Недела, 27 Јули 2025    Печати
Патот на Црешовото Топче e Патот на Честа и Слободата!

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Порталот Македонска Нација е гласот на оние кои не забораваат дека се Македонци и се горди на своето Македонско потекло!

524191856 750320137948022 6963633493443800765 n

Во земја каде што историјата често ја претвора во политички компромис, каде што идентитетот е предмет на преговори, а хероите се забораваат – коњаницата „Патот на Црешовото Топче“ стои исправена како жив, горд и непоколеблив сведок на македонската борба за слобода.

Од Ѓорче Петров, преку Зубовце, Тумчевиште, Гостивар, Бигорскиот манастир, Јанче, Галичник, бачилата на Бистра: Салтаница, Сулумуница, Раштанец, Манастирот–Кнежино, Кичевските села, Вранештица, Цер па сè до Крушево – јавачите не носат само знамиња, туку носат завет за љубов кон Македонија.

Оваа коњаница не е само марш. Таа е симбол, но и моќен отпор против сè што сака да ја избрише македонската вистина.

И навистина, овој марш на Коњаницата „е заветот дека Македонија нема да се откаже – ни од своето име, ни од своите херои, ни од својот јазик, култура и идентитет. Затоа, коњаницата не маршира само по патот на црешовото топче–таа маршира по патот на душата на Македонија.

Во времиња кога се кројат нови граници, кога некои политичати ги учат младите дека македонската историја почнува со некој договор или со некоја комисија, коњаницата сведочи поинаку. Таа вели: Македонија се раѓала со крв, со топовски цевки, со селски камбани, но и со песните за комитите и Хероите-Родољубите.

523328048 750167751296594 8264671180049424576 n

Коњаницата не е фолклор,. Таа е протест против заборавот. Таа е повик до младите да не забораваат кои се'!

Коњаницата е повик до политичарите кои седум години се трудеа да ја обезличат Македонија, затоа што некои среброљупци и соседи тоа го бараа од нив. Заврши нивното време да тргуваат со она што не е нивно-што е Свето, Библијско!

Коњаницата е сведоштво дека Македонија сè уште има синови што не ја заборавиле мајка си Македонија за век и веков, АМИН!.

Секој што ја следи Коњаницата „Патот на Црешовото Топче“ со срце, или со молитва е дел од нешто поголемо. Дел од еден народ што не се откажува. Дел од вечниот пат, патот на честа, верата и слободата.

Заради сето тоа, со секој чекор на коњите одекнува ехото:

-Слобода или смрт!

-Слобода за Уставобранителите!

-Да живее Македонија!

-За Кого? за Македонија!

-Никогаш северна, само Македонија!

-Да живее Р. Македонија!

ВЕЧНА ДА Е БИБЛИЈСКА, НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

АМИН!

524144236 750319677948068 3235287152999313104 n