Недела, 28 Јули 2013    Печати
Илинденската коњаница маршира „По патот на Црешовото топче“

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__2

Низ планинсктие беспаќа на Бистра, веќе трет ден  шестнаесетмина комити  од Гостиварско и Другово, кои  ја сочинуваат Илинденската  коњаницата „Патот на Црешовото топче“, денеска во попладенвните часови  пристигнаа во манастирот Кнежино , Кичевско.

Во петокот, 26 јули, во попладневните часови комитите дефилираа низ гостиварските улици, а во гостиварскиот соборен храм „Св. Богородица“, во нивна чест беше одржан молебен од страна  на свештениците на гостиварското архиерејско насмесништво, а прота-ставрофор Боге Богоески  ги благослови и им посака среќен пат. Коњаницата првиот ден од маршот преноќуваше во манстирсктие конаци на Св. Јован Бигорски.

Вчераутро, од древното македонско светилиште,  манастирот Св. Јован Бигорски, бвеше свечено испратена.

Коњаницата спроед планот треба  на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, да  учествувањт на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.

За пет  дена низ планините на западна Македонија, ќе минат околу  двеста километри.

Коњаницата  се движи низ  патека по која пред 110 години, галичаните Угрин и Филип Канчески, со коњи  ги носеле  топчињата за илинденското востание, изработени од  рацете на Монасите  од  Бигорскиот манастир.

Во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ со молитва беа благословени од монашкото братство за успешен пат кон револуционерното Крушево и живи и здрави да се вратат во своите домови. Потоа, во манастирскиот двор  комитите пред Светото Писмо, кама и револвер, положија заклетва, за верност кон македонското ослободително дело.

Мане Јаковлески од Здружението  „ Бигорски Манастир -  Патот на Црешовото топче“ на Бигорскиот Манастир и на Архимандритот Партениј, Игумен на Манстирот  им врачи благодарница за сесрдно ангажирање и несебична помош и допринос во афирмација и негување на традицијата и вредностите на Илинденскиот марш „Бигорски Манастир - Патот на Црешовото топче“.

Оваа година за Војвода за беше назначен Самоил Јаковлески од с.Зубовце, кој има задача да ја води коњаницата до Крушево.

Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен!

Амин!

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__3

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__5

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__7

Текст и фотографии: Киро Кипроски