Недела, 08 Февруари 2026    Печати
Македонија не е проблем на Европа, Македонија е нејзин темел!

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонскиот модел нуди соживот без губење на идентитетот!

Кога се зборува за Македонија, премногу често се зборува за граници, спорови и условувања. Ретко се зборува за суштината: за вредностите што Македонија ги дала на Европа и на светот, и кои и денес остануваат темел на една цивилизациска вертикала што не може да се избрише со политички декларации или историски ревизии.

Христијанството во Европа не е увезена идеја без корен. Неговата европска приказна започнува токму од Македонија.

Првите христијански заедници на европско тло се формираат тука – во Филипи, Солун и Бер – градови од античка Македонија, каде што Светиот Апостол Павле ги изгради првите цркви во Европа.

Токму во Филипи денешен Пловдив е крстена и првата христијанка во Европа – Лидија Македонката, симбол на новата вера што ќе го обликува континентот.

Од Македонија тргнува и големата цивилизациска мисија на описменување и покрстување на народите во Источна Европа. Преку делото на светите Климент и Наум, преку Охридската книжевна школа, се создава духовен и културен модел што ќе стане основа на словенската писменост, богослужба и културна автономија. Охрид, како духовен центар, не е само град – тој е идеја.

Во тој контекст, Охридската книжевна школа со право се смета за првиот универзитет во Европа, постар и од Болоња. Не како формална институција по денешни стандарди, туку како систематско средиште на образование, превод, теологија, филозофија и култура. Европа таму учела да чита, да пишува и да мисли на свој јазик.

Охридската Архиепископија, пак, претставува еден од најстарите црковни институти во христијанскиот свет. Нејзината канонска, легална и легитимна наследничка е Македонската Православна Црква-ОА, жива врска меѓу древноста и современоста, меѓу континуитетот и идентитетот. Не случајно, таа црква опстојувала со векови, често без држава, но никогаш без народ.

Македонија не дала само духовни и културни темели, туку и личности чии траги се вградени во светската историја. Филип, Александар Македонски, Мохамед Али Паша – реформаторот на Египет, на Мустафа Кемал Ататурк–основачот на модерна Турција, Ѓорѓија Кастриот Скендербег – симболот на албанската борба за слобода, водат кон Македонија. Ова не е прашање на присвојување, туку на историски факт што сведочи за улогата на Македонија како раскрсница на народи, идеи и епохи.

Но вистинската големина на една цивилизација не е само во тоа што го дала во минатото, туку во вредностите што ги афирмирала и ги пренела.

Универзалните вредности на македонската цивилизација се јасни и препознатливи: мирот и љубовта, наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата.

Македонија историски не била империја што брише, туку простор што поврзува.

Затоа, македонската цивилизациска логика природно припаѓа на културниот глобализам – интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури. Спротивно на корпоративниот глобализам, кој под маската на профит и „напредок“ врши асимилација, бришење и на крај физичка ликвидација на различностите.

Македонскиот модел нуди соживот без губење на идентитетот.

Прашањето не е дали Македонија припаѓа на европските вредности, туку дали Европа денес е подготвена да се соочи со сопствените корени–кои, колку и да се негираат, водат и кон Македонија.

Македонија не е проблем на Европа, Македонија е нејзин темел!