|
||
Мицкоски: Орце Ѓорѓиевски е вистинскиот избор за Скопје |
На Скопје му треба човек што го разбира градот, ќе работи и ќе го развива во модерна метропола, Орце Ѓорѓиевски е вистинскиот избор Секој од нас ја носи својата приказна поврзана со Скопје, улиците, маалата, радостите и тагите. Градот е нашата историја, болка, но и соништа. Денес, за жал, Скопје е истоштено, заглавено во хаос, нефункционалност и политиканство. Тоа мора да запре. Прво и најважно градот мора да биде чист и уреден. Да се реши јавниот превоз, да се изградат нови мостови и клучки, да се врати зеленилото, парковите и културниот живот. Скопје отсекогаш било град на културата и динамичниот живот, и мора повторно да го добие тоа лице. Мора да има одговорност за упропастениот град и нефункционалните институции. Само така ќе почне вистинскиот развој. Затоа потребни се чесни и посветени луѓе. Градоначалник не е само титула, на Скопје му треба човек. Орце Ѓорѓиевски покажа како се работи во Кисела Вода со чесност, карактер и резултати. Тој е вистинскиот избор за Скопје, избор за твојата улица, твоето семејство, твојата иднина. На овие избори ќе настапиме и со силна советничка листа на чесни и напредни луѓе, предводена од проф. Даме Димитровски. Ќе воведеме отчетност, јавни извештаи на секои три месеци. Одговорноста пред граѓаните е обврска, не опција. Македонија мора да оди напред со силни тимови и соработка меѓу локалната самоуправа и Владата. Време е за одговорни и работливи луѓе. Да сте живи и здрави, и Бог да ја благослови Македонија! |