Недела, 11 Јануари 2026    Печати
АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ И СВЕСНИ МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДИЈАСПОРАТА

5414638032803333892

АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ И СВЕСНИ МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДИЈАСПОРАТА

Стојан Џељов од Благоевград е Македонец. Не по збор, туку по срце, по песна и по судбина. Народен пејач чиј глас ја носи вековната македонска болка, гордост и радост.

Денес, тој глас тивко плаче – затоа што Стојан живее во тешка човечка и национална неправда.

Положбата на Македонците во Бугарија е тешка, понижувачка и болна. Стојан е без работа, без средства, без сигурен оброк. Гладува. Деновите му минуваат во сиромаштија и заборав, а единственото што го има се неговиот глас и непокорната љубов кон македонската песна.

Тој не бара милостина. Тој бара шанса. Бара можност чесно да живее од својот труд. Бара да пее таму каде што македонската песна се разбира и се почитува – во Република Македонија, во својата мајка татковина или во дијспора.

Ги повикуваме сите луѓе со срце, сите културни работници, институции, угостители, организатори на настани и секој што може да помогне – подадете рака. Помогнете Стојан Џељов да најде работа како народен пејач и да го врати достоинството што му припаѓа.

Ова не е само апел за еден човек.
Ова е апел за македонската совест.
Ова е повик да не дозволиме македонската песна, македонскиот глас и македонската душа да замрат од глад.

Секој Македонец заслужува достоинствен живот.
А македонската песна – вечно да се пее.

Мобилен од Стојан за контакт:

00359-88-5779596