Недела, 10 Август 2025    Печати
Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври и 2 ноември

izbori 40

Првиот круг од изборите за градоначалници и членови на советите во 80 општини и во Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг за избор на градоначалници е закажан за 2 ноември.

Изборната кампања за првиот круг започнува на 29 септември во 00:00 часот и трае непрекинато до 17 октомври во 24:00 часот.

За вториот круг, кампањата ќе трае до 31 октомври во 24:00 часот.

Поднесување листи на кандидати до општинските изборни комисии ќе биде можно најдоцна до 13 септември во 24:00 часот. Жрепката за редните броеви на гласачките ливчиња ДИК ќе ја организира најдоцна до 25 септември.

До 16 октомври, односно три дена пред изборите, сите подносители на потврдени листи имаат право да достават предлози за овластени претставници и набљудувачи до изборните органи.

Јавен увид во Избирачкиот список ќе се спроведува од 23 август до 11 септември во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, кои ќе работат во две смени. Граѓаните во овој период ќе можат да ги проверат своите податоци. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна 15 дена по завршувањето на увидот, односно на 26 септември.

Немоќните и болните лица можат најдоцна до 10 октомври преку полномошник да се пријават за гласање во домашни услови, а до 14 октомври е рокот за пријава на лицата кои се во куќен притвор. Овие категории гласачи, како и лицата во старечки домови и во КПД, ќе гласаат еден ден пред изборите, односно на 18 октомври.

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy