Вторник, 22 Јули 2014    Печати
МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА „Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“

10403670 858481250846284 6658833520776812672 n

Одличје за Војводата на коњичката чета „БИГОРСКИ МАНАСТИР ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“.

Одличјето е изработено од вештите раце на Влатко Билески.

a 252

МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА „Бигорски Манастир - Патот на Црешовото Топче“

26.07.2014 сабота

10.00ч. Почеток на „Илинденски марш 2014,,

- Во с.Зубовце во 10.00ч. сите пријавени коњаници се собираат за почетокот на Илинденскиот марш.

14.00ч. Благослов на коњаниците во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар.

16.00ч. Тргнување за Манастирот Св. Јован Бигорски.

19.00ч. Коњаниците пристигнуваат во Бигорски Манастир.

- Коњаницата вечерта преспива во Бигорски Манастир.

27.07.2014 недела

06.00ч. - 10.00ч. Бигорски Манастир - Литургија, Благослов и Заклетва.

11.00ч. Тргнување на Коњаницата од Манастирот Св. Јован Бигорски.

- Коњаницата се движи од Бигорскиот манастир кон с. Јанче.

12.00ч. Пристигнување во с. Јанче.

13.30ч. Пристигнување во с. Галичник.

15.30ч. Коњаницата од с. Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00ч. Пристигнување во бачило Салтаница.

28.07.2014 понедалник

07.00ч. Тргнување од бачило Салтаница.

- Коњаницата патува од бачило Салтаница низ Бистра планина покрај бачило Сулумуница се до бачило Раштанец.

11.00ч. Пристигање на бачило Раштанец.

16.00 Пристигнување во Кнежино

29.07.2014 вторник

09.00ч. Тргнување од Кнежино кон Кичево

11.00ч. Пристигнување во Крушино (мала пауза).

12.00 Влегување во Кичево.

- Коњаницата со знамињата и со комитските носии влегува во Кичево.

- Коњаницата влегува во Кичево на раскрсницата кај боровите.

- Коњаницата се упатува кон Црквата во Кичево- Благословот

13.30 Пристигнување на Коњаницата во Другово (пауза).

17.00 Тргнување кон с.Козица.

- Коњаницата од с.Козица се движи по патот за Демир Хисар се до с.Видрани каде продолжува покрај с.Брждани, с.Свињишта се до с.Козица.

19.00 Пристигнување во с.Козица,

30.07.2014 среда

08.00ч. Тргнување од с.Козица кон с.Цер.

- По патот за с.Цер Коњаницата поминува низ с.Кладник, месност Пониква и с. Мало Црско.

09.30ч. Пристигнување во с.Кладник

11.00ч. Пристигнување во месност Поникви

15.00ч. Пристигнување во с.Цер.

31.07.2014 четврток

09.00ч. Коњаницата во с.Цер организирано оди на гробот на Христо Узунов.

10.00ч. Тргнување од с.Цер према Крушево.

- По патот за Крушево Коњаницата поминува низ с.Пуста Река, покрај с.Долно Дивјаци и покрај с.Арилево.

15.00ч. Пристигнување на езерото во Крушево - кампот на Коњаниците.

18:00 - 18:30 Крушево - Организиран дочек на коњаниците пред столбот на Крушевската Република

20:00 – 24:00 (локација: логор на коњаниците)

Целовечерен настан- Заедничка трпеза,

Организатор- Коњаница Бигорски Манастир