Среда, 07 Август 2013    Печати
Австралија да го признае името пред федералните избори на 7 септември 2013

images_copy

Поранешната премиерка на Австралија, Џулија Гилар, додека беше на власт до минатиот месец, федералните избори беа закажани за 14 септември 2013 година. Денес на 4 август, новото раководство на Лабуристичката партија на Австралија, под водство на премиерот Кевин Рад федералните избори ги закажа за 7 септември 2013 година.

Дали со ангажираноста за одбележувањето на комеморациите за 100 годишнината од Букурешкиот договор и годишните прослави за Илинденското востание, нема да поднесеме официјални барања до федералната актуелна власт и до опозиционата коалиција на Австралија, за признавање на уставното име на Македонија, пред овие федерални избори?

Ако поднесеме драстични и добро аргументирани барања до сите политички партии на Австралија кои ќе учествуваат на изборите, проследени со поголема раздвиженост на македонските организации и целото македонско иселеништво, како првенствено од Австралија, така и со помош од другите македонски емигранти од континенти и држави во светот, не само што Австралискиот Парламент ќе неж признае, туку тоа позитивно ќе влијае и врз зачленувањето на РМ во ЕУ и НАТО, со уставното име на Македонија.

Постои извесна ангажираност, односно посветеност на македонските патриоти и нивните организации во Австралија, да изнајдат правен начин за официјално признавање на македонскиот национален идентитет и уставното име на Македонија. Зошто го нагласувам официјалниот идентитет? За секој македонски емигрант, барем во Австралија, како и за имињата на нивните македонски организирани субјекти, како австралиската јавност, така и повеќето австралиски институции, радија, ТВ куќи, весници, а посебно мултикултурни-етнички тела, можеме да го најдеме нашето име како Македонец и Македонија.

Овие ословувања ги сретнуваме во вообичаените коресподенции од внатрешен карактер, изречени или напишани со почитување и искреност. Во секојдневниот живот среќаваме и точни искажувања за Македонците и нините македонски белези, како во телефонски адресари и на интернет, каде секојдневно користиме азбучни фонтови. Покрај околу 200 фонтови ги има и нашите. Можеме да ги најдеме напишани на македонски-Кирилица и на англиски-Латиница.

Искуствата досега ни кажуваат, ако било кој неж ословува со Македонски Славјанин, Грчки Македонец, Српски Македонец, Бугарски Македонец, Албански Македонец или со слични немакедонски навредливи имиња, како што е Славмакедонец/ци, во тој случај следувале и следуваат јаки реакции и со посебни сили и вештини се брани македонското име.

Горното се среќава при доставување на апликации до институциите и поедини групи во Австралија, кои се ангажирани за контакти, соработки и пружање на материјална помош  на тие македонски субјекти, за нивните планирани активности или пак за користење на дел од објекти или павиљони при разновидни мултикултурни приредби, настапи, свечености и сл.

Бидејќи демократските форми на австралиското општество се во принцип винстински демократски, поединечно или групно за секоја од 160-те постојни етнички групи, регистрирани при власта и институциите, со нивните национални имиња, а кои зборуваат на 60-тина свои јазици, хармонијата на животот е за пример и за почитување. Од друга страна, сеж уште постојат македонски негатори, како насекаде по светот така и во Австралија, како што се лоби групи, како јавната грчка лоби група наречена „Пан македоники“ или здруженија на етнички групи, при државите на Австралија, во кои членуваат етнички Грци и завземаат поголеми положби и функции. При тоа можно е да се оштетува македонската заедница и тоа при распределба на средства за помош на тие етнички групи, ако не се води доволно сметка.

Што е многу загрижувачки, самите политички партии на избори од локално, државно или на федерално ниво, кои за победата на изборите секогаш зависат од мал број на гласови, го прекршуваат тој демократски принцип, непризнавајќи го официјално македонскиот идентитет, а со тоа и уставното име Македонија, иако добиваат такви барања од поедини македонски интелектуалци, а и од поедини македонски организации. Тоа се покажува во пракса по секои избори, бидејќи до последен момент им се изедначени гласовите. Тие политички партии, било да се од  власта или пак од опозицијата, поголемите политички партии подлегнуваат под притисок на антимакедонските лоби групи, кои ги има многу и многу повеќе добро организирани и финансирани, потпомогнати од грчки бизнисмени и самата грчка влада.

Обете политички партии едната на власт - Лабуристичката партија на Австралија, а другата во опозиција - Коалицијата на Либералана партија на Австралија и на Национална партија на Австралија, во никој случај не ги поставуваат нашите македонски барања пред парламентите, за официјално Австралија да го признае македонскиот национален идентитет, со придавката „Македонски“ и уставното име на Македонија. Австралија само ги разгледува барањата на индивидуалните македонски патриоти, како писатели, историчари, македонски културно-просветни работници и загрижени македонски емигранти за својата националност и суверена Република Македонија, привремени и постојани жители на Австралија, а и повремените барања на претставници на поголемите македонски организации и македонски државни заедници во Австралија, за признавање на македонскиот национален идентитет и уставното име.

Веќе постојат поединци - членови на парламенти од државите во Австралија, кои  се од актуелната власт и посебно од опозиционата коалиција, кои се залагаат, како пред македонските заедници во Австралија така и во државните парламенти и Федералниот Парламент, за званично признавање на националното и уставното име на Македонија.

Ако им ги претставиме сите неофцијални факти за Македонската националност, што горе ги спомнав, што значи ги употребувале и сега ги употребуваат нашите македонски имиња, го признаваат нашиот македонски јазик, култура, национални социјални и верски активности, а кои се среќаваат во скоро сите документи, коресподенции, македонските организации со австралиските институции и политички партии. Што значи, на некој начин тие претставуваат официјални податоци, кои ќе ги приморат самите да се откажат од нивната демагошка платформа, околу непризнавањето на нашето име.

Според горното, треба веднаш нашите веродостојни организации (Македонските организации во Австралија со помош на претставниците на емиграцијата во Македонското Собрание и одговорните за врски и помош на дијаспората) да разработат стратегија и со отпочнување на финалните предизборни кампањи, што ќе се одржуваат во поголемите центри на Австралија, пред изборите во септември, мирно но демонстративно и културно да учествуваат, со прикладни програми, со сите политички партии кои се застапени на изборите. Ако ништо друго, барем со играорните групи, плакати и написи за македонските барања, ќе се запознае австралиската и светска јавност со повеќе детали за нашето насушно признавање.

Во активностите, преку медиумите македонските радио програми во Австралија и во предизборните евентуални јавни настапи, митинзи и сл. да се прикажуваат членовите на Првата Македонска Парламентарна група, со позитивни показатели, како ценети пријатели на Македонците и на Македонија, која ја сочинуваа пред неколку години: Хари Џенкинс, Др. Мик Кели, Матин Фергусон, Сенатор Наташа Стот Деспоја, Дарен Чесеман, Брус Скот, Грам Перет, Роберт  Мклеланд, Ричард, Мс. Јил Хал, Сенатор Кристофер Елисон, Боб Баклдвин, Мс. Џени Георге, Лук Симпинс, Петар Слипер, Џон Мрфи, Џулија Ирвин и Мајкл Џонсон, како стимуланс повторно да се ангажираат за признавање на името. Со тоа ќе се создадатат услови повеќе членови на Австралискиот Парламент да се приклучат на оваа пријателска Македонска Парламентарна Група.

Повеќето од  членовите на Федералниот Парламент на Австралија од Македонската Парламентарна Група, кои ги преставуваат своите изборни единици, каде има и Македонци, поднесоа свои лични барања за признавање на името во Федералниот Парламент и тоа Стивен Џонс од Лабуристите и Лук Симкинс од Либералите, додека другите не прикажуваат активности за Македонија.

Јанко Томов