Четврток, 18 Декември 2025    Печати
СДС и ДУИ соучесници во милионски криминал

407718260 332688916140394 211454063796235511 n-1068x580-1

Државниот завод за ревизија конечно го кажа она што јавноста одамна го знае, а СДС и ДУИ со години го прикриваа – институцијата ставена под нивна контрола била претворена во извор на системски криминал, злоупотреби и фалсификати. Ревизорскиот извештај не е мислење, туку документ со факти, бројки и одговорни имиња.

Констатирана е злоупотреба од најмалку два милиони евра, народни пари, кои според наодите на ДЗР биле фалсификувани, злоупотребени или прикриени од Перпарим Бајрами и Артан Груби – кадри и експоненти на ДУИ, денес лица во бегство. И сето ова се случувало под будното око, но со затворени усти и затворени очи на СДС, кој не само што знаел, туку и слепо и немо го одобрувал криминалот.

Прашањето кое со години го поставуваме останува без одговор:
Дали СДС и ДУИ свесно го дозволиле првиот од многуте криминали во Државната лотарија – тежок два милиони евра – и на кои сметки завршиле тие пари? Кој профитирал, кој молчел и кој штител?

Јавноста има право да знае со кое право СДС го прикривал криминалот на кадрите на ДУИ. И уште поважно – зошто обвинителството со години не постапувало, иако ВМРО-ДПМНЕ јавно, упорно и аргументирано бараше одговорност, не само за овој, туку и за други предмети поврзани со Лотарија.

Ова не е изолиран случај. Ова е модел на владеење: СДС како политички чадор, ДУИ како извршител, институциите како заложници, а граѓаните како жртви.

Ревизорскиот извештај е само почеток. Одговорност мора да има – политичка, кривична и морална. Сè друго е продолжување на истиот криминален молк.