Сабота, 02 Август 2025    Печати
Сајкоски: Илинден е потсетник дека слободата и независноста се избор и обврска на секоја генерација

233

Денес, на 2 Август, се сеќаваме на двата големи Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Ова се датуми врежани во нашата историја, симболи на борба, храброст и стремеж кон слобода и државност.

Илинден е потсетник дека слободата и независноста се избор и обврска на секоја генерација. Нека овој ден нè инспирира да го чуваме нашето достоинство, да ја градиме Македонија како силна, праведна и горда држава, и да ја пренесуваме љубовта кон татковината на идните генерации.

Да живее Македонија!