|
||
| Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес |
|
Цеца и бугарското знаме: провокација или „љубов кон песната“? Цеца вели не било чудно што во Велес се завиткала во бугарското знаме, таа „секогаш прифаќала“ знаме од публика, бидејќи тоа била нејзината публика. Но прашањето е едноставно: Ако беше косовско или албанско знаме, ќе се завиткаше во Србија и тогаш со истата насмевка? Абе Цеца, ова не е прашање на песна, туку на симболика. А симболите, особено на Балканот, никогаш не се случајни. Настанот во Велес повторно нè потсети дека на Балканот ништо не е „без значење“. Знамето не е обично парче ткаенина, тоа е историја, идентитет и чувство што не се менува со аплауз. Песната може да обединува, но симболите откриваат кого навистина почитуваш. А Македонија, пред сè, заслужува почит, не изговори. Цеца можеби не е главниот виновник. Виновни се оние што канат провокатори, им плаќаат огромни хонорари, а тие среде Македонија си дозволуваат да провоцираат по достоинството на народот. А можеби некој и ја „поттурнал“ со поинаков интерес, од нашиот источен сосед? Овој настан треба да биде поучна лекција за сите во Македонија кои лесно се расфрлаат со пари за вакви концерти, додека македонската естрада има многу поголеми таленти, уметници и луѓе со срце што вистински ја чувствуваат Македонија.
|