Недела, 04 Јануари 2026    Печати
Саем на македонска традиционална кујна – Пустец, 3 јануари 2026

610824190 10238912139564834 7614714392855846532 n

Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко, како и претставници на македонската Амбасада, во Пустец – седиштето на истоимената општина – беше одржан Саем на македонска традиционална кујна.

Настанот беше вистински празник исполнет со вкус, мирис, традиција и силни емоции. Со срце и љубов, вредните преспански домаќинки приредија автентично гастрономско доживување – јадења што не само што се вкусуваат, туку и длабоко се чувствуваат. Во духот на македонската песна, со заедништво и гордост, уште еднаш беше потврдена љубовта кон македонските корени.

Ова не беше само саем, туку празник на идентитетот, културата и традицијата.

Настанот беше организиран од македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од дијаспората на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Од македонската Амбасада во Албанија информираа дека саемот претставува вистинска прослава на македонската традиција, култура и заедништво, упатувајќи искрени честитки до организаторите и учесниците, со нагласок дека Амбасадата останува посветена на поддршка на вакви иницијативи што ја негуваат и пренесуваат македонската традиција на идните генерации.

Покрај претставници на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, на настанот присуствуваше и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник на општина Пустец. Тој истакна дека станува збор за „прекрасен настан исполнет со вкус, мирис, традиција и емоции“, нагласувајќи дека со заедништво и гордост уште еднаш е потврдена љубовта кон македонските корени.

„Ова не беше само саем – ова беше празник на идентитетот, културата и традицијата. Голема благодарност до сите кои придонесоа и до сите кои беа дел од оваа магија. Да ја чуваме и пренесуваме македонската традиција, затоа што таа нè прави тоа што сме“, порача Темелко.

607589408 10238912139364829 7012603443003973439 n

 

607644210 10238912139244826 5773906230373046854 n

608092820 10238912137684787 9183160982722091446 n

610976533 10238915227362027 6935539294608834077 n

607072296 10238912139924843 7889571280799840959 n