Недела, 08 Февруари 2026    Печати
Замислете: Заев му одговори на Мицкоски

1aaa-MN copy

Ако не беше трагично, ќе беше комично

Замислете човекот кој седум години ја водеше државата во место, а на моменти и наназад, денес да зборува за „неспособност“.

Поранешниот премиер Зоран Заев под чиј мандат економијата тапкаше, здравството се распаѓаше, институциите беа претворени во партиски експозитури, тендери во четири очи, криминал во секоја институција, а националните интереси се распродаваа како на пазар во Горни Милановац, денес да држи лекции за одговорно владеење.

Ако не беше трагично, ќе беше комично.

Зоран Заев, човекот чие име ќе остане запишано како синоним за промена на име, знаме, штетен договор со Бугарија и достоинство, денес без грам срам зборува за „очаен обид“ и „пренасочување на вниманието“.

Истото внимание што седум години беше систематски гушено со ПР-фрази, лажни надежи и ветувања без покритие. Истото внимание што требаше да не гледа како државата станува подобро место, а гледаше како станува поевтина.

Катастрофата што ја остави зад себе не е реторичка фигура, туку фактичка состојба. Осиромашена економија, разурнат здравствен систем, криминал вкоренет во секоја пора на институциите и договори што повеќе личеа на капитулации отколку на дипломатија.

Седум години власт без реформи, без визија, без резултати, освен за тесен круг привилегирани.

И сега, истиот тој Заев, со политичка меморија на златна рипка, се јавува да објаснува кој бил неспособен!.

Чудно? Да, неверојатно, апсолутно. Дрско? Без сомнеж. Затоа што ако постои нешто што нема морален кредибилитет да се изговара од таа уста, тоа е зборот „неспособност“.

Политичката иронија оди и чекор понатаму: обвинувањата за „небулози, клевети и навреди“ доаѓаат од човек кој токму со тие алатки ја одржуваше сопствената власт. Разликата е што денес тие алатки се истрошени, а јавноста имуна. Народот веќе ги виде резултатите. Или поточно, го виде нивното отсуство.

Најопасно од сè е што ваквите реакции не се обид за критика, туку паничен крик на политичка безначајност. Кога немаш што да понудиш за иднината, се обидуваш да ја прераскажеш минатата но во сопствена, измислена верзија.

Политичката провалија за која зборува Заев одамна е зад него. Прашањето е само едно: дали ќе престане да се обидува да ја повлече и државата со себе, или конечно ќе покаже барем тивко признание дека Македонија веќе плати прескапа цена за неговите „експерименти“.

Ова не е одбрана на власта. Ова е потсетник. А потсетниците, за разлика од ПР-реакциите, не се бришат лесно.