Среда, 17 Септември 2025    Печати
Голема донација од 118.000 долари за младите и жителите на Зубовце

Dodeluvanje grand za Zubovce dushan-stojanovik 1

Голема донација од 118.000 долари за младите и жителите на Зубовце

На отворањето на „Spacepark“ во Скопје – нов центар за учење и иновации во областа на технологијата, науката и претприемништвото – беше објавена голема донација за селото Зубовце и младите што потекнуваат од таму.

Донацијата ја најави Душан Стојановиќ, успешен инвеститор со светско име, потекло од село Зубовце. Тој нагласи дека најважното што може да го донесе дома е знаењето: „Верувам дека знаењето е најголемиот капитал. Со него можеме да создадеме и повеќе пари, и повеќе можности.“

Dodeluvanje grand za Zubovce dushan-stojanovik 2

Стојановиќ објави дека донира 118.000 долари преку различни стипендии и програми:

               1.           Стипендии за невронаука – 10.000 $

За млади од Зубовце што сакаат да студираат невронаука.

               2.           Стипендии за маркетинг и продажба со АИ – 10.000 $

За студенти од Зубовце што учат маркетинг и вештачка интелигенција.

               3.           Поддршка за дневен центар за деца – до 10.000 $

Со цел жените да имаат повеќе време за работа и претприемништво.

               4.           Стипендија за стоматологија – 5.000 $

Во чест на неговиот татко, Александар Стојановиќ.

               5.           Сесии за рурален туризам – до 3.000 $

Обучување за користење на платформи како Airbnb за развој на туризмот во Зубовце.

               6.           „Coding Giants“ – ИТ курсеви за деца и млади – 80.000 $

Една година програмирање за 80 ученици од основно и средно училиште.

Жителите на Зубовце ја примија веста со голема радост.

Dodeluvanje grand za Zubovce dushan-stojanovik 5

Од името на селото, Мане Јаковлески изјави:

„Горди сме што имаме таков успешен човек од нашето село. Оваа донација е голем поттик и ќе ја искористиме на најдобар начин.“

Текстот и фотографиите се од:

logo-gpress-rotation-400