Среда, 06 Март 2013    Печати
РЕФЕРЕНДУМОТ БЕШЕ: ПОТСЕТУВАЊЕ НА 8 СЕПТЕМВРИ 1991 ГОДИНА!
todor_petrovПишува Тодор ПЕТРОВ
Само народот може да одлучи за името! Ама... дали? И кога? Повторно? Сега?

Народот веќе одлучи за името! За тие што заборавиле: Прашањето за државното име е затворено со референдумот одржан на 8 септември 1991 година кога народот и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА САМОСТОЈНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна! Поради тоа, 8 септември е прогласен за национален празник: ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКАТА!

Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет бараат итен и безусловен КРАЈ на разговорите за промена на државното име и продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик “Republika Makedonija“, туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик, независно од историските хипотеки: окупацијата на Македонија и геноцидот врз Македонците од Балканските војни 1912-1913 година! Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на државното име Македонија и името на македонскиот народ и јазик!

Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор заради промена на државното име Македонија!

Името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на државното име значи трајна промена на името на македонскиот народ и јазик! Македонија вечна! Амин!