Недела, 28 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Илинденската коњаница маршира „По патот на Црешовото топче“

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__2

Низ планинсктие беспаќа на Бистра, веќе трет ден  шестнаесетмина комити  од Гостиварско и Другово, кои  ја сочинуваат Илинденската  коњаницата „Патот на Црешовото топче“, денеска во попладенвните часови  пристигнаа во манастирот Кнежино , Кичевско.

Во петокот, 26 јули, во попладневните часови комитите дефилираа низ гостиварските улици, а во гостиварскиот соборен храм „Св. Богородица“, во нивна чест беше одржан молебен од страна  на свештениците на гостиварското архиерејско насмесништво, а прота-ставрофор Боге Богоески  ги благослови и им посака среќен пат. Коњаницата првиот ден од маршот преноќуваше во манстирсктие конаци на Св. Јован Бигорски.

Вчераутро, од древното македонско светилиште,  манастирот Св. Јован Бигорски, бвеше свечено испратена.

Коњаницата спроед планот треба  на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, да  учествувањт на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.

За пет  дена низ планините на западна Македонија, ќе минат околу  двеста километри.

Коњаницата  се движи низ  патека по која пред 110 години, галичаните Угрин и Филип Канчески, со коњи  ги носеле  топчињата за илинденското востание, изработени од  рацете на Монасите  од  Бигорскиот манастир.

Во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ со молитва беа благословени од монашкото братство за успешен пат кон револуционерното Крушево и живи и здрави да се вратат во своите домови. Потоа, во манастирскиот двор  комитите пред Светото Писмо, кама и револвер, положија заклетва, за верност кон македонското ослободително дело.

Мане Јаковлески од Здружението  „ Бигорски Манастир -  Патот на Црешовото топче“ на Бигорскиот Манастир и на Архимандритот Партениј, Игумен на Манстирот  им врачи благодарница за сесрдно ангажирање и несебична помош и допринос во афирмација и негување на традицијата и вредностите на Илинденскиот марш „Бигорски Манастир - Патот на Црешовото топче“.

Оваа година за Војвода за беше назначен Самоил Јаковлески од с.Зубовце, кој има задача да ја води коњаницата до Крушево.

Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен!

Амин!

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__3

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__5

Bigorski_Manastir-_26_juli_2013g._Patot_na_Cresovoto_Topce-_Bigorski_Manastir__7

Текст и фотографии: Киро Кипроски

 

На прво место

News image

Членови на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гостивар учествуваа на денешниот настан во организација на Унијата на жени

Во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ денес петок 20.05.2022 г. на кејот на Река Вардар-Г...

Историја

News image

ГРЦИЈА ГО ПРИЗНАЛА ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК УШТЕ ВО 1923 г.

Документот е официјален договор од Воденскиот Јавен Нотар , во 1923 година, меѓу македонски жители н...

Иселеници

News image

Интервју на мишо нетков со георге томов – дел II (32)

Има луѓе предодредени, надарени. Целиот живот го минуваа...

Култура и туризам

News image

Основање на селото Бапчор

За основањето на селото Бапчор постојат неколку преданија, што се пренесувале од колено на колено пр...

Фељтон

News image

РАЗЗИДУВАЊА МЕЃИ ЧЛЕНКИТЕ НА ПОНАРЕШНИТЕ ВОЕНИ СОЈУЗИ (34)

Ова, навистина, бил момент на слава за Атина кој бил восхитувачки прославен, со об...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.