Среда, 19 Јануари 2011    Печати
Во Битола крстот за Водици се фрла повеќе од еден и пол век

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Големиот христијански празник Богојавление – Водици  се прославува повеќе од ецен и пол век во Битола. Без разлика кој бил на власт, граѓаните на Битола ги одржувале обичаите и во континуитет го прославуваат Св. Јован.

Единствено под влијание на актуелната власт дали било таа да е турска, српска или бугарска, се менувало само местото каде се фрлал крстот. Така оваа христијанска традиција посветена на крштевањето на Исус во библискиот Јордан, односно на почетокот на човековото живеење во верата, се изведувала покрај вирови, во реката Драгор и во црковните базени.

Големиот христијански празник Богојавление – Водици  се прославува повеќе од ецен и пол век во Битола. Без разлика кој бил на власт, граѓаните на Битола ги одржувале обичаите и во континуитет го прославуваат Св. Јован. Единствено под влијание на актуелната власт дали било таа да е турска, српска или бугарска, се менувало само местото каде се фрлал крстот. Така оваа христијанска традиција посветена на крштевањето на Исус во библискиот Јордан, односно на почетокот на човековото живеење во верата, се изведувала покрај вирови, во реката Драгор и во црковните базени.

Странските патеписци, историчари, но и македонските хроничари во своите написи за градот и неговата традиција не пропуштиле да го опишат и одбележувањето на прославата за Водици. Најстарите зачувани записи за празнувањето на овој ден потекнуваат од седумдесетите години на 19 век и потврдуваат дека овој обичај во Битола е присутен повеќе од еден и пол век.

Според хроничарот на Битола д-р Александар Стерјовски празнувањето на Водици во Битола за првпат е забележано во весникот „Македонијя “ бр 10 од 01.02.1869 година. Во неговата статија „Генималски крсник“ објавен во публикацијата „Битола низ вековите“, 2009 година, опишувајќи го настанот тој ќе забележи: „Имено празнувањето  на  шестгодишнината  од  подигањето  на приградската црква „Св. Недела" кое се одржа во 1869 г., се совпаѓало и со водичарската прослава. По идеја и со заложба на Димко Радев, една крупна фигура од националната борба од ова време, пред водокрстот бил ископан вир во дворот, во кој, водата заради лутата зима, вечерта замрзнала, што било добар знак дека годината ќе биде бериќетна. Другиот ден, по богослужбата. откако мразот бил искршен, свечено бил фрлен крстот. За жителите од Генимаале и од околните села, кои учествуваа со доброволни прилози и со личен труд во подигањето на Црквата ова било сосема ново празнување на Водици. Во таа прилика се роди и идејата следната прослава да има слична содржина да има и домаќин, крсник, кој ќе ја осмисли и ќе ја организира свеченоста. Една од задачите му била да подготови и кравајче во кое ќе има сребрено крвче.“

Тоа е првиот познат опис, првото сознание за одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, за сребреното крвче и за крсникот во Битола. Меѓутоа нема податоци каква била следната година и дали замислата била спроведена, како што нема ниту пишани податоци и не е познато дали пред тоа во Битола постоел обичај за фрлање на крст во најстарата битолска црква „Св. Димитрија“. Само се знае дека обичајот продолжил, а преку камерата на браќата Манаки регистрирана е една прослава од првата деценија од дваесеттиот век. За жал овој филм е изгубен.

Иако нема пишани документи за одбележувањето на празникот Водици, за жителите на битолската населба Генимаале (Јенимале или нова мала) овој обичај очигледно имал подлабоки корени кои датираат многу порано, пред заедно со населението од Горно и Долно Оризари да ја изградат црквата „Сн. Недела“ (1863). Според д-р Александар Стерјовски: „Ѓенимаале, е една од поновите битолски населби, оформена со реславјанизацијата на градот, која отпочнала во 17 век, а се засилила во 19 век. Населена главно со дојденици од демирхисарските и полските села, обликувала живот што му бил многу близок на селскиот. Сретселски веселби и средби, прославување летни и зимски празници со традиционални ознаки на селото, биле само дел од посебниот колорит што ја издвојувале оваа населба од останатиот дел на градот“.Сето тоа говори дека и пред 1869 г. и потоа, Ѓенималци ја продолжувале традицијата и го одбележувале Водици според нивните обичаи.

Водици во Битола се слави и во 1914 година, кога осветениот крст се фрла во реката Драгор. Изборот да се фрли крстот во поголема река не бил случаен. Реката Драгор требало да биде замена за библиската река Јордан и истовремено симбол на духовно раѓање и нов период на живеење на битолските население. Како што објаснува д-р Стерјовски „вирот тогаш се ископал кај мостот, наспроти сегашната зграда на Ректоратот на Битолскиот универзитет. Традицијата продолжила се до 1941 година. Според записите, во овие години, по службата во црквата „Св Димитрија“, видните граѓани на Битола со музика доаѓале до мостот. Во воено време, наместо на старото место, крстот се фрлал од мостот подолу, спроти сегашната општинска зграда“.

Врз основа на написите во тогашниот седмичник „Пелистерско ехо“, д-р Стерјовски во својата статија посветена на генималскиот крсник ќе забележи дека „во 1942 година во Битола има две празнувања. Едно големо, општо, со фрлање крст во реката Драгор, на кое присуство зел половина град и уште едно, посебно. интимно, всушност, затворено, генимаалско, кое  се одржало подоцна во попладневните часови во основно училиште „Даме Груев"...  Трпко Трпев, еден од организаторите на прославата. со видлива трема и со обичен јазик ја опишал древноста на обичајот избор на крсник, односно домаќин. На дел од присутните, селективно, само на оние што би можеле да ја понесат должноста, им биле понудени парченца леб. со сребрено крвче во едно од нив. Оној што би го пронашол, се стекнувал со голема чест, станувал крсник. Д-р Константин Робев бил првиот. Прославата завршила со прибирање средства наменети за добротворни цели“.

Како што раскажува д-р Стерјовски, „крсникот, покрај во Битола, се среќавал и во другите региони во Македонија. Тоа, од своја страна, говори дека корените му се многу подлабоки од оние од 19 век. Имал и варијации специфични од село до село. За него говори и Кузман Шапкарев. според кого се именувал со кум, селски крстител или св. Јован. Ги имал истите задолженија како и битолскиот, но не се избирал со сребрено крвче, ами со лицитирање. Оној што ќе понудел најмногу средства, кои се инкасирале за селската црква, се стекнувал со голема чест. Крстот го чувал во својот дом тврдо верувајќи дека една година и него и неговото семејствео ќе го грее среќа и здравје. Уште истиот ден му доаѓале гости кои ги честел со вино и ракија. Од Македонија, според Шапкарев, обичајов бил пренесен и во Самоков, во Бугарија, најмногу преку подвижните Власи“.

Навраќајќи се на светонеделските и генимаалските водичарските славења, ќе видиме дека тие биле значајни не само заради чување и предавање на традицијата, туку и заради материјалните донации кои се добивале. Според сознанијата, со ваквите и слични донации, биле подигнати и црквата „Св. Недела" и генимаалско училиште „Даме Груев". Токму во овие прилики поимошливите граѓани  донирале средства кои станувале основа за преземање и на посериозни општественополезни акции, какви што биле градби на училишта, цркви, како и помагање на бедните семејства.

Непосредно по ослободувањето, церемонијата за фрлање крст во реката Драгор била забранета, со исклучок во црковните базени во „Св Димитрија“ и „Св Богородица“. По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, овие традиции беа возобновени и се развија во вистински спектакли кои привлекуваат не само голем број на граѓани туки и туристи. Така е за време на празнувањето на Богојавление - Водици во Скопје и Охрид. За разлика од нив во последната деценија Преспанско-пелагониската епархија го напушта фрлањето крст во реката Драгор, со изговор дека заради спектаклите се заборава на суштината. За нив празнувањето на Богојавление не е само фрлање на крстот.