Недела, 28 Декември 2025    Печати
Дедо Мраз и претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ-Гостивар Анета Кироска поделија новогодишни торбички на најмладите во Зубовце

603763740 3430296800461815 8533997147927396575 n

Традиционално, како и секоја година, селото Зубовце со радост и насмевки, благодарение на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која и оваа година организираше подарок на новогодишни торбички за најмладите жители во селото.

Овој убав настан, кој прерасна во долгодишна традиција, повторно донесе искрена радост, детска возбуда и многу топлина во срцата на сите присутни.

Оваа празничната магија беше уште поголема, Дедо Мраз лично ги посети дечињата!

Во присуство на Претседателката на Унија на жени, Анета Крироска и други членови на УЖ ма ВМРО-ДПМНЕ-Гостивар, тој им подари новогодишни торбичиња полни со подароци, исполнувајќи ги детските срца со неизмерна радост.

Бидејќи дечињата се паметни и заслужни, нивната возбуда и блескавите очи беа доказ дека ваквите моменти имаат голема вредност, особено во пресрет на новогодишните празници.

Целиот настан беше исполнет со смеа, топлина и детска возбуда, создавајќи вистинска празнична атмосфера во селото.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ преку ваквите активности ја потврдува својата посветеност кон грижата за децата и семејствата, промовирајќи хуманост, солидарност и заедништво како трајни вредности во нашето општество.

На сите дечиња им посакуваме многу здравје, весели и безгрижни денови, неисцрпна радост и насмевки, како и среќа и љубов во секој момент од детството.

Нека растат умни, среќни и исполнети со љубов, а спомените од ваквите моменти да останат во нивните срца засекогаш.

Среќна Нова 2026 година, исполнета со магија, топлина, љубов и надеж за сите!

605621021 3430296760461819 675109278611878933 n

 

604551883 3430296913795137 3793372855177959740 n

602398844 3430296580461837 1681162181616582975 n

606072828 3430296633795165 5712413819098574862 n

607658119 3430296537128508 2952040700431757695 n

607876445 3430296697128492 2937959587974697014 n

Untitled copy