Актуелно
Среда, 31 Јануари 2018 13:14    PDF Печати Е-пошта
Раката да му се исуши на тој кој ќе стави потпис на најавената спогодба!

Таткото на Никола Димитров: Раката да му се исуши на тој кој ќе стави потпис на најавената спогодба!Таткото на Никола Димитров: Раката да му се исуши на тој кој ќе стави потпис на најавената спогодба!

Не, не, немојте веднаш авторот на овој текст да го обвинувате за оваа клетва. Зашто, таа не е негова, ниту, пак, помислил, а уште помалку да ја изустил. Ова е чисто таткова клетва. Според книгата на проф. Марко Китевски, “На клетва лек нема”, објавена во 90-тите години на сега веќе минатиот век, клетвите стигаат до девето колено, а татковата, заедно со кумовата, се сметаат за најтешките. Зошто? Затоа што таткото обично не проколнува, ама ако некогаш го стори тоа, за клетвата има длабока причина и ја кажува од срце. Тежината на кумовата клетва, пак, произлегува од фактот дека кумот се смета за врска меѓу човекот и Бога и како таков учествува при крштевање, венчавање и на сите поважни моменти во животот на кумашинчето.

И, сега што мислите, чија е споменатата клетва? Нема да ве оставам во дилеми и веднаш ќе кажам – на проф. Димитар Димитров, татко на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Содржана е во колумната “Уште еден акт на велепредавство”, што е дел од книгата на проф. Димитров насловена како “Името и умот”, објавена во 1999 година од издавачката куќа “Наше дело”. За да нема нејаснотии, (до)објаснувања, изговори за контекстот итн. колумната ќе ја пренесеме во целост:

„На дело е уште еден удар по македонското национално битие во негативна традиција на Берлинскиот конгрес (1878), на Букурешкиот договор (1913) и на комунистичкиот удар против АСНОМ-ската држава (четириесеттите). “Спорот” со Грција, од почетокот е во функција на таа традиција; во него Јенсен ја препозна стратегијата на геноцидот врз македонскиот народ, а Џонатан Ејал виде камуфлажа за “вистинскиот проблем” на Македонија, што го претставува самото македонско раководство – делегитимираната “комунистичка клика”. Во конвергенција со автономниот стратешки интерес на македонскиот народ беа гестовите на Бадентер, на Желев и на други државници кои го поддржаа неговото легитимно право на своја држава – Република Македонија. Судот на најмеродавното тело на Европската заедница (Бадентеровата комисија) беше недвосмислен: името на државата (Република Македонија) не подразбира територијални претензии, односно закана по идентитетот на друга држава. Од каде, тогаш, таа толкава сила на грчката “инерпретација”, која, практично услови, пред повеќе од две години, промена на името во БЈРМ, измена на Уставот, а сега условува нови измени на Уставот и одземање на знамето? Зад тоа гледам, надвор, робување на хипотеката од споменатата негативна традиција од страна на европските, на светските институции и на најсилната држава; а, дома – континуитет на недемократската, ненародна власт која практикува велепредавство. Народната волја кристално се изрази на митингот против Лисабонската декларација, во Манифестот за одбрана на името, во изјавите на многубројни асоцијации: на Сојузот на студентите, на Светскиот македонски конгрес, на Хелсиншкиот парламент, на Синодот, на “Достоинство”, на опозиционите политички партии итн. Таа народна волја инспирира и една широка граѓанска асоцијација за одбрана на името, на државата, на нацијата: на Националната конвенција. Власта во неа виде свој противник и одби да ја регистрира. Така, суштински македонскиот народ и натаму е предмет на манипулации, без свое автономно и демократско (ре)презентирање. Аранжманот на сегашниот чин, надвор и дома, е понижувачки, срамен и апсурден. Се користи војната во Босна и во Хрватска за притисок врз нас, а ние со Словенците сме надвор од војната! Словенија се остава на мир, и така треба да биде, зашто таа е Република Словенија, а нас не (мал)третираат како југословенски проблем, зашто ние сме Бивша Југословенска Република Македонија. Претседателот на републиката, два месеца перманентно присутен на Охридско лето, на Струшките вечери и на Охридскиот маратон, кукавички се крие; валканата работа му ја врши еден недоветен министер; Парламентот, во контрадикција со поимот, молчи; новинарството се ставa во пандурска улога на беспоговорно алиби на власта, како опиум за народот. А ништо не се решава: името (БЈРМ – тој ковчег за нацијата) си останува, исто, визно-пасошкиот режим. Укинувањето на ембаргото не е соодветен еквивалент; тоа е домен на реципроцитет. Материјалната помош како награда на “македонската кооперативност”, извинете, смрди на проституција, како и недамнешната идеја за централна балканска република што ја обелодени Тупурковски. Македонскиот народ е пред судбински тест. На политичката опозиција и на граѓанските ассоцијации им претстои одговорна работа на проект на темелно движење на отпорот, од кое ќе произлезе влада на национален спас и вонредни избори. Раката да му се исуши – кој ќе стави потпис на најавената спогодба!“

Навистина, чудни се патиштата Господови, особено оние поврзани со личната карма. Споредбата на актуелниот политички миг со оној од времето кога е пишувана колумната, на користената терминологија, па ако сакате и на личностите, кои се препознаваат, останува работа на субјективна процена и оценка. Не знам дали актуелниот министер за надворешни работи се сеќава на тоа што пишувал неговиот татко, но би било добро да се потсети, посебно пред почетокот на завршниот чин за расплет на македонскиот јазол. Зашто, шармот во надворешната политика не минува и бргу се заборава, ама татковата клетва останува. До деветтото колено.

Предраг Димитровски

Курир

 
Среда, 31 Јануари 2018 11:11    PDF Печати Е-пошта
25,000 долари од Нимиц за главната Конгресменка на Грчкото лоби во САД

nimic

25,000 долари од Нимиц за главната Конгресменка на Грчкото лоби во САД

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 04:52    PDF Печати Е-пошта
Сообраќајот во Скопје помеѓу двете светски војни

familija-kitincevi-180Како што одминувало времето така и скопјани ја имале можноста да бидат уживатели на луксузни и потребни превозни и сообраќајни средства, започнувајќи од пајтонот, кој им бил достапен прво на најбогатите скопски семејста, потоа и на патниците, шпедитерските коли, железничкиот сообраќај, автомобилите, па авио сообраќајот.... Скопје, низ времето и секогаш во трендот на возилата...

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 04:46    PDF Печати Е-пошта
ЛА ТАЈМС: АЛЕКСАНДАР НЕ БИЛ ГРК

aleksandar-spomenik-skopje-180„Александар Македонски е првата глобална славна личност: херој, супермен и, како што самиот си верувал, Бог" - вака почнува текст во ЛА Тајмс, за ликој којшто е каменот (или повеќе бронзата) на сопнување помеѓу нас и нашиот јужен сосед. Не дека тие во моментов немаат поголеми проблеми од тоа чиј е Аце, кого на времето и онака не можеле да го смислат.

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 04:41    PDF Печати Е-пошта
КНИГА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ

Macedonian Slavic dialects 2-180Неодамна на англиски и на македонски јазик излезе од печат книгата „МАКЕДОНСКИ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК  И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ“  од авторот Џорџ Димовски од Австралија.

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 02:25    PDF Печати Е-пошта
Непобедени, кои сте вие? Од каде дојдовте?

Dusko DojcinovskiДушко Дојчиноски

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 00:21    PDF Печати Е-пошта
(Фотогалерија) Говор на Тодор Петров на протестот на 27 јануари пред Бранденбуршката порта во Берлин

1 6Говор на Тодор Петров на протестот на 27 јануари пред Бранденбуршката порта во Берлин

Повеќе...
 
Вторник, 30 Јануари 2018 01:19    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКИТЕ ОДНОСИ НА ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ!

27497297 1787258898015308 734029993 n

29 јануари 2018 година, Тирана, Албанија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на состанокот на парламентарната група на Социјалистичката партија по враќањето од Економскиот форум во Давос, во врска со Законот за употреба на јазиците, како натамошно грубо мешање во внатрешните работи на Македонија.

Иако правата и слободите не може да се квантифицираат, нив или ги има или ги нема, и од нив никогаш доста, СМК и натаму смета дека кон Албанија, Македонија мора да се придржува на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните!

СМК предлага Декларација за македонско-албанско историско помирување, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, Договор за положбата и правата на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија, и Уставна декларација на Собранието на Македонија за почитување на правата и слободите загарантирани со Уставот независно од пописните резултати!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

 
Сабота, 27 Јануари 2018 09:02    PDF Печати Е-пошта
Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ОН

janevПроф. Д-р Игор Јанев

Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ОН

Повеќе...
 
Четврток, 25 Јануари 2018 01:11    PDF Печати Е-пошта
НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКИ ИРЕДЕНТИЗАМ, ТУКУ ГРЧКА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА И ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ!

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.