Недела, 23 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Откриен Споменикот на загинатите бранители на Македонија во 2001

braniteliВо паркот „Жена-борец“ во Скопје денеска свечено беше откриен централен Споменик на сите загинати бранители на Македонија во конфликтот во  2001 година.

Изграден е со одлука на Општина Центар и по идејно решение на скулпторот Киро Мукаедов. На бронзена плоча на постаментот се испишани имињата на 75-те припадници на оружените сили кои пред десет години беа убиени во одбрана на државата.

Откривањето на паметникот почна со едноминутно молчење и со државаната химна, која ја испеа Калиопи, а заврши со положување цвеќе од делегации на Армијата на РМ и Министерството за одбрана, од посебните единици на МВР, од претставници на Владата и Претседателот на РМ, Град Скопје и општини, од здруженија, организации и партии, како и од роднините на загинатите.

Во име на роднините се обрати Владо Стојанов, претседател на Здружението на семејствата на загинатите бранители.

- Десет тажни години од војната во 2001 година во која прерано загинаа нашите деца, сопрузи и татковци за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Макеоднија. Судбината ги откорна од нас и од радоста на животот. Нам ни останаа солзите, тагата, болката и спомените за најмилите, рече Стојанов.

Тој се заблагодари за се што Владата и Собранието направиле за семејствата, но очекува  загинатите бранители во 2001 да добијат статус на борци и постхумно да бидат прогласени за херои на Македонија, како и борците од Втората светска војна.

Во изјава за медиумите Стојанов рече дека 98 отсто се задоволени барањата на роднините на загинатите бранители и дека нив ги остваруваат врз основа на Законот за посебни права на бранителите од 2002 година.

- Имаме уште мал дел и дополнителни барања што се однесуваат на вработување на децата на нашите бранители. Сме преговарале со претставници на Владата и со министри и се надевам дека најскоро ќе ни излезат во пресрет. Има мал дел од семејствата што не се обештетени, но постапките се во тек и очекувам и тоа да се задоволи. Тоа го очекуваме и во врска со станбеното прашање, што следува согласно со законот ако условите се исполнети, рече Стојанов.

Марин Најдов, претставник на Здружението на бранители „Достоинство“ изјави за медиумите дека бранителите се неодвоив дел на државата, но дека се маргинализирани.

- По борците кои ја создадоа оваа држава и која првпат беше нападната, бранителите во 2001 година ја одбранија. Тоа е непобитен факт и секогаш кога и да има потреба државата, бранителите ќе застанат на висина на задачата... Барањата за бранителите не само што не се остварени, туку не се ни начнати за остварување. Тие и борците  се најмаргинализираната група во оваа држава, рече Најдов од Здружението „Достоинство“.
 

На прво место

News image

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија, а не Република Северна Македонија

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија, а не на Република Северна...

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.