Сабота, 28 Март 2026    Печати
Ноќва започнува летното сметање на времето

letno-vreme copy

Ноќва започнува летното сметање на времето—во 02:00 часот стрелките се поместуваат еден час нанапред, односно веднаш станува 03:00.

Тоа значи: ќе спиеме еден час помалку, денот ќе биде подолг, ќе има повеќе дневна светлина во вечерните часови.

Оваа промена се прави секоја година во последната недела од март, а повторно се враќа на „зимско време“ во октомври, кога часовникот се враќа еден час назад.