заложба дека активно ќе ги искористи сите средства со цел да го оневозможи најголемото разбитување на Македонскиот народ и понатомашното уништување на унитарноста на државата.

 
Недела, 14 Јануари 2018 22:20    PDF Печати Е-пошта
ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО БЕРЛИН

protest-berlinМАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА

Повеќе...
 
Недела, 14 Јануари 2018 18:57    PDF Печати Е-пошта
ИВАНОВ ДАДЕ МАНДАТ, ЗАЕВ ДАДЕ ГАРАНЦИЈА, НА ПОТЕГ ПОВТОРНО Е ИВАНОВ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Повеќе...
 
Среда, 10 Јануари 2018 10:18    PDF Печати Е-пошта
ПРОГЛАС ЗА ОТПОР И НЕПОСЛУШНОСТ

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 
Среда, 10 Јануари 2018 04:01    PDF Печати Е-пошта
Македонски даб – симбол на вечноста

dabot beli-180Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатство. Името македонски даб го добива затоа што неговиот ареал е соодветен со територијата каде што со векови живее македонскиот народ. Покрај терминот македонскиот даб, постои и синонимот Тројански даб.

Повеќе...
 
Понеделник, 08 Јануари 2018 10:33    PDF Печати Е-пошта
И ПОКРАЈ РАСИЗМОТ НА АНТИМОС И "НЕЗАВИСНИ ГРЦИ", ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПОМИРУВАЊЕ

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 
Сабота, 06 Јануари 2018 11:42    PDF Печати Е-пошта
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со честитка по повод Божиќ

Hristijan MickoskiПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и до сите православни верници по повод празникот Рожденство Христово Божиќ.

Повеќе...
 
Сабота, 06 Јануари 2018 11:11    PDF Печати Е-пошта
Претседателот д-р Ѓорге Иванов, упати Божиќна честитка

Ivanov 2Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово - Божиќ.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јануари 2018 04:01    PDF Печати Е-пошта
„Македонска нација“ Ви ги честита Новогодишните и Божиќните презници

srekna-nova-2018-180„Македонска нација“ Ви ги честита Новогодишните и Божиќните презници со искрени желби за добро здравје, среќа и радост во секој дом на македонскиот народ. Нека Бог Ви подари мир, љубов и сѐ што ќе посакате да имате и да сочувате. Нека Новата 2018 биде година на национално сплотување, подобро утре и поголеми успеси на македонскиот народ и држава.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:02    PDF Печати Е-пошта
Амнестија на уставобранителите

Makedonija SOBRANIE-180Сега сме сведоци на политичка осветољубивост од невидени размери, и кон тие кои тепале со давање на несоодветни квалификации за тероризам или обид за убиство, и кон тие кои никого не повредиле. Основната цел на оваа операција, и на дејствувањето на СЈО, на ОЈО и полицијата е слабеење на ВМРО-ДПМНЕ и негово силно ослабнување, а со тоа и намалување на влијанието на партијата.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.