Недела, 25 Ноември 2012    Печати
Македонското Друштво “Илинден”-Тирана го осудува палењето на Македонското знаме

ilindenМакедонското Друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува палењето на Македонското државно знамего и нападот со јајца и пластични шишиња на премиерот на Република Македонија Никола Груевски за време на неговата официјална посета во Тирана одржан на 23.11.2012 година во градот Тирана.

Згрозени сме од овој вандалски и нецивилизиран чин кој не доликува и нема место на тлото на Европа. Лесно и непромислено е да се запали знамето на соседот , но треба труд и храброст за да се изградат искрени и пријателски односи помегу Република Албанија и Република Македонија.