|
||
СО ЛАГА, АГА НЕ СЕ БИДУВА! |
Има ли уште некој што им верува на Венко Филипче и Зоран Заев? После сè што ѝ направија на Македонија, после сите штетни политички договори со кои го променија нашето име, нашето достоинство и идентитет, после економскиот колапс скриен зад зборот „реформи“, партизираното судство и безбројните корупциски афери, довербата во тие луѓе денес изгледа како најскапиот луксуз што народот не може повеќе да си го дозволи. Тие создадоа наратив во кој секој што ќе се спротивставеше е „ретрограден“, „анти-ЕУ“ и на погрешната страна на историјата. А вистината? По сите тие „реформи“, Македонија ја оставија понижена, блокирана, со изгубена надеж. И истите тие лица, Зоран и Венко, денес повторно се обидуваат да ни продадат приказна за некакви „нови почетоци“. Да видиш, да слушнеш и да не веруваш! Денес на нивните средби со неколкумина покрај нив, не ја спомнуваат северна, туку повторно со полна уста викaат Македонија, како ништо да не било. А токму тие беа тие што ја наметнаа „С“ пред светот. Бог да чува и брани од полошо! Колку и да се обидуваат со нови кампањи, нови ветувања и празни пароли, народот веќе не гледа надеж во нивните зборови: отвори уста и излажи. По толку години лаги, политички игри и штетни договори, останува едно прашање: Има ли уште некој што верува во нивните лаги? или Како што вели старата македонска изрека: со лага, ага не се бидува! Време е оваа земја конечно да се ослободи од митот дека промената може да дојде со истите луѓе што ја лажеа и ја држеа Македонија во место со години наназад. Иднината не се гради со лажења и само ветувања, туку со чесност, одговорност и храброст. Затоа да излеземе на следните локални избори и да гласаме за бројот 9 за себе, за нашите деца и внуци и за нашите семејства. На 19-ти октомври да излеземе масовно како никогаш досега да го заокружиме бројот 9 , за иднината на нашето маало, за нашата улица и за местото во кое сме родени и живееме. Да гласаме за нашата заедничка Македонија! |