Среда, 28 Август 2013    Печати
Германските навивачи во одбрана на македонското знаме

 

DOOM-_1Македонска нација

На фудбалскиот натпревар Шалке 04 и ПАОК кој се одигра на 21–ви август во рамките од плеј – офот во Лигата на шампионите, заради развиореното македонско знаме од Кутлеш, дојде до брутална интервенција на германската полиција при која повеќе лица се приведени и хоспитализирани.

Имено грчките делегати побарале да се тргне знамето од Кутлеш, па полицијата морала да интервенира, што предизвикало револт кај фановите на Шалке, кои се збратимени со вардаровите навивачи „Комити“.

Инцидентот кој се случи на натпреварот Шалке – ПАОК, кога германските навивачи се спротивставија да биде острането македонското знаме и транспарентот „Комити Диселдорф“, на кој е вметнато и сонцето од Кутлеш, а кој го означува братството меѓу германската навивачка група „УГЕ“ и „Комити“, се најде во германските весници, кои се осврнуваат не само за бруталната жестока интервенција на полицијата, туку и на спорот околу името.

Како што пренесуваат германските медиуми, цитирајќи изјави на присутните навивачи и официјални лица, тоа била катстрофално погрешна проценка на полицијата, која довела до многу повредени, меѓу кои и семејства со деца. Според нив, акцијата е апсурдна и скандалозна и неможат да ги разберат мотивите за ваквата жестока употреба на сила.

Од несоодветната реакција на полицијата изненадени се и преставниците на клубот Шалке 04, а иритирани се и Македонците во Германија.

Според пишувањето на онлајн изданието на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, македонскиот почесен конзул Мирче Филиповски, во првична изјава се чуди за тоа што полицијата во Гелзенкирхен покажувањето на поранешното македонско национално знаме на трибините на фановите на Шалке го осуди како 'дело на ширење омраза'. Многу Македонци во Германија се 'ужаснати' поради тоа“, продолжува „ФАЦ“ во контекст на инцидентот на натпреварот во Гелзенкирхен.

За многумина е чудна ваквата квалификација, посебно ако се знае дека навивачката група УГЕ на Шалке со години негува пријателски контакти со навивачката група „Комити“ на клубот Вардар Скопје. Оттука ништо не е невообичаено, тоа што македонското знаме и транспарентот се вееше во блокот Н. Тоа таму честопати е истакнато и за време на натпреварите од Бундеслигата. Истото се случувало и за време на натпреварот против Олимпијакос Пиреа во минатата сезона, но ваков инцидент не настанал.

За многумина станува загатка мотивот за бруталната и срамна интервенција на германската полиција, која се брани дека сакала да спречи ескалација во блокот на Грците.

Ако се знае дека на трибините на „Велтинс арената“ биле присутни повеќе од 2.000 Грци, меѓу кои биле грчки полицајци во цивили кои биле во постојана комуникација со воите германски колеги, дека таа маса на навивачи многу лесно можела да се контролира и со тоа да се острани можноста од нивно преминување на противничката трибина, тогаш  која е вистинската причина за прекумерната интервенција во блокот Н. И зошто германската полиција не интервенирала кога грчките навивачи употребувале петарди и бенгалски огнови, а интервенирала само кај германските навивачи каде немало никакви заканувачки движења освен македонското знаме.

„Шпигел онлајн“ кој се осврнува на тврдењето на полцијата дека акцијата била неопходна поради сомневање за „ширење омраза“, укажува дека ниту портпаролката на полицијата неможела да објасни што е тоа ширење на омраза. Меѓутоа, како што пренесува „Шпигел онлајн“, според изјавата на висок по ранг полициски службеник, тука не се работи за ширење на омраза бидејќи на транспарентот освен името на македонската фан група 'Комити Диселдорф', немало пароли со таква содржина.

Вистински одговор за настаните на фудбалскиот натпревар меѓу Шалке 04 и ПАОК, кога по изравнувањето на резултатот 1:1, германската полиција невлезе меѓу навивачите и употребата на несразмерна сила заради употребата на македонското знаме, засега нема. Но, жестоката пресметка на навивачите од Галзенкирхен со германската полиција само го потврди братството на „УГЕ“ и  „Комитите“, осносно на германскиот и македонскиот народ.

Иако употребата на Сонцето од Кутлеш не е забрането со закон, сега поради блискиот братски однос меѓу македонските и германските навивачи, учесниците во инцидентот стравуваат од консеквенци. Шалке е соочен со казна од УЕФА, а на фановите им се заканува пријави и забрани за присуство на натпревари.

Сите германски медиуми покрај инцидентот на фудбалскиот натпревар, се осврнуваат и на спорот за името меѓу Македонија и Грција.