Четврток, 01 Јануари 2026    Печати
Рози Мицкоска во посета на родилки и новороденчиња

909

Рози Мицкоска, сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ги посети мајките родилки и новороденчињата во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – ГАК и во Гинекологија Чаир.

За време на посетата во ГАК, Рози Мицкоска беше придружувана од градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за здравство Азир Алиу и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Во Гинекологија Чаир, на посетата се приклучи и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

90989

Посетата беше симболичен гест на поддршка кон мајчинството, семејните вредности и демографската иднина на државата, со порака дека секое новородено дете е надеж и богатство за Македонија.

9999 copy

Во рацете на мајките, во првиот плач на новороденчињата и во топлината на семејството се раѓа иднината на Македонија – тивко, чисто и со надеж дека оваа земја ќе расте заедно со своите деца.

90009

Со топлина и искрена радост, таа ги даруваше првороденчињата кои се родија само неколку минути по полноќ 2026 година– првите срца што затропаa во новиот ден, симбол на нов почеток и иднина што допрва се гради.

До мајките и семејствата беа упатени зборови на поддршка, охрабрување и желби за здравје, љубов и безгрижно детство.